ЕХФ прави пародија од ЕП: Навивачи повелете, ама без знамиња, тапани, алкохол и не навивајте гласно!

Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
можда и ке забранат алхохол да се пие :pos: овие не знаат што инати сме,ако треба и од дома ке носиме...
Па ќе имало 2 саата пред и по натпреварите да не може да се купи алкохол :tapp:
 

factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Каква врска имаат навивачите со квалитетот на првенствата???
Види вака Мурешан, далеу од тоа дека е исто да се игра со публика и без публика. Исто така и бројот на гледачи игра огромна улога. А најважно е секако бодрењето на сопствениот тим во вистинските моменти и на вистински начин за разлика од неартикулираното урлање во било кој дел од играта. Прво и прво спортот потекнува од Англија, второ и второ организираното спотско навивање (фирмите) потекнува од Англија, а трето и трето ние сега се палиме на тоа што тие го имаат проживејано пред 30 години. И кој и спортист да го прашаш, ќе добиеш одговор дека публиката е таа што му дава тон на натпреварот, односно на квалитетот на играта....
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Пффф

За занмињата ајде иде некако,али не верувам дека и во тоа ке не сопрат.Али ова бе??????? да не навиваме гласно :pos: што ке видиш што ке нечуеш... па и за алкохолот тоа секад така збореле пред некое европско,али пак ке се точи пиво,не се будали некој промет да не прави... молим ти се :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.818
Поени од реакции
72.174
Види вака Мурешан, далеу од тоа дека е исто да се игра со публика и без публика. Исто така и бројот на гледачи игра огромна улога. А најважно е секако бодрењето на сопствениот тим во вистинските моменти и на вистински начин за разлика од неартикулираното урлање во било кој дел од играта. Прво и прво спортот потекнува од Англија, второ и второ организираното спотско навивање (фирмите) потекнува од Англија, а трето и трето ние сега се палиме на тоа што тие го имаат проживејано пред 30 години. И кој и спортист да го прашаш, ќе добиеш одговор дека публиката е таа што му дава тон на натпреварот, односно на квалитетот на играта....
Друже Англичаните имаат најквалитетна лига затоа што имаат најбогати спонзори и најголема традиција. И онака најаките Англиски клубови во изминативе години имаат се помалку Англиски играчи. Нивната репрезентација може да сонува да заигра во четврт финале на некое натпреварување а камоли да биде рамо до рамо со Шпанија, Германија, Италија Франција итн...
Муабетот мој беше што придонеле одлуките после Хејсел за подобрување на лигата?
Пошто ти пиша дека дуел од Чемпионшип дивизијата бил поквалитетен од дуел од Сериа А.
Ти рече да се прекинеле сите спортски манифестации на Балканов, за да сме добиеле на квалитет или бар јас така сум те сватил ;)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Значи вие читате убаво или не?

Во Република Србија забрането е продавање и конзумирање на алкохолни пијалоци два часа пред и два часа по завршувањето на натпреварот и на оддалеченост од еден километар од спортските арени во Белград, Ниш и Нови Сад, како и 300 метри од салата во Вршац. Во сите спортски арени е забрането пушењето.
Нема да се продава алкохол 2 саата пред и по натпреварите во местата околу салите, не дека би забраниле некој со повеќе промили во крвта да влезе. Како што читам од постовиве повеќето имаат сфатено дека трезен треба да си 24/7.

Насловот на оваа статија е бомбастичен како на театар да ќе се оди а всушност вакви регулативи важат многу одамна.

Баш поради спречување на хулиганизмот и тепачките еве во Англија дербито Манчестер - Ливерпул секогаш се игра во попладневен термин и не се продава алкохол во близина на стадионите. Знамиња големи кажав, исто така ретко каде може некој да ве пушти во сала со такво.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Само по овој пример и се ќе биде во ред :)
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Чек а кај се одржува првенството во универзална сала или во МНТ!?

Глупости на кило. :tapp:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Муабетот ми е дека би бил доволен адреналинот од самото присуство на 4-5 илјади македонски навивачи таму.Сигурно во таква атмосфера не ќе е потребно да се начукаш за да урлаш, барем мене не ми било.Како шо кажа и ти атмосфера на милион други начини ќе имат.Ама свесни сме какви сме, чисто од инат голем дел би изреагирале обратно.На крај, ако некој е со желба за пиење по пат до Ниш имат доста мотели и бензински.

