-Играња маж и жена со комшивката
-Крадци полицајци
-Со братучед ми правевме некои приказни како пловиме и спасуваме принцези од пирати
Креветите ни беа бродови, а дедо ми ни имаше направено мечеви од дрво и се палевме божем се мечуваме. Ама имињата ни беа најзакон, Лотар и Меч Матеус
Јас бев Лотар Матеус (германски фудбалер, омилен ми беше тогаш), а братучед ми сам си го измисли името
-Возење точак без раце
-Гаѓање коли со истискани вишни. Прво ги гмечиш во рака, се џиткаш пред кола му ги лепиш на шофершајвна и бегаш како да те брка Тајсон ГЕЈ
-На една стара комшика и шиткавме "ракија" за 50 денари. Или поубаво кажано и шиткавме вода помешана со кал, ама пошто беше изветреана ни веруваше, па после синот нејзин ги исфрлаше шишињата надвор и не тепаше. Ама дечишта ненормални...
-Крадевме тасо жетони и собиравме албум Џурасик парк
-Плачев дека за време на недела не ме пуштаа да останам буден над 11 навечер. Викав како еден другар секогаш го пуштале да седи до 2-3 (лажеше сушеше) а мене не
-Правевме бункери, мада не бев јас баш по тој спорт. Другиве беа ептен понапалени по градњењето, јас само ги користев
Ќе се пресечевме со срчи на раката, и ја мешавме крвта
-Киневме прачки од жива ограда, ги делкавме и после се мававме. Цели бевме со линии
-Сеикогаш кога требаше да одиме некаде на свадба или слично, правев драми демек несакам да одам, за да ме молат да одам и на крај ќе ме исплескаа и бап во кола...
-Кога тргавме во школо на 1 Септември, ќе не дотераа и избањаа мислиш на Виенски валцер те праќаат. После кога даваа сведителства, татко ми ме носеше во жито лукс за да ме почасти и ми купуваше кроасани со шунка и кашкавал
-Први септември секогаш ни беше најдолг ден во годината
Ќе станевме многу рано, ќе си дојдевме во маало уште во 8 и до вечер цело време си играш на улица
-Со братучед ми дома игравме фудбал, ракомет и одбојка. Сите други патеа додека ние игравме. Имав една топка како плишана беше, што тропаше пошто имаше некое ѕвонче внатре и едната врата беше еден гол, другата друг. И ние играме додека другите седат во собата и гледаат како правиме лом. Пошто во зима саксиите со фикуси и Адамов лист ги стававме дома, лом ги правевме. Ама на дедо ми не смеаа ништо да му речат, ќе кажеше он остајте ги децата да играат, и имавме дозвола да правиме лом
-Покрај тоа што цел ден го поминувавме на игралиште и на улица, преку ден истотака куцавме со баскет на мојата лозница. Цел кров ми се тресеше пошто се тоа е поврзано
-Отваравме шахти и гледавме како се слива водата и како шлапуркаат гомната
-Ги собирав сите можни албуми и со гупликатите се тапкарошевме. Прво он трева да си ја сврти својата, после иде на твојата. Ако ја сврти пред тебе ти ја зема. Исто игравме џамлии на ќар. Еден другар губеше се, па мораше од ламферите од шахот, главите да им ги сече за да ги дава како џамлии. Секој ден правевме шлајки, ама комшијата ни ги закопуваше. Дури игравме рацете ни се правеа лом од земјата. Па под нокт имавме седум кила кал, а маицата ми беше цела со отисоци од земја пошто рацете ми беа буѓосани
-Трљавме раце од коли, и кога ќе ти станеа целите сиви, идевме по другите и ги фаќавме за алишта и им викавме "ЧИСТА ДАНА"
-Правевме чатали и пачки. Другар мој владееше за тоа. Еднаш го рецна дедо му меѓу очи, ќе го ослепеше засекогаш
Изеде ќотек како магаре...
