Муслиманите систематски вршат прогон на христијаните

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Почетокот од Новата година беше одбележан и виден само како период на раст на угнетувањето на христијаните во Нигерија, каде е објавен џихад во обид да се искоренат од муслиманскиот северен дел и каде муслиманите кои го прифатиле христијанството се прогонуваат и напаѓаат поради т.н. отпадништво од заедницата, пишува експертот за Средниот Исток и исламот, Рејмонд Ибрахим.

Според претседателот на американската Комисија за Меѓународна верска слобода „бегањето на христијани од тој регион е без исклучок и се зголемува од година на година“ и тоа само во текот на еден човечки живот тој предвидува дека „христијани можно е да исчезнат од Ирак, Авганистан и Египет.“
Меѓународен извештај покажува дека муслимански држави ги сочинуваат девет од првите десет земји каде што христијаните се соочуваат со најтешки прогони.
Во одговор на овие факти, портпаролот на Ватикан рече дека „меѓу најсериозните проблеми е зголемување на исламскиот екстремизам, кое бара посебно внимание.
Лица и организации посветени на екстремистичките исламски идеологии извршуваат ужасни дела на насилство во многу места низ светот.
Сектата Боко Харам во Нигерија е само еден пример, а освен тоа постои сигурност дека за жал некои земји ја поддржуваат т.н. "Арапска пролет"- што значи непогодни услови кои доведуваат до тоа многу христијаните да избегаат и да емигрираат.

Страдањето на муслимани кои го прифатиле христијанството


Иран:Муслиманка која го прифати христијанството беше уапсена во својот дом и подоцна беше осудена на две години затвор. Пред тоа таа пет месеци беше притворена во неизвесност во злогласниот затвор Евин. Потег со кој владата се надеваше дека таа ќе се премисли и ќе се откаже од христијанството како вера. Таа беше осудена за „широка анти-исламска пропаганда, залажување на граѓани, навредување на свети личности и акција против националната безбедност“.
Во меѓувреме иранскиот свештеник Јосеф Надаркхани продолжува да страда во затвор. Неодамна тој одби понуда, која му овозможуваше да биде слободен, но мораше да признае во јавноста дека пророкот Мухамед е „гласник испратен од Бога“, кое би било еднакво на тоа дека се откажува од христијанството, бидејќи и Мухамед и Коранот го отфрлаат христијанството.
Кенија:Муслимани, кои го прифатиле христијанството, бараа засолниште во Кенија откако беа пронајдени од муслимани од земјите каде тие биле родени.
Етиопиец, кој го прифати христијанството, беше застрелан од неговиот татко, успеа да преживее, но сега добива пораки со заканувачка содржина.
Кувајт: Принцот отворено призна дека го прифатил христијанството за негова вера, потврдувајќи ја реалноста дека сега може да биде убиен.
Норвешка: За време на прошетка двајца Иранци, кои го прифатиле христијанството, беа избодени со ножеви од маскирани мажи, кои за време на нападот извикувале „неверници“. Еден од прободените мажи, кој го прифатил христијанството за време на престој во Иран, бил под закани таму и емигрирал во Норвешка, мислејќи дека ќе може да ја избегне судбината да биде убиен.
Сомалија:Жена која го прифатила христијанството парадираше пред насобраната толпа лица и јавно беше камшикувана како казна за прифаќање на „странска религија“. Затворена од ноември јавното камшикување било со цел „да се одбележи нејзиното ослободување“.
-Таа прими 40 удари со камшик додека стотици муслимани и се потсмеваа. Јас ја видов неа како се онесвести. Помислив дека почина, но наскоро таа ја поврати свеста и нејзиното семејство ја зеде, изјави еден очевидец.
Во меѓувреме сомалиски исламисти уапсија татко муслиман поради тоа што две од неговите деца го прифатиле христијанството. Подоцна тој, кој е обвинет за „неуспех да ги изгледа своите синови како добри муслимани, бидејќи добри муслимани не го прифаќаат христијанството“, успеа да избега.
Занзибар: Откако во неговата ќука беше извршен грабеж, муслиманот кој го прифатил христијанството, ја повика полицијата во неговиот дом, а тие ја уништиле Библијата за време на истрагата. Настанот добил пресврт веднаш и полицијата наместо да ги бара крадците, почнала да го прашува зошто тој „си има работа со забранетата вера“. Тој беше затворен 8 месеци без судење и откако го пуштија на слобода, неговото семејство се одрече од него и сега тој е болен бездомник.

Напади на цркви


Азербејџан: Свештеник беше под закана за кривична постапка по рација на неговата црква за време на неделна богослужба. Претходно, на нему му било кажано дека „ ќе биде покрената кривична постапка поради кривично дело поседување на религиска литература, која може да предизвика негодување во однос на другите вери“.
Египет:Пред да се одржи миса по повод Богојавлението , голем број на членови од Салафис и Муслиманското братство влегоа во црквата, тврдејќи дека таа немала дозвола и дека никој не треба да се моли во неа. Еден од напаѓачите пред сведоците во црквата истакнал дека зградата ќе биде погодна за изградба на џамија и болница.
Индонезија:Налепница на задниот дел на автомобилот на член од црквата „Јасмин“, на која гласи „Нам ни треба пријателски ислам, а не лут ислам“, произведена од страна на семејството на починатиот муслимански претседател, предизвика уште еден муслимански напад врз црквата.
Од 2008 година христијаните се принудени во недела да ги држат неделните богослужби на тротоар надвор од црквата, а подоцна и во својот дом.
Незадоволните илјадници муслимани подоцна бараа и ги пронајдоа христијаните во своите домови како се молат и таму повторно ги спречуваа да ги одржат своите богослужби.
Нов извештај вели дека анти-христијанските напади се имаат скоро дуплирано во текот на минатата година.
Нигерија:Многу бргу откако муслиманите им дадоа ултиматум на христијаните од три дена да се иселат од регионот или да умрат, вооружени муслимани нападнаа црква и „отворија оган врз верниците додека нивните очи беа затворени кажувајќи молитва“. Тие убија шестмина вклучувајќи ја и сопругата на свештеникот.
Потоа, откако пријатели и роднини се собраа да упатат последен поздрав за загинатите, муслиманите повторно се појавија и отворија оган убивајќи уште 20 христијани.
Неколку цркви беа бомбардирани и уште седум лица беа убиени.
Пакистан:Раздразнети од гласовите на децата, кои пееле божиќни песни во црквата во близина, муслиманите кои се молеле во џамијата одлучиле да ги замолчат со секира.
-Децата се подготвувале за славење следниот ден кога четворица мажи упаднале во црквата со секира и почнале да удираат по децата и по мебелот при што ги искршиле и микрофоните велејќи: „Вие не вознемирувате додека ние се молиме. Не можеме да се молиме како што треба. Како се осмелувате да користите микрофон и звучници?“
Имено исламот им забранува на христијаните да имаат гласни веселби во црквите, микрофони и сл.
Овој месец во Пакистан беше уништен и центарот за хуманитарна помош, кој е цели 125 години во сопственост на Католичката црква, откако беше откриено дека земјиштето вреди многу пари.
Занзибар: Муслимани уништија две цркви. Едната беше запалена, додека другата беше уништена.

Генерална злоупотреба


Данска:Во муслиманско мнозинство наречено Оденсе, на иранско христијанско семејство му беа уништени два автомобили, бидејќи во нив имало крстови. Оттогаш семејството се пресели на непозната локација.
Министерството за цркви го промени својот назив во Министерство за филозофија на животот со цел да се приспособи и на муслиманите.
Египет:Во последната рунда од колективна казна, толпа од над 3000 муслимани нападнаа христијани во село поради гласина дека копт имал интимни фотографии од жена муслиманка на неговиот телефон. Нешто што е негирано од страна на човекот.
Коптските домови и продавници беа запалени. Три лица беа повредени, а преживеаните станаа бездомници.
Како и обично на армијата и беше потребно цел час за да помине 2 километри до селото и никој од напаѓачите не беше уапсен, изјави сведок.
Нигерија: Сектата Боко Харам запали христијански мисионерски дом. Жителите на домот, претежно сирачиња, останаа без покрив над главата.
Пакистан:Судија одби кауција за најново обвинетиот христијански граѓанин за сквернавење на Коранот и покрај недостатокот на докази против него.
Според шеријатскиот закон, зборот на христијанот е за половина помалку важен од муслиманскиот обвинител.
Саудиска Арабија:Властите уапсија и соблекоа 29-годишна христијанка и обвинија шест христијански мажи поради држење на молитва во нивниот сопствен дом. Затворените минатиот месец без судење, не им беше кажано колку време ќе бидат држени и дали воопшто ќе бидат пуштени.
Во меѓувреме земјата ги направи задолжителни соблекувањата на жени, а како резултат на тоа некои жени се повредени.
Судан:Властите се заканија дека ќе ги уапсат црковните лидери доколку тие се впуштат во „евангелистички активности“ и не успеат да извршат наредба за да се дојде до имињата на христијанските верници.
Законот во Судан забранува богослужбени активности како и откажување од исламот и прифаќање на било која друга вера, а делото е казниво со затвор или смрт.
Турција:Христијански бегалец од Иран беше брутално нападнат од неговиот турски газда со „врела вода по неговото тело“ бидејќи, како што кажал напаѓачот „ христијанот нема никакви права“. Ова е само еден пример од стотиците ирански бегалци во Турција.

