Што правите бре?

Член од
27 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
42
Ја Отварам оваа тема се со цел да се разгледа интелегенцијата на македонскиот народ... Прво да се дистанцирам од тоа дека сум партиски определен за да се оддалечам од било која лоповски-лажачка група(партија) во македонија. Ме интересира како може пред некој ден ги гледав граганите како јавно изразуваат задоволство од разботата на владата во годината која измина. па не е можно бе луге мои некој едноставно секој ден по ден буквално да ви цица крв и вие пак да го фалите јас стварно нзн од што се задоволни од амнестијата на хашките случаи од спомениците кои вредат кизне колку а имаме невработеност од 34 проценти или ни кажуваат дека порсечна плата е 300 евра а имаме шнајдерки кои земаат по 6000 ден плата и тоа во сите градови во велес штип прилеп битола тетово кочани куманово и сигурни има повеке во помалите градови само немам информација и нека не земаат по толку сеа ке рече некој повеке земаат еве нека земаат и по 10 000 ден а просечната кошница за прехрана е 12 700 ден а СТРУЈА ВОДА КАБЛОВСКА РАДИОДИФУЗНА ТАКСА ИНТЕРНЕТ ОБЛЕКА, а да не зборувам за тие кои имаат СТУДЕНТИ минимум по 50 евра во студенски и плус патни трошоци уште по 1000 минимум тие што седат по станови кои немало место во студенски или неможат да спијат учат гледаат нехигиена во студенски тие којзнае колку ги чини месецот(Жал ми е за лугето па подобро да не пресмитувам) . Државната администрација викаат дека има просек 300 евра и тоа е сомнително но сигурен сум дека има позиции каде што земаат и по 3000 евра плата и го креваат просекот на цела фирма па така некако излегува и сега кога државната администрација неможе да одвои денар настрана за црни денови вие ке кажете колку ни е убаво овде ве молам воздрежете се партиски коментари и пред овие не беше убаво за живот ама тогаш барем немаше споменици казните не беа толку големи(ајде ке речите кога грешат кои им е крив нека плакаат ама знаете дека се живо и диво се казнува мора буџетот да се полни од негде посебно од 20 па натака кога им каснат платите на полицијата инспекторите и сл. ) Да не должам мн има уште мн аргументи можам да да речам АЛАЛ ВЕРА МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ КАКО ИЗДРЖУВАШ уствари научен си е тој 500 год под турско ропство тогаш барем се знаел дека си роб и мораш да им служиш а сега е полошо а го викаат демократија уствари е модерно ропство ...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.204
Поени од реакции
34.441
А каде живееш ти уствари?
 

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Момак, капитализам е, еби или ќе те ебат. Луѓето живеат од тие партиски книшки.
 

David^^

Ристовски
Член од
9 декември 2011
Мислења
165
Поени од реакции
42
Си слушнал за право на лично мислење и определеност?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.239
Поени од реакции
26.094
ЈМе интересира како може пред некој ден ги гледав граганите како јавно изразуваат задоволство од разботата на владата во годината која измина.
Значи ако ти не се согласуваш, не е можно некој да е задоволен и тоа е глупо. Кој си ти, носителот на апсолутната вистина, Бог лично? :vozbud:
 