Ајде тој дел е ок, ама за тапаните и знамиња забрана?

Спортот не е театар!Која е убавината да седиш во сала да ја гледаш својата репрезентација и да бидиш смирен (или да гледаш преку тв - уште помртво)?Ако не па ај да не носат ниедно знаме исто како маалски екипи да се на ЕП, а не репрезентации.
Знамињата не се забранети, кај го прочита тоа?
Забранети се покривни знамиња кои зафаќаат цела трибина, такви знамиња веќе неколку години се забранети секаде во Европа.
Гласно навивање не е забрането и гласно навивање не може да биде забрането. Забранети се реквизити кои прават непотребна галама (вувузели, пластични звиждалки, мегафони, оние на воздух тубине итн итн) и фала богу што ги забранија. Исто така метални предмети кои можат да се искористат како оружје се забранети. Нема тука ништо спорно.
Овие закони се насекаде во светот и во Европа.

И престани со тие твои постови како некој знамињата ни ги забранува, звучиш патетично.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Знамињата не се забранети, кај го прочита тоа?
Забранети се покривни знамиња кои зафаќаат цела трибина, такви знамиња веќе неколку години се забранети секаде во Европа.
Гласно навивање не е забрането и гласно навивање не може да биде забрането. Забранети се реквизити кои прават непотребна галама (вувузели, пластични звиждалки, мегафони, оние на воздух тубине итн итн) и фала богу што ги забранија. Исто така метални предмети кои можат да се искористат како оружје се забранети. Нема тука ништо спорно.
Овие закони се насекаде во светот и во Европа.

И престани со тие твои постови како некој знамињата ни ги забранува, звучиш патетично.
А ти звучиш како да не си бил никогаш на утакмица на репрезентација?Зошто да се забранат тие горе набројани работи (освен вувузели)?Па уште и фала богу напишал :tapp:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.723
Поени од реакции
6.362
Абе што се губат овие,каков е тој закон дека мора 3 тапани најмногу да има во сала хаха,али ок и без разлика на тоа ние ке направиме најлуда атмосфера и противниците ке се чудат:)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Исто така се молат навивачите двајца по двајца, фатени за рачиња на прсти, кроце, тивко да влегуваат во салата. :pipi:

П.С Јас мислам и ние пред телевизор да се солидаризираме, ни пиво, ни бутур да не пиеме и да не бидеме многу гласни, комшиите да не се налутат. :icon_lol:
 

factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Друже Англичаните имаат најквалитетна лига затоа што имаат најбогати спонзори и најголема традиција.
Друже Англичаните имаат најбогати спонзори затоа што имаат најквалитетна лига по сите параметри. Па не е будала Абрамович да оди во Италија и да инвестира во Рома-Лацио-Фиорентина и слична боранија за да во публиката му доаѓа пијана и надрогирана багра и да има повеќе настани на трибините отколку на теренот. Англичаните не се гомнари како жабарите па да ги мразат странските играчи затоа што се подобри од домашните - тоа ти е батка чист професионализам!!! Не како во Лацио кога за Пандев викаа дека бил мртов за јадење кога дошол и дека тие го нахраниле па затоа требало да им игра цел живот за ситни пари. Кој е подобар тој ќе игра!! Кој игра, тој ќе заработува!!! А не Симоне Инзаги зеде милиони а потоа требаше Пандев и Ледезма да ги одработуваат...

Секогаш кога играат Лацио и Рома, Палермо и Катанија, Џеноа и Сампдорија на улиците се води вистинска војна. Во Италија на стадионите публиката стои зад решетки како да се мајмуни во зоолошка градина, Во Англија во публиката одат цели семејства со деца, таму тоа е првокласна забава. Спонзорите сами се такмичат помеѓу себе околу купувањето на клубовите или спонзорството на стадионите. Во Италија се богати само клубовите што имаат супербогати спонзори што даваат пари од свој џеб за да ги држат клубовите компетитивни....
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.818
Поени од реакции
72.174
^ Друже ја отеравме темата во сосема друга насока.
Вакви муабети можеме да правиме во подфорумот за фудбал, те цитирав само затоа што имаше напишано дека требало да се укинат сите спортски манифестации на Балканот и ради тоа што одлуките по Хејсел ги поврза со квалитетот на Англиското првенство.
Тоа што ми кажуваш е сосема вон темата и нешто за кое горе доле делам исти ставови.
Освен дека атмосферата во Англија била подобра од таа во Италија :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom