Во првото послание до Коринтјаните, глава 7, стих 2 пишува: „ Но, за да се избегне блудството, секој маж нека си има своја жена, и секоја жена свој маж.“ Еден стих погоре односно стих 1 пишува: „А за она што пишавте - добро е човек да не се допира до жена.“ Епископ никаде не е спомнато.
Познато е дека на епископите им било дозволено од апостол Павле да се женат (иако тој не бил оженет), но подоцна Црквата во текот на своето историско континуирано постоење, согледувајќи го сопственото искуство дошла до практичен и прагматичен заклучок дека подобро е епископот да не биде оженет за да може подобро да биде предаден на своите духовни деца. Предаден и верен на ист начин како што апостол Павле бил кога ги раѓал своите чеда во дух.
НО, Исус Христос во Светото Евангелието според Матеј глава 19 вели:
10. А учениците Негови Му рекоа: “Ако е таков долгот на човекот кон жената, тогаш не треба ни да се жени?”
11. Но Он рече: “Не сите го примаат тој овој збор, а само оние, на кои им е дадено;
12. зашто има скопени, така родени од мајчината утроба; а има скопени само заради царството небесно. Кој може да прими, нека прими.”
Овие три стихови јасно посочуваат дека Исус Христос го одобрува монаштвото (НЕ будистичкото, хиндуистичкото- да не дојде до забуни), но не да стане секој кој сака од личен каприц или прелест туку оние на кои им е дадено. Што укажува на тоа дека монах (грч. monahos што значи сам, но не осамен) се раѓа, а не се станува.
Уште првиот атински епископ Дионисиј Ареопагит (повторно напомена со цел да спречам забуни-не е истата личност со Псевдо или Божемниот Дионисиј Ареопагит, авторот на Corpus Areopagiticum) ракоположен од страна на апостол Павле бил оженет епископ кој како и Петар ја напуштил својата сопруга и семејство поради својата света должност. Најверојатно обврските кои ги имале во ширењето на евангелието биле преголеми и љубовта кон Исус Христос била огромна така што епископите немале време да загледуваат жени и да мислат за нивната брачна состојба. Речиси идентично како и Павле, како и Јован Крстител...
Има една разлика помеѓу првите епископи и денешните православни епископи. Имено денешните епископи НЕ СМЕАТ да ја остават својата сопруга и своите малолетни деца. Единствен услов за епископот е или да е неоженет човек или да е вдовец.
Што се однесува до цитатите кои се наменети за Марија, истиот тој Дионисиј имал средба со, како што ја нарекува, „Пресветата Дева“.
Во прилог цитат негов: „Сведочам пред Бога, дека покрај Бог, нема ништо толку исполнето со божествена моќ и милост. Никој не може потполно да го разбере она што го видов. Исповедам пред Бога: кога бев со Јован (Богослов), кој светеше меѓу апостолите како Сонцето на небото, (и) кога бев однесен пред лицето на Пресветата Дева, искусив неописливо чувство. Пред мене сјаеше некој боженствен блесок, кој го закова мојот дух. Го осетив благоуханието од неопсливи мириси и се исполнив со таков восхит, што телото ми ослабна, а духот не можеше да издржи тие знаменија и знаци на вечно величие и небесна сила. Нејзината благодат ми го исполни срцето и ми го потресе духот. Да не ми имаше кажано, ќе си помислев дека Бог е пред мене. Невозможно е да се стои пред поголемо блаженство од ова кое го видов.“
Точно дека Јосиф не ја познал Марија додека таа не го родила Исус Христос, но ПОТОА што се случило ни тоа не е напишано. Нема никаде посочено дека тоа се родените деца на Марија и Јосиф или нешто слично. Марија била мајка на Јосифовите деца, но не била нивната биолошка мајка. Што секако остава простор за разни шпекулации и претпоставки. Православните им веруваат (освен на Светото Писмо) на, условно кажано, помалите апостоли кои биле менторирани и подучувани од првите 12 најблиски до Исус Христос (заедно со апостол Павле) апостоли како што е случајот со Дионисиј Ареопагит. Тие не се занимаваат со хипотези на места кои 500 000 други деноминации ги толкуваат со 500 000 различни логики и умови.
Каква врска има монаштво со шовинизам? Монаштво си е монаштво (не е КУЛТ, ниту пак може да биде, можеби мислиш на источното монаштво), шовинизам си е шовинизам. Православните девственици се најголемите маченици и сведоци на верата своја во нивниот Бог-Исус Христос. Греота е да се пишува тој радикално-груб термин- шовинизам во ист ред со православното монаштво.
Да, во Светото Писмо нема збор-монах. Но има примери за монаси како Јован Крстител кој исто како и некои православни монаси созерцувал во пустините со цел да се очисти од страсти. Тој носел ремен на својата половина исто како и сите православни монаси како симбол на девственоста.