РЕТРО: Македонски реклами од 1995-та

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Ја има некој рекламата за ТРЕСКА?
 
Ја има ли некој рекламата за оние соковите на растворање на оној дебелиот како го викаа... Имаше убава музика на некаков жичен инструмент, нешто јужноамеричко.... А и женските беа убави, имаше една подзапотена во кратки пантолончиња кај што става плодови во кошница... Оние соковите бе, уни-незнамкако, во пластични шишиња. Зоре Темелковски го викаа дебелиот, се напраи миљонер продавајќи ни шурупчиња...
216122_144593715609775_144593255609821_271379_5918421_n.jpg
 
Слабо можат да се најдат рекламите по јутјуб..

Абе колку за толку и јас знам да пребарувам по ЈуТјуб, ако сум постара генерација... Претпоставив дека некој од дискутантите работи во некоја од телевизиите па има пристап до постари материјали. И тие што се поставени на ЈуТјуб, некој ги поставувал.

Нема везе, одиме понатаму! Ако некој налета на таа реклама, го молам да ја постави!!! Музиката беше навистина убава (а тек шундурчињата)..:P
 
Тии му еам шо копате по интернетов, го праите археолошко наоѓалиште.
Него ако некој се сеќаа за рекламата на Infoproject компјутери една цура играше стриптиз и на крај од принтер искача срце.
Имаше уште неколку:
Една со рекламирање на оружје као нешо идеше „Не со тие куршуми!“
Друга со Р.У. Кочо рацин идат дечко и девојка и као Let`s learn english language.
После Таска Балабанова (мислам) и еден дедо коа учат англиски и као иде вака рекламата - Shall we go to the disco tonight?
Имаше една со тенџериња од Дафинка зачини од витаминка
Исто имаше една со Јупи (постариве генерации ќе се сетат) врнеше дожд и нешо као скакање у вода
И уште една да не дужам - Sah парфем нешо у стилу Џејмс бонд музика и некакви си јахти као фраеров ги ќарува цурите.
 
najaki reklami od toa vreme bea za partner cigarite :)
i od fersped reklamata koga se kacuva edna devojka vo kamion bez gaki ne mozam nikade da ja najdam taa reklama :oops:
 
Пер, нема други реклами од тоа време на интернетов. Само овие ги најдов јас. Барав колку што можам и само овие ми испаѓаа...
Кога ќе видам подобро 90% од рекламиве ти си ги ставил, мене вчера ми се виде како секој втор јузер да става реклами... Нема везе моја грешка... ТИ ја направи темава за К-15! :D
 
А имаше и една, побајаги стара, за Партнер цигари, кај што дечко и девојка, бизнис луѓе пред деловен центар :icon_lol: , почнуваат страсно да се љубат, а во позадина некаква си шлагер музика идеше. Едвај чекав да пуштат реклами.:)
 
Некој ја спомна погоре за Глос. Колку време не ми текнуваше текстот на песната! Браво!
Исто и рекламата за Треска беше јака!

И уште една реклама од 90тите што ми текнува беше една за Осигурување Македонија мислам. Со едно нацртано човече. Оп оп оп и животот не ти е осигуран, сега знаеш каде да се осигураш во Ад осигурување Македонија! :D
 
А имаше и една, побајаги стара, за Партнер цигари, кај што дечко и девојка, бизнис луѓе пред деловен центар :icon_lol: , почнуваат страсно да се љубат, а во позадина некаква си шлагер музика идеше. Едвај чекав да пуштат реклами.:)
Што ти е бе..ја на таа реклама гасев цел телевизор од штекер.. срам ми беше :D
 
Најсмешна беше на К-15 за „Лотарија“:

„Играјте за награди од сто, двеста и други илјади марки....“ :LOL:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom