Па според она досега што го знам, муслиманите, особено Турциве се нула во поглед на воена стратегија.
Да земиме пример... еве Ирак на Садамчо, во Заливската војна.
При инвазијата на Кувајт направи голем број стратешки грешки кои резултираа со огромна загуба во технологија и луѓе за Ирак, а од регионална сила, Ирак стана земја со никакво влијание.
Прва голема грешка што Ирак ја направи при инвазијата е незавземањето на Саудискиот стратешки град Кафџи (или како и да се пишува). Доколку Ирак го завземеше тоа мало, но од стратешка гледна точка многу битно градче, на Американците ќе им требаа години за да распоредат војски (или огромни војски што значи огромен ангажман и огромни трошоци), далеку отежнат влез во Кувајт. Едноставно, тоа место беше влезот за во Кувајт. Потоа, додека траеше нападот, најдобар начин да се елиминира големата предност во технологија што ја имаа Американците беше да се организира урбана војна, со поставување на војска во главниот град на Кувајт. Тоа значително би ги закочило Американците. Трета грешка на Садамчо е автопатот на смртта, незаштитеното повлекување на армијата...
Ова е само дел од катастрофалниот начин на војување кај муслиманите, кој на големо се покажа и во Ирачко-Иранската војна, каде таа војна беше потполна стратешка и тактичка дупка и за двете страни.
Друг пример за катастрофално војување се Арапските земји околу Израел. Иако поседуваа далеку повеќе борбени машини, во некои случаи и понапредни, недостатокот на знаење пред се ги доведуваше до катастрофални порази.
Случајот со Турција... во последните 200-300 години, сами немаат добиено ниедна војна. Очајнички лошо организирани на своја територија, претрпувале порази од многу помалубројни армии, кога се чинело невозможно да бидат поразени, сепак биле поразувани и голем број неуспеси.
Пакистан со Индија исто така лошо изиграно.
Има уште многу за набројување.
Не е дека немале и победи, постоеле и победи, но поразите се премногу.
Сите овие настани, поточно исходот, те ставаат на мислење дека без разлика на технологијата, бројноста или територијалната предност, муслиманите се слаби војувачи.
Би ми било драго да ми покажеш дека не е така, или пример кој се разликува од погорните (само немој со Авганистан, пошто и таму се работи за стратешки неуспех, причините за добивање на војната се други), нешто што не знам...
--- надополнето: 28 декември 2011 во 00:43 ---