David^^

Ристовски
Член од
9 декември 2011
Мислења
165
Поени од реакции
42
Значи ако ти не се согласуваш, не е можно некој да е задоволен и тоа е глупо. Кој си ти, носителот на апсолутната вистина, Бог лично? :vozbud:
Така си е :)
Инаку оро играме. Ти што правиш?
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Мораат да викаат така бе друже... иначе знаат дека ако се пожалат уште вечер ќе ги најдат кои се што се и следниот ден ќе им се закануваат со отказ на нивните најблиски. Прекрасно ни е во државава затоа тие што имаат малце мозок и се образовани фаќаат патот надвор од неа а другите зимаат бугарски пасоши и бараат работа низ европа.
Ама сето тоа не се случувало оти била лоша состојбава тука.. туку тие си одат оти се предавници а не патриоти... и како ти уствари очекуваш да се крене овој народ против оваа фашистичка влада, кога оние што имаат моќ зависат од неа.. а тие што немаат, можат само да штрајкуваат или да загинат негде попат.. така случајно.. знаеш несреќи се дешаваат..
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Во секоја држава ги имаш истите давачки. Шивачките нормално дека ќе ги платат 6000, најниско платена работа е не само во МК туку секаде.
Невработеноста е последица на претходниот систем во кој многу останаа без работа заради матната приватизација. Треба време додека се си дојде на свое место. Македонија оди во нагорна линија тоа е факт и за брзо време ќе фатиме чекор со европските земји.
Доста се жалите, има и многу полошо.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Иначе за темава, луѓето си се задоволни. Кој е задоволен ќе брани, кој не е ќе куди.
Тие што се задоволни сигурно не се задоволни на лепе очи, си имаат некои свои предности и убоо им е. Не знам што е тука чудно да си ја фалат владата што ја гласале.
 

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
tl;dr

Еве по дома си досадувам , читам Кајгана форум , симнувам некој филм , опуштено ...
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Како на пример, кој?
Никој друже... ти само продолжи да си читаш бајки и да уживаш во демократијата... :) ако досега не си сватил ништо.. нема ни сега да сватиш..
 

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Пријателе тебе ти пукнал филмот изгледа а ?

Полека, опуштено, смири се.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Па не би рекла дека народот е до толку незадоволен, али стандард за Македонче е да си се жали. Единствено, во државава кај нас мислам дека се незадоволни тие што не прават ништо, ама баш ништо за да успеат. Не можеш ти да очекуваш од ведро небо пари да ти паѓаат. Реално стандардот ни е лош, али замисли може да биде и полошо.
Тоа дека во нашава педа од државичка се случуваат промени (кои некој ги сваќа позитивно а некој негативно, нели не може на секој да му се погоди), мене искрено ми одговара, земајќи во предвид дека во претходните години ама ни сантим не сме се поместиле од место. Тоа што има високи казни, и тоа ми одговара, земајќи во предвид дека внимавам да не прекршам некој закон, што значи мене казна не ми пишале. Ако почне секој еден, како поединец да внимава, верувај супер ќе ни биде. Ама ете, ние сме се научиле, абе ајде ќе ми пишат казна ќе најдам пријател и ќе ми ја скине, мислиш тоа позитивно е? Па не е, нормално дека не е, зашто не секој има пријател за да му ја скине таа казна. Тоа што го кажуваш за студентите, реално трошок е ... ама ако толку многу му смета на студентот тоа, нека почне да работи. Еве и ја бев студент, и мене не ми стигаа тие пари што моите можее да ги одделат за мене, па цели мои студии ги завршив работејќи. Ми фали нешто? Не. Имам за што да се жалам- не!

Тие што ги кажуваш дека работеле за 6000 денари- кој име крив?
Нека не работат за 6000 денари, нека се побунат сите заедно и тој работодавец, сакал неќел ќе зголеми плати. Тука следи муабетот, ама ако се побунат тие, работодавецот че најде други што ќе му работат за 6000 денари. Е па друже, проблемот не е во државата, туку во менталитет на македончето, кое што не знае да се цени себеси и поради тоа ни паѓа стандардот. Ако јас, како поединец, си поставам цели во животот дека ќе си го ценам трудот и нема да профатам работа која што има пониска плата од 300 евра, тугаш ќе се стремам кон тоа и тоа ќе ми успее.

Не може, луѓе со никакво образовани, со никакво искуство, и буквално за ништо да не ги бива, да се жалаат дека немаат пари. Тоа, кај нас значи дека постојат паразити во државата.

Не треба да се буниме против било која влада која прави нешто, треба да се буниме против народот кој не прави ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom