- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 9.179
- Поени од реакции
- 3.073
Кривична пријава за лицето кое го запали македонскто знаме во Струга
Поради постоење на основи на сомнение дека го сторил кривичното дело „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост„ полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против М.И. (47) од струшкото село Шум.
Како што информираат од СВР- Охрид, пријавениот, вчера, околу 14 часот, пред зградата на локалната самоуправа во Струга, го запалил државното знаме на Република Македонија, кое претходно го купил од книжара во струшката чаршија. По палењето на знамето, лицето веднаш избегало од местото на настанот.
Од страна на полициските службеници, преземени биле неопходни оперативни мерки кои резултираа со идентификација на лицето, по што истиот бил пронајден во неговиот дом во селото Шум. M.I. веднаш бил приведен и задржан во полициска станица.
Врз пријавениот М.И. кој бил видно под дејство на алкохол, во текот на вчерашниот ден, било извршено алкотестирање, при што бил утврден еден промил алкохол во крв.