Се гаѓавме со пиштоли на дијаболи и игравме камај камај. Поглупа игра амин. Ајде докажи дека прв си го видел противникот. Можеш и да измислиш...
-Кога игравме жмурка, мењавме маици за да плукне погрешен човек, и да се дереме ИЗГОРЕ ЛОНЧЕТО... Некој ако дремеше како мисир дур жмуреше му пеевме ЗДРВЕНА МАРИЈА...
-Постарите ни ја зимаа топката и играа фудбал со неа, притоа ќе не избркаа па ние игравме од страна на игралиштето, на тревата со голови од камења со некоја апла убиена топка. Не смеевме да писнеме. Сега децава неможеш ни да ги збркаш ако играат, па камоли топката да им ја земеш и да играш место нив. Тие што не ја даваа топката, ќе си ја земеа под мишка, и ќе речеа си одам, а ако си попиеа некој шамар, одма доаѓаа мајките да се жалат
-Најмерачки беше кога некои ќе се степаа па сите пееме ТЕПАЧКА БЕЗ ПАРИ, и тој што ќе изеде ќотел вика некој рандом член од фамилија и одат на карање кај другиве. Тогаш цело маало се собира и во чопор идеме па пукаме сеир
-Илијашиш до даска. Губиш во фудбал и цело време илијашиш за да бидсе по твое. Другите ти попуштаат пошто ако не е по твое ќе си ја земеш топката пошто е твоја и ќе си отидеш дома
Се радувам што неспаѓав во оваа категорија, увек играв поштено
Братучед ми најмногу илијашеше, ама него не смееа да му писнат пошто ако не беше по негово сите ги тепаше
Само јас му се спротиставував и некогаш ќе се замлатевме и после и двајцата цмиздревме, и пошто сме се испотиле како бишиња во тепачката, не сушеа со фенови
-Идев во забавиште во 8 се враќав во 11. Највеќе сакавме кога ќе не пуштеа да си играме позади градинка на разни љуљашки, оние вртлоцине и слично. Исто имав еден камион од Бугрија и ќе се качевме двајца во него и се пуштавме по удолницата кај мене во населба. Ако некој се вратеше сам од забавуиште до дома (оддалечена беше 500 метри од наше маало, одма го прогласувавме за херој)
-Секогаш имаше некое женско петле што се дружеше со девојчиња и не играше фудбал со нас. Во тој период најсрамно е ако се дружиш со девојче
-Дома не дозволував некој друг да ми крене телефон. Кога миев заби вроев по 25 секунди за секоја страна
-Купувавме мастики од два денара. Ќе купев десет, ќе ги напнев сите одеднаш во уста и имаш мастика колку цела тупаница, и почнуваш да се давиш пошто неможеш воздух да земеш
-Чесно се заљубував
Првата "женска" се пресели кога тргав во основно
Цело време седеше кај мене, и официјално бевме дечко и девојка
Али братучед ми ќе дојдеше од градинка и ќе ја истепаше. После ми беше срам да јан викнам и го праќав дедо ми. И кога ќе видев низ прозор дека ја носи, се серев од радост. Какви се глупости имам со неа направено
После во второ-трето одд, плачев дека таа што ми беше симпатија отиде во Канада. До кревет имав слика нејзина закачено хахахахаха Вп четврто одд, братучетка ми ја праша таа што ја сакавме цело одделение, дали сака да ми биде девојка. Рекла ДА. Тоа се случуваше на 6 јуни и беше понеделник, и јас до 10 јуни глумев болен за да не одам во школо од срам
-Играв флипери, и нормално кога играш Мустафа, ти доаѓа некој и те замара да ти го помине главниот...
Исто кога игравме НБА на нинтендо, увек го плескав братучед ми и он искрши 7-8 нинтенда
-Секогаш кога ме носеа на шишање, ме шишаа кец и најмерачки кога поминуваш со раката да боцка... Фризура УМПРОФОР....
Ќе ми текнат и други работи