До кога треба да биде периодот на карантин за мало куче?
Кучето го зедов со наполнети 53 дена и вакцинирано, ми беше советувано да не го вадам воопшто надвор да има контакт со други кучиња или пак изметот од кучиња и мачки од причина што неговиот имунитет е мал и има опасност да се разболи и умре. Колкав треба да биде периодот од примената вакцина до периодот кога ќе има доволно имунитет за да може да се изнесе и прошета надвор?
До 3 месечна возраст не е препорачливо да го шеташ надвор.
Вака сега околу вакцините:
Кученцето треба да прими 3 вакцини ( вакцина + 2 ре-вакцини):
- Првата вакцина се става на 6 неделна старост
- Втората вакцина (прва ре-вакцина) се става на 10 неделна старост
- Третата вакцина (втора ре-вакцина) се става на 14 неделна старост
Како што и самиот гледаш вакцините се ставаат во размак од 4 недели.
Штом кученцето има прва вакцина примено, ти треба да го однесеш на уште 2 ре-вакцини.
Кога ќе ја прими втората ре-вакцина ќе почекаш уште недела дена за да помине карантинот и ќе можеш безгрижно да го шеташ кученцето.
Порано се ставаа само 2 вакцини (вакцина + ре-вакцина) али бидејќи имаше понекогаш случаи кученцето да се разболе и покрај примените 2 вакцини, почна да се применува ставање на 3 вакцини (вакцина + 2 ре-вакцини) за максимална заштита на имунолошкиот систем.