Киднапирања, откупи и убиства


Египет:Киднапирањето на 16-годишно христијанско девојче, кое исчезна пред еден месец, доведе до војна помеѓу христијанското семејство и муслиманите адвокати. Судот нареди девојчето да биде држено во државен дом додека да достигне 18 години -легална возраст за разговор- наместо да биде вратена на нејзиното семејство.
Коптски активисти велат дека одлуката ги „охрабрува исламистите да продолжат со киднапирања на христијански малолетници со цел да ги натераат да го прифатат исламот.
Пакистан:Христијанско девојче, кое беше киднапирано во 2001 година на возраст од 15 години и беше присилено да стапи во брак со муслиман, се врати по 10 години во нејзиното католичко семејство. Нејзиниот случај не е единствен. Постојат најмалку 700 вакви случаи кога христијански девојчиња се киднапирани и се присилени на брак со муслимани.
Во последните три месеци девет жени беа киднапирани и натерани да го прифатат исламот.
Судан:Откако голем камион удри во портите на Католичката црква, муслиманите поврзани со исламската суданска влада киднапираа двајца католички свештеници и брутално ги претепаа и ги ограбија нивните живеалишта. Подоцна киднаперите ги присилија свештениците да се јават кај епископот со барање за откуп од 186.000 долари.
Швајцарија:Муслиман крвнички ја нападна својата ќерка бидејќи нејзиното момче било христијанин. Доколку ова се случеше во муслиманска држава, ова ќе му се случеше и на момчето.
Сирија: Христијанската заедница во Сирија беше погодена од серија на киднапирања и брутални убиства. Стотина христијани беа убиени откако почнаа анти-владините протести.
Децата се посебна цел на киднаперите, кои доколку не го добијат побараниот откуп ја убиваат својата жртва. Некои од киднаперите ги сечат децата на делчиња и ги фрлаат во река.
Овие последни извештаи потсетуваат на анти-христијанските напади, кои се типични за Ирак.
Таџикистан:Млад човек облечен како Дедо Мраз беше избоден со нож до смрт додека одел во посета на роднини и носел подароци. Муслиманска толпа тепајќи го и бодејќи го, извикувала „ти невернику“.

За овие напади


Прогонот на христијаните во исламскиот свет е на пат да достигне огромни пропорции. Интересно е што ова не е „случајно“, туку систематски.
Без разлика на начинот на прогонот, се води кон една целина, вклучувајќи ја и омразата кон црквите, христијанските симболи, сексуалната злоупотреба на христијанските жени и друго.
Бидејќи прогонот опфаќа различни локации од Мароко на запад до Индија во исток и во Западот, каде и да се муслиманите – треба да е јасно дека едно нешто ги врзува сите тие. Исламот - без разлика на строгиот исламски шеријатски закон, или пак културата на земјата каде се родени, истакнува експертот Ибрахим.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ние Македонија, не сме од овој свет изгледа, пошто не ги спомнаа нашите цркви кои континуиано се пљачкосуваат во муслиманските средини, а пред некое време исто така и ги запалија.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Следна е Нигерија за демократизација затоа што има нафта.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
13.468
Добро шо е поентава со вакви теми? шо сака да постигне човек со тоа што ќе почнеме да ги мразиме оние што се културолошки различни од нас? Ај у курац више од фундаменталисти, крстоносци, фанатици...
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Го прочитав текстот, не е баш многу квалитетен(па плус и не е преведен како што треба) ама ја допира суштината. Примерите да беа толку малку како што е во написов ќе можеше да се дискутира, Работата е што има многу повеќе и потребни се и официјални реакции, пред да почнат реакциите на поединци.

P.S. наскоро во Англија почнува процес против една група возрасни муслимани кои организирано силувале и злоставувале девојки (пред се англичанки). Синоќа во Манчестер група од 200 Англичани кршеле продавници во сопственост на муслимани. Не е само кај нас ова го има насекаде низ Европа.
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
bidete trpelivi na kraj ce pobedi pravdata
celata zemja ce bide prekriena so krv od neprijatelskite vojnici.
Na kraj ce blesne sonceto na novata era erata na eden bog edna vera nema da ima povejke podelbi
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Добро шо е поентава со вакви теми? шо сака да постигне човек со тоа што ќе почнеме да ги мразиме оние што се културолошки различни од нас? Ај у курац више од фундаменталисти, крстоносци, фанатици...
И јас го мислев истото. Ама пробај кажи им го на нив кога ќе дојдат да те палат..
Мултикултурализмот е мртов друже...
Ова сценарио подобро и да не се случи..​
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
13.468
Слаб си со провокациите... бидејќи пробуваш да тролаш некој кој е.... атеист. Ама тоа е. Ерусалим падна и под едните... и под другите. Се` додека се мериш со нешто што е духовно а притоа не ги гледаш световните работи.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
13.468
И јас го мислев истото. Ама пробај кажи им го на нив кога ќе дојдат да те палат..
Мултикултурализмот е мртов друже...
Ова сценарио подобро и да не се случи..​
Мултикулурализмот е единствената работа која би донела мир. Само проблемот е што луѓето кои сакаат да профитираат го користат како против изговор.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Добро шо е поентава со вакви теми?
Сведоштва.
Постојат луѓе кои се залажуваат дека лошите работи не постојат, ако за нив не се зборува.
Постојат луѓе кои заради некаков личен ментален* или било каков комфор, се обидуваат да ги маргинализираат, заташкаат флагрантните изблици на антихристијанството.
Таквите луѓе не сфаќаат дека во очите на вехабијата и тие се каури, вредни само за смрт. Без разлика што се чувствуваат како атеисти или некакви нехристијани.

Зошто би требало да се премолчуваат овие грозотии кои Муслиманите систематски ги спроведуваат врз Христијаните во целиот свет?

Каков мазохистичко-фантазмагоричен либерал ќе биде религиозно неутралниот посматрач кој вели - "ете се тепаат за своите измислени другарчиња."?

Прво,
Ваквите наводно објективни гледишта се ништо друго туку спротивното - намерно необјективни . Нема тука две страни кои се борат за нешто, туку една страна која константно, деценијски врши огромен притисок врз другата страна (и тоа е у ствари многу благо кажано). Никакво израмнување во вината нема тука. Треба да си слеп при очи да не сфатиш што се случува. Процес е тоа, кој трае.

Второ,
Дури и од личен аспект, неутралниот став е невозможен, затоа што агресивната страна која што ја напаѓа пасивната страна, навистина не се мачи да прави селекција, така да нема да го приметат објективниот атеист кој мисли дека гледа сеир, а всушност ќе гори заедно со Каурите.


* политичка коректност онаму каде што е несоодветна
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Слаб си со провокациите... бидејќи пробуваш да тролаш некој кој е.... атеист. Ама тоа е. Ерусалим падна и под едните... и под другите. Се` додека се мериш со нешто што е духовно а притоа не ги гледаш световните работи.
h hah ahh od koga Saracenite se ateisti :pos:
abe ne zanete sto ste :tapp: moon god (y)
ova se de duhovni vrednosti eden svet ce se obedini vo edno kako sto preska rekov edna nacija edna vera toa e idninata i toa e svetskiot plan (y)
nema koncepcija za moon god (n)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
13.468
h hah ahh od koga Saracenite se ateisti :pos:
abe ne zanete sto ste :tapp: moon god (y)
ova se de duhovni vrednosti eden svet ce se obedini vo edno kako sto preska rekov edna nacija edna vera toa e idninata i toa e svetskiot plan (y)
Не мора да значи ако сум зел нечие име на Сараценски војсководец како корисничко, автоматски ме прави муслиман/човек верен во исламот.
Второ да не зборам за секаквите сепарации и секти што ги има и од едната и од другата страна. Така да...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom