Унгарците со устав се бранат од исламизација

Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Види, не реков дека Унгарија со уставот ќе стане класична теократска држава, туку дека е на тој пат. Друго, многу е поважно во кој контекст е спомената МПЦ.
ОК, те разбирам. Ама со самото тоа што се издвојува од другите и се дава на важност, нели?

Инаку, воглавно, се согласуваме дека религијата и државата треба да стојат одвоени. Ама „стравовите“ дека Унгарија забегува во теократија ти се неосновани. Тешко дека црквата ќе стане помоќна од Фидес. Повеќе ќе биде дека Фидес ја користи црквата за борба против екс-комунистите. Одамна заминаа времињата во Европа каде политиката беше алатка на црквата. Сега е обратно.
 
H

HITCH

Гостин
Ај, сега врати се назад и прочитај ги мислењата на последниве 2 - 3 страни на темава! Џабе објаснуваше, џабе се силеше.
Насловот и темава се погрешно отворени. Во унгарскиот устав нема проблеми со религијата, има други проблеми.

Нема смисла повеќе да зборуваме за нешто што не постои.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Ај, сега врати се назад и прочитај ги мислењата на последниве 2 - 3 страни на темава! Џабе објаснуваше, џабе се силеше.
Насловот и темава се погрешно отворени. Во унгарскиот устав нема проблеми со религијата, има други проблеми.

Нема смисла повеќе да зборуваме за нешто што не постои.
Со новиот устав само 14 христијански деноминации се официјално признаени од државата... Другите, муслимани, евреи, будисти, хиндуисти... нек се сликаат. Ти ако не гледаш проблем со религијата во новиот устав, до тебе е...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
ОК, те разбирам. Ама со самото тоа што се издвојува од другите и се дава на важност, нели?

Инаку, воглавно, се согласуваме дека религијата и државата треба да стојат одвоени. Ама „стравовите“ дека Унгарија забегува во теократија ти се неосновани. Тешко дека црквата ќе стане помоќна од Фидесз. Повеќе ќе биде дека Фидесз ја користи црквата за борба против екс-комунистите. Одамна заминаа времињата во Европа каде политиката беше алатка на црквата. Сега е обратно.
Мислам дека одсекогаш црквата била алатка на политиката, пошто инквизицијата и крстоносните војни се политички чекори, а не религиозни.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Ама „стравовите“ дека Унгарија забегува во теократија ти се неосновани. Тешко дека црквата ќе стане помоќна од Фидес. Повеќе ќе биде дека Фидес ја користи црквата за борба против екс-комунистите. Одамна заминаа времињата во Европа каде политиката беше алатка на црквата. Сега е обратно.
Тука се согласувам. Таа класична теократија тешко дека пак ќе ја видиме. Нешто за што сум сигурен, е дека ќе бидеме сведоци на уште една злоупотреба на религијата од држава која сега има теократски елементи во својот устав.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Мислам дека одсекогаш црквата била алатка на политиката, пошто инквизицијата и крстоносните војни се политички чекори, а не религиозни.
Може да се рече, ама сепак, тогаш улогата на Ватикан била многу поголема. Во најмала рака бил рамноправен партнер. Сега улогата на верските водачи е доведена до ниво на статисти, што доколку одбијат да ја одиграат улогата ќе ја изгубат главата.
е дека ќе бидеме сведоци на уште една злоупотреба на религијата од држава која сега има теократски елементи во својот устав.
Злоупотреба на религијата е нешто што во континуитет се случува. Сигурно не сите американски претседатели досега се верници. Ништо туѓо за политичарите и многу олеснето со високото ниво на корумпираност на свештеништвото насекаде низ светов.
 
H

HITCH

Гостин
Со новиот устав само 14 христијански деноминации се официјално признаени од државата... Другите, муслимани, евреи, будисти, хиндуисти... нек се сликаат. Ти ако не гледаш проблем со религијата во новиот устав, до тебе е...
Не го читај Латас, главата ќе те заболи!


We recognise the role of Christianity in preserving nationhood. We value the various religious traditions of our country.
Article VII
(1) Every person shall have the right to freedom of thought, conscience and religion.
This right shall include the freedom to choose or change religion or any other persuasion, and the freedom for every person to proclaim, refrain from proclaiming, profess or teach his or her religion or any other persuasion by performing religious 11 acts, ceremonies or in any other way, whether individually or jointly with others, in the
public domain or in his or her private life.
(2) The State and Churches shall be separate. Churches shall be autonomous. The State shall cooperate with the Churches for community goals.
(3) The detailed rules for Churches shall be regulated by a cardinal Act
Повели, целиот Устав, клик. Ако од ова не ти е јасно, не знам друг начин да ти објаснам. Слободно прочешлај го целиот Устав на Унгарија. :icon_lol:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Токму тука е најголемиот проблемот, НЕ СМЕЕ да има главна религија во секуларна држава, со тоа се руши основниот столб на секуларизмот.
Под „главна“ религија, се мисли на религијата која преовладува.

Уставните уредувања на земјите кои официјално се вбројуваат како секуларни, честопати суштински се разликуваат, затоа и не можеш сите држави да ги ставаш во иста вреќа. Како на пример Франција версус Турција.

Преовладувачката христијанска религија на Велика Британија, Грција, Финска, Норвешка, Данска, Исланд, Канада, Малта, Монако, Грузија, Лихтенштајн е воспоставена за официјална државна религија и црквите имаат официјален статус признаен од државата.

Има многу други земји кои посебно го издвојуваат Католицизмот во своите Устави, меѓутоа не го воспоставиле за државна религија: Италија, Словачка, Шпанија, Полска, Португалија, Аргентина и др.
Иако Швајцарија нема официјална државна религија, Католицизмот е воспоставен за официјална религија во сите останати освен 2 кантони.

Од сите држави во Европа, само Ватикан е теократија.

Според сето ова, ништо и во никој случај не ја прави полоша Унгарија од остатокот на Европа, ниту пак сите овие европски земји кои ги споменав се на граница на теократии или пак против секуларизмот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Може да се рече, ама сепак, тогаш улогата на Ватикан била многу поголема. Во најмала рака бил рамноправен партнер. Сега улогата на верските водачи е доведена до ниво на статисти, што доколку одбијат да ја одиграат улогата ќе ја изгубат главата.
Едноставно политичката моќ лежела во религијата, на некој начин слично како што во денешно време имаат улога медиумите.

Значи како што во денешно време за една политичка структура значи контрола врз некој медиум, така и за тоа време значело контрола на некоја религиозна заедница. Инквизицијата е инструмент кој го користи авторитетот на црквата, во рацете на некаква политичка структура. Во тој момент таа политичка структура играла преку папата.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Не го читај Латас, главата ќе те заболи!
Реков, не го ни прочитав воведниот текст, не е од Латас тоа... http://www.catholicculture.org/news/headlines/index.cfm?storyid=12860
The new Hungarian constitution, which protects life from the moment of conception and bans same-sex marriage, will also have an impact upon religious freedom.
Writing in The New York Times, Kim Lane Scheppele, director of the Program in Law and Public Affairs at Princeton University, says that the new constitution, which took effect on January 1, discriminates against Islam, Hinduism, Buddhism, and several Protestant denominations, as well as against many Catholic religious orders.
Scheppele writes:
What does the law on churches do? It creates 14 state-recognized religions, and decertifies the rest. On January 1, over 300 denominations lose their official status in Hungary--including their tax exemptions and their abilities to run state-funded schools.

While most of the denominations are tiny, many are not. Among the religions that will no longer be able to operate with state approval are all versions of Islam, Buddhism, Hinduism and Baha’i, as well as many smaller Catholic orders including the Benedictines, Marists, Carmelites and Opus Dei, and a number of major Protestant denominations including Episcopalians, Jehovah’s Witnesses, Seventh Day Adventists, Mormons, Methodists, and all but one of the evangelical churches. One each of the orthodox, conservative and liberal Jewish synagogues are recognized; but all other Jewish congregations are not.
Нормално дека со овој устав Унгарија нема автоматски да стане теократска држава, но оди по тој пат. Никогаш не мислев на класична теократија, ама не стигнав убаво да се изјаснам зошто темава заглави на атеизам, секуларност и теократија бидејќи на некои луѓе не им се јасни основни поими. Тоа што овој устав овозможува, е понатамошно инкорпорирање на повеќе теократски елементи во законот, со цел за полесна контрола. Делумна теократија како алатка за контрола.

Со уставот, Унгарија ја губи неутралноста спрема религиите.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Секоја група собрана околу некоја идеологија (вклучувајчи ја и религијата) се бори за превласт и влијание, тоа е неспорно. Ако таа структура во одредена држава со своето влијание направила да се донесат закони во нејзина корист, преку легални патишта, глупо е да се осудува тоа, пошто промена на уставот бара 2/3 легално избрано мнозинство.

Како и во минатото така и сега одредена религиозна заедница ќе подржува одредена политика структура, исто како што атеистите би подржале политичка структура која нив највеќе им одговара. И за возврат таа религиозна заедница(или група граѓани атеисти), како гласачи на таа структура, ќе бараат некои резултати во нивна корист, за да гласат повторно за таа структура. Тоа е нормална игра во политиката.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Не го читај Латас, главата ќе те заболи!

We recognise the role of Christianity in preserving nationhood.We value the various religious traditions of our country.
Article VII​
(1) Every person shall have the right to freedom of thought, conscience and religion.​
This right shall include the freedom to choose or change religion or any other persuasion, and the freedom for every person to proclaim, refrain from proclaiming, profess or teach his or her religion or any other persuasion by performing religious 11 acts, ceremonies or in any other way, whether individually or jointly with others, in the​
public domain or in his or her private life.​
(2) The State and Churches shall be separate. Churches shall be autonomous. The State shall cooperate with the Churches for community goals.
(3) The detailed rules for Churches shall be regulated by a cardinal Act
Повели, целиот Устав, клик. Ако од ова не ти е јасно, не знам друг начин да ти објаснам. Слободно прочешлај го целиот Устав на Унгарија. :icon_lol:
HITCH, ех што си и ти незгодна значи... Таман помислија дека ќе може да тролаат до 101 и назад ти ги сечеш во корен.
Тууу, таман "ме уверија" дека кај да е Унгарија ќе почне да пали луѓе (атеисти) на клада, кога тоа немало врска.
Не расипувај забава вака, нема смисла... ;)


Туку имам јас едно прашањце до Френки и Абадон, којшто нели ја застапуваат "СЕКУЛАРНАТА ДЕМОКРАТИЈА" со таква ревносност чиниш религиозни зелоти се :rolleyes:.

- Што сметате вие господа за САД, таа држава "секуларна демократија" ли е според вашите стандарди, или не е?
 
F

Frankie Yale

Гостин
Супер, уште една будала што појма нема за што се дискутира овде... :(
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Туку имам јас едно прашањце до Френки и Абадон, којшто нели ја застапуваат "СЕКУЛАРНАТА ДЕМОКРАТИЈА" со таква ревносност чиниш религиозни зелоти се :rolleyes:.
Мене ме подсеќаат на инквизитори. Светата инквизиција во лов на печатни грешки и логички неправилности.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Мене ме подсеќаат на инквизитори. Светата инквизиција во лов на печатни грешки и логички правила.
Јас мислам дека ти ќе ги бараш, ќе плачеш по атеистите кои вербално те шамараа и ги исправаа твоите детски логички грешки ако некој инквизитор те набие на колец или муџахедин те обеси. Споредбата ти е супер, не викам не.

Се накотивте тролови на темава, ај му ја дувнувам и јас овде. Другите видоа дека нема чаре.

И не заборавајте, атеистите се комуњари! Сите до еден...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom