- Член од
- 16 април 2010
- Мислења
- 2.558
- Поени од реакции
- 1.503
АНАЛИЗА НА „ЊУЗВИK”
Христијаните се жртви на религијата во муслиманскиот свет

Насилното угнетување на христијанското малцинство стана норма во земјите со муслиманско мнозинство. Христијаните во многу земји живеат во страв од брутални убиства, бомбашки напади, осакатување и палење на светите места
Муслиманите често се претставувани како жртви на злоупотреба на Запад и како борци во борбата на Арапската пролет против тиранијата. Но во тек е една сосема поинаква војна, една непризнаена борба во која христијаните се убивани во исламскиот свет поради својата религија.
Со овие реченици американското списание „Њузвик” конечно го скрши непишаното правило за молчење и против објавувањето исламски терористички приказни во печатот и ја раскажа вистината за теророт и убиствата што се спроведуваат врз христијаните во светот.
Според „Њузвик”, претставувањето на муслиманите како жртви или херои е делумно точно. Но во последните неколку години насилното угнетување на христијанското малцинство стана норма во земјите со муслиманско мнозинство кои се протегаат од Западна Африка и Блискиот Исток до Јужна Азија и Океанија. Во некои земји владите и нивните агенти се оние што палат цркви и затвораат парохијани. Во други, пак, бунтовнички групи и одмаздници убиваат христијани и ги протеруваат од своите корени.
Kрвава христофобија
Медиумите се воздржуваат да ја третираат темата за теророт врз христијаните поради неколку причини, се вели во весникот. Една е стравот од провоцирање дополнително насилство. Друга најверојатно е влијанието на лоби-групите, како што се Организацијата за исламска соработка и Советот за американско-исламски односи. Во текот на изминатата деценија тие беа извонредно успешни во убедувањето водечки јавни личности и западни новинари да мислат за секој пример на антимуслиманска дискриминација како систематско нарушување кое се нарекува исламофобија - термин чија цел е да поттикне исто морално негодување како ксенофобија или хомофобија.
- Но правилна и умна процена на неодамнешните настани и трендови води до заклучок дека опсегот и сериозноста на исламофобијата избледнуваат во споредба со крвавата христофобија, која во последно време се шири низ земјите со муслиманско мнозинство од еден крај на светот до друг. Ништо помалку, туку судбината на христијанството во исламскиот свет е во прашање – пишува „Њузвик”.

На раб на граѓанска
војна во Нигерија
Христијаните во многу земји живеат во страв од брутални убиства, бомбашки напади, осакатување и палење на светите места. Во Нигерија многумина страдаат од овие облици на прогон. Земјата има најголемо христијанското малцинство (40 отсто) во однос на својата популација (160 милиони) од која било претежно муслиманската земја. Со години муслиманите и христијаните во Нигерија живееле на работ на граѓанска војна.
Исламистичките радикали предизвикуваат многу, ако не и поголемиот дел од тензиите. Најновата таква организација е организираната група „Боко харам“, чија цел е да го воспостави шеријатот во Нигерија. За таа цел групата изјави дека ќе ги убие сите христијани во земјата. Само во јануари 2012 година „Боко харам“ е одговорна за 54 смртни случаи.
Во 2011 година нејзините членови убија најмалку 510 луѓе и запалија или уништија повеќе од 350 цркви во 10 северни држави. Тие досега се фокусираа на убиството на христијански свештеници, политичари, студенти, полицајци и војници, како и муслимански свештеници кои ги осудуваат нивните злодела.