"Те обожавам"

gospel&Diabolical Divine

емоционално мртов
Член од
18 јануари 2011
Мислења
83
Поени од реакции
201
Локација
streets of loneiness
Видеово кажува се :icon_mrgr:

P.С: Ацид те обожавам, и сите останати модератори на форумов, ве обожаваам :icon_lol:
 
Следува надополнување на правилникот од форумот :
За секое лицемерие „привремен“ бан во времетрање до наредната промена на сите модератори :cool:
 
Тешки дроги земаат стариве во последно време:facepalm:
 
Иако е во ЧДА, оваа е сериозна политичка и филозофска тема, може за у форумот психологија/филозофија, но политика нема на форумот, така да да си го кажам мислењето пред да отиде темата у канта.

Овој пример за жал е денес македонското општество, типично македонски-полтронизам, лижење и лицемерие на сите страни.

80% од членовите на ВМРО-ДПМНЕ се вакви, особено новите кое се накотија како членови некаде 2007/08 година, нит ги интересира партија, ни идеологија, само гледат да се огребат некако за нешто, на форуми/фејзбуци/блогови/весници/дебати/ ќе кажуваат и пишуваат се најубаво за партијата и лидерот кој иначе не можат да го смислат. Кога еден ден ДПМНЕ нема да биде на власт сите ќе се разбегаат во новата владејачка партија, се ќе пукне како балон.

Не дека само ВМРО е така,но ВМРО е долго време веќе на власт и привлече голем дел народна маса, и СДСМ не би бил поразличен, всушност тетки како оваа се истите тие жени кои на времето коси кубеа и од уста не го вадеа нивниот „фраер“ Бранко, оваа и Мирка Велиновска се пример за такви госпоѓи.

Ако веќе пред камера го изјави оној вториот дел дека лицемерно го кажала првото, зошто директно не му го плесна на Грујо, таквиот гест ќе беше многу подобар, вака истиот ефект го направи си призна дека е лицемерка, а ем Грујо го знае тоа. ( а го знае оти фрик за попиларност како него секако го видел оваа видео).
 
Јас би рекол дека оваа жена е првиот резултат од објавената психолошка војна на Бранко Црвенковски. СДСМ врие од вакви членови кои се свесни за добрата политика на Груевски но немаат врски за да добијат некое работно место и ради тоа се лицемерни и плукаат и кога треба и кога не треба.
 
Најефтино нешто што го имам видено, јас разбирам лицемерие ама дома со твоите, а не пред камери и онака Груевски ќе биде известен за ова.
Јас на ваквите на пасошите црн печат и нека работат во некој фри-шоп.
 
Мене старава ми е закон. Сигурен сум дека Гујо и компанија ја чуле и виделе отпосле и сфатиле дека жената им го направи истото тоа што тие (и сите партии и политичари во државава) му го прават на народот со години. Пред нив зборат едно позади грб прават друго.

Цела држава ни е таква... лицемерна. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom