H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Кога би ја видел мојата лична карта би се онесвестил...Од аспект на законот нема. Иако, сеуште не сум сретнал ниту едно дете (Македонче) со две презимиња.
Ваљда и тие тврдокорните како тебе на крај сфаќаат каква глупост е тоа и колку ќе му го искомпликуваат животот на детето со две презимиња само поради некаква „гордост“, па сепак се одлучуваат на традиционалниот начин на одбирање на презиме. На таткото. Али, хеј, баш би било интересно да му дадеш две презимиња на детето, па потоа тоа да стапи во брак со друга личност со две презимиња, па тие да имаат дете со две презимиња.
Тогаш би дошло како Александра Стојковска Милевска и Петар Ивановски Милевски, со синот Иван Стојковски Ивановски Милевски.
А замисли па уште тој ако се најде со уште некоја хард-кор девојчица како тебе со 6 презимиња?
Муабетов: Роналдо де Азис Мореира - Роналдињо.
Не се глупирајте. Преземањето на презимето од сопругот воопшто не значи дека семејството или семејната лоза „ќе ви изумре“. Вие формирате ново семејство. Ако не сакате да го носите презимето на сопругот, не ми е јасно зошто воопшто би започнале брак со него. На крајот на краиштата, не ми е јасно како толку многу се загриживте за „семејните обичаи“ и опасноста од „изумирање на семејството“, а вие воопшто не сакате да ги почитувате обичаите на вашето семејство. Или и ти од раѓање си со две презимиња?