Во ова америкава фали уште емисија за избор на мали транвестити.
Инаку, ПурплПума сестра ти или било кое дете дома се шминка од што му е интересно, од што сака да личи на мајка и или сестра и кога се спремаат на работа, а всушност не знае зошто е тоа така.
Со педофилски натпревари од горенаведениот тип, на детето уште како мало му се всадува во глава, дека за да победи на нешто, за да биде забележана од некој и за да биде пофалена, мора да се шминка и оскудно да се облекува. Е така се создаваат спонзоруши.
Да те чујат феминистките ќе те обесат за чупаните веѓи.
Ме заболе мене како за сите, така и за нив
А која е разликата, ако има натпревар некаков овде во Мк, и сестра ми сака и таму да ја шминкам (не да се шминка сама, знае дека не и успева)?
Сестра ми ја има гледано оваа емисија и сме зборувале, се радува на делот дотерување шминкање фризура, но кога ќе и спомнам чупање, депилирање... у несвест паѓа. Релативно зошто со мене ја имам однесено на депилација, немаше кој да ја чува. Можеби траума и предизвикав, па врколак ќе стане кога ќе порасне.... оф топик де.
Како и да е, никогаш не би го променила личниот опис на детето, но би го разубавувала. Сите го правиме тоа. Кога ќе ни се роди бебето, одма го туфкаме со шалчиња и капчиња со мечиња и срциња, никој не се фати за бело, без никаков детал на него да го облече бебето. А ако се од оние, кои не знам како да ги наречам, ќе почнат бебето да го китат со злато, а на први Цветници и ушите ќе му ги дупнат. Јас не би дозволила да му го допрат увцето а не да му го дупнат, но се што може да се стави/извади/избрише (шминка, пример) не ми е проблем. И да, планирам ако имам ќерка да ја научам да биде принцеза
--- надополнето: 27 декември 2011 во 15:31 ---
Дете мое таке НЕ!!!
Нема теоретски шанси ма колку и да сака. И јас сакав како мала да бидам манекенка и се фрцкав низ дома ама фала им на моите што никогаш не ме сфатија сериозно. Научив барем кои се вистинските вредности во животот и дека убавината е "најважната" СПОРЕДНА работа во светот.
Првенствено тие девојчиња во психолошки аспект се насочуваат кон погрешната страна (настрана тоа што ги шминкаат,депилираат и тапираат). Колку и да го сакаат тоа, сепак децата на сцена се подложени на стрес. Уште на самиот натпревар се под притисок и се натпреваруваат која од нив е поубава и која да победи. Зарем на тој начин треба да се воспитува едно дете?
Во суштина нивните мајки си ги остваруваат своите неостварине соништа преку своите девојчиња, но не ми е јасно, каде им е паметот на татковците во приказнава?
Мене не ми е јасно, зошто влегувате во крајности. Прво и основно, детето е под стрес и на Америкас Гот Талент, па сите плачете на Кони Талбот ( и јас, исто така). Под стрес е и пред натпревар по флејта, па ок е тоа.
Демек, само на избор за убавина е под стрес?
И зошто моделството и манекенството се погрешни вредности? Сите сакаме убаво: убава музика, убава облека, убаво декорирана соба, убаво милениче, убав партнер, и демек, сите имаме погрешни вредности?
Моделството и манекенството, се исто така, професии, и погледни ја една Адријана Лима - не повеќе. Демек, таа има погрешни вредности во животот?
И зошто си среќна што твоите не ти дозволиле да бидеш манекенка? Ако имаш предиспозиции, нормално, не гледам зошто да не. Камо среќа, покрај Катарина, да имаме уште некоја Македонка која ширум светот ќе не претставува со својата убавина.
--- надополнето: 27 декември 2011 во 15:43 ---
Хаотично искомплексирани мајки неможам пократок опис да дадам на целава оваа педо/шарада, па уште како им се дерат на децата и плус притисок кој им го ствараат, ја би отишла и сите со бомба би ги дигнала тоа гнасите дебели издувани во мозокот, ги земале децата ги шлакаат со шминки, перики, вештачки заби, душа им вадат за да бидат демек најубави, па кое дете побогу е грдо аман?!
Премногу „демократија“ не е арно, и ова треба да се забрани со закон, аман веќе од вакви не нормални појави, кога еднаш ќе разберат и ќе ги остават децата да си го живеат детството безгрижно такво какво што и треба да е.
Да, има убави и грди деца. На пример, второво ми е помило да го гледам на ТВ, него првото.