Македонскиот дрим тим ќе игра против НБА ѕвездите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Македонскиот дрим тим ќе игра против НБА ѕвездите?

Спорт | 14. февруари 2012 - 15:07
Постои можност Македонија да игра против „дрим-тимот“ на Америка, но тие преговори се уште траат, изјави денеска претседателот на МКФ Даниел Димевски.
gmak-kosarkari-nova.jpg
На денешната прес-конфереција во просториите на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) официјално беше претставен новиот селектор на „црвено-жолтите“ Марјан Лазовски, како и планот за подготовките пред настапот од 2ри до 8ми јули на квалификацискиот турнир во Каракас, Венецуела за ЛОИ во Лондон.
Претседателот на МКФ, Даниел Димевски и директорот на репрезентациите, Илија Мерџановски информираа за успешните преговори околу организацијата на подготовките, а големо внимание привлекува можноста македонските кошаркари силите да ги одмерат со дрим-тимот на САД. Преговорите за одигрување на пријателскиот меч против НБА ѕвездите на САД се во тек, а доколку биде договорено тој би се одиграл во терминот од 23 до 26 јуни.

Лазовски изрази задоволство што по петгодишен стаж ка
ко помошник-селектор ја превзема селекторската функција.
- Задоволство, но и обврска е да се биде селектор на Македонската кошаркарска репрезентација. По првпат ќе играме квалификации за Олимпијада. Добивме неатрактивни, но ни малку наивни противници во групата. Очекувам добри резултати и продолжување на континуитетот добри резултати, рече Лазовски.
Што се однесува до составот тој најави дека товарот во квалификациите ќе го понесат играчите кои настапија на ЕП во Литванија, но ќе има и освежувања со нови играчи, а посебно тоа се однесува на Кирил Николовски, Бојан Трајковски и Александар Костовски.
VIA: http://www.press24.mk/story/sport/makedonskiot-drim-tim-kje-igra-protiv-nba-dzvezdite
И се чека потврда од Агенција за млади и спорт http://www.facebook.com/AMSMacedonia
 
Македонската кошаркарска репрезентација за олимпискиот квалификациски турнир ќе се подготвува во САД. Постои можност нашите репрезентативци да имаат и контрола против дрим тимот предводен од Коби Брајант и Леброн Џејмс.

getImageThumbnail.axd
Амбициозниот палан за средба со американските ѕвезди во Лас Вегас чека на потврда. Од македонската кошаркарска федерација денеска соопштуваат и дека нашата селекција во подготвителниот период ќе игра контролни натпревари против Литванија, Русија, Канада, Велика Британија и Нов Зеланд.
Новиот селектор, Марјан Лазовски, на промоцијата најави дека за следните потфати на националниот тим ќе ги задржи најголемиот дел од репрезентативците кои го постигнаа историскиот успех во Литванија со мали можни корекции со неколку помлади играчи. /К.П.Н.
Извор: Канал 5 ТВ
Ако бидне ова, ќе биде страшно!
 
Да беше ова пред Европското немаше да поверувам ама сега имаме име и имиџ за да одиграме пријателска со било кој тим во светот !

Дај боже да се оствари ова ќе биде интересно !
 
Јбг дојде време да се пишува насекаде за кошаркарите и ракометарите и секоја вест поврзана со нив народот ја зема здраво за готово.:facepalm:
 
Јбг дојде време да се пишува насекаде за кошаркарите и ракометарите и секоја вест поврзана со нив народот ја зема здраво за готово.:facepalm:

Далеку од тоа дека некој ја зема здраво за готово!

Можеби освен некои деца!

Да беше муабетот како за фудбалерите дека ќе играат со Аргентина ќе беше здраво за готово !

Колку и да го посакувам тоа Меси да го видам во Македонија убаво се изнасмеав на статијата од пред година дена !
 
Јбг дојде време да се пишува насекаде за кошаркарите и ракометарите и секоја вест поврзана со нив народот ја зема здраво за готово.:facepalm:

Ја прочита целата вест !? Претседателот на МКФ изјавил дека прават напори да закажат пријателска со Америте. Не е здраво за готово...

Во тек се преговори и за одигрување на пријателски натпревари со „Дрим-тимот“ на САД, во периодот од 23 до 26 јуни, за што од таборот на селекторот Мајк Кшижевски покажаа интерес, но се уште се чека на официјална потврда.
 
Еве од официјалната страна на КФМ

04.06.2012 - Почеток на подготовките во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
07.06. - 08.06.2012 - Лекарски прегледи во Скопје.
11.06. - 18.06.2012 - Пријателски натпревари во Литванија со домаќинот и Русија.
18.06. - 23.06.2012 - Подготовки и одигрување на турнир во Торонто, Канада, со домаќинот, Велика Британија и веројатно Нов Зеланд.
23.06. - 26.06.2012 - Заминување за Лас Вегас. Пријателски натпревари со „Дрим-тимот“.
26.06. - 29.06.2012 - Заминување за Порто Рико. Пријателски натпревари со Порто Рико.
30.06.2012 - Заминување за Каракас на два дена пред стартот на предолимпискиот турнир (според пропозициите на ФИБА).
02.06.2012 - Почеток на предолимпискиот турнир во Каракас.


http://www.basketball.org.mk/?ItemID=CEE1F0EF2AD0EC4B841A765DC4F523DD
Дали ова значи дека е договорен натпреварот и само преговараат во кој од тие 3 дена да се одигра !
 
Борче, Перо и компанија VS Брајант и Леброн

Е во тој случај ќе биде ‘‘Лелееее луѓе што направивме‘‘:vozbud:
 
Ме фаќа жал за Американциве некако.....
 
...кој ќе мрзне (ќе се вари) во воз до Лас Вегас со бесплатна карта :facepalm:

....идеа за поздрав....ама поинтересно ќе беше да се играше во СЦ Борис Трајковски

ПС....нашиот тим има една огромна предност....америте по навика ќе му додаваат на БО
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom