Снег

L

Lu

Гостин
Знам дека е старо и скоро сите го знаат, и дека Босанскиот оригинал е подобар, ама еве, ќе се најде некој што прв пат го чита

ДНЕВНИКОТ НА НАШИОТ ИСЕЛЕНИК ВО КАНАДА

12. август
Се вселивме во новата куќа во Канада. Многу сум возбуден. Овде е многу убаво. Планините се прекрасни. Едвај чекам да ги видам прекриени со снег.

14. октомври
Канада. Најубавата земја во светот. Листовите ги попримија прекрасните нијанси на жолта и портокалова боја. Вчера се возев низ природата и видов неколку елени. Толку се грациозни. Најубавите животни во светот. Ова мора да е рајот. Ја сакам Kанада.

11. ноември
Ден на сеќавањето (Канадски државен празник). Ловот на елени ќе почне наскоро. Не можам да замислам како некој може да убива така убави животни. Се надевем дека наскоро ќе падне снег. Толку е убаво.

2. декември
Ноќеска падна првиот снег. Кога станав видов дека се е покриено со бел покривач. Изгледа како најубавата разгледница. Излеговме надвор, ги исчистивме скалите и приодот, а после се мававме со снег (јас победив). Кога помина грталицата (чистач што го трга снегот на страна) моравме пак да ја исчистиме капијата. Колку убава земја. Ја сакам Канада.

12. декември
Ноќеска пак паѓаше снег. Пак помина грталицата и ја затрупа капијата. Овде е прекрасно.

19. декември
Ноќеска повторно снег. Не можев да ја извадам колата од гаража за да отидам на работа. Овде е навистина прекрасно само што се уморив од ринење снег. Пак ебаната грталица.

22. декември
Ова бело гомно пак паѓаше цела ноќ. Добив жуљеви од ринење и грбот ме боли. Овој мајмунов со грталицата како да се крие позади аголот и само чека да ја исчистам капијата. Шупак.

25. декември
Среќен ебан и посран Божиќ. Уште малку посран снег. Ако било кога ми дојде до рака овој педеров што ја вози грталицата, ќе го убијам. Матер им ебам, што не посипаат сол на улицата па да се стопи побрзо.

27. декември
Ноќеска пак снег. Не излегувам веќе три дена освен што чистам снег кога и да помине грталицата. Не можам никаде да отидам, колата се заглави во снегот, капијата е затрупана, а и ладно е. Кажаа дека ноќеска ќе паднат нови 30см од тоа гомното.

28. декември
Прогнозата беше лоша. Падна пола метар. Ако вака продолжи нема да се стопи до летоска. Грталицата се заглави и тој шупакот дојде кај мене дома да бара лопата. Му кажав дека скршив шест лопати чистејќи го тоа гомното што он ми го фрла пред врата и замалце ќе му ја искршев седмата од глава.

4. јануари
Конечно излегов од куќата. Отидов до продавница да купам нешто за јадење и кога се враќав со колата удрив во еден елен. 3000$ штета на колата. Тие ебани шугави животни треба да се истребат. Сегде ги има. Како не ги убија тоа ловците есеноска..

3.мај
Ја однесов колата на механичар. Неверојатно е колку колата зарѓала од ебаната сол што ја фрлаат насекаде.

10. мај
Се селам на Флорида. Не можам да замислам како некој нормален може да живее во ебанава Канада!
Оригинал верзија :ROFLMAO:

 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Ск е крш, нема ни С, од снег. само малце на крововите, и дува ветер ладно е.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Добро бе да му ебам мајката, Скопје ко у дупка да е. Секаде има убав, асален снег, само тука пропрскува нешто и се лигуши...
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.575
Поени од реакции
1.875
миравци има снег, и тоа бајаги. и ветер дува и уште врне
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Забрана за камиони на планинските превои
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, соопшти АМСМ.

Во пониските делови движењето се одвива забавено по влажни и лизгави коловози со местимични остатоци од снег, додека на повисоките места и планинските превои сообраќајот е поотежнат сообраќај поради поинтензивни врнежи од снег и поголеми остатоци на коловоз после расчистување.

Воведени се забрани за движење само за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража, на патниот правец Маврово – Дебар, на патниот правец Кичево - Охрид преку планинскиот превој Пресека и на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

На патниот правец Градско-Прилеп на планинскиот превој Плетвар задолжителна е употреба на зимската опрема за тешките товарни возила.

АМСМ на возачите им препорачуваме крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење по влажните и лизгави коловози, и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Внимателно и низ клисурите и планинските превои поради честата појава на поситни одрони.

OhridNews​



22.12.2011 09:50​

Прочитана е : 455 пати​



© 2011 Ohridnews.com​
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Изгледа само во Битола има 30+ цм...
И Крушево :)
Четврток, 22 Декември 2011 11:44
Сподели
275
Споделете ја веста со Вашите пријатели
Македонија синоќа ја зафати студен воздушен бран кој донесе врнежи од снег во целата држава. ВоКрушево снежната покривка засега изнесува 30 сантиметри, но снегот и понатаму продолжува да паѓа.


На Кожув снежната покривка изнесува 41 сантиметар, во Маврово 34, а на Попова Шапка 25 сантиметри.



 

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Е ова е снег, а не во Скопје, срање, цело време со прекини врне, од 11 вечер вчера па до кај 1-2, и од 3 и нешто до 5-6 саат, многу малце се фати. Послем сабајлето кога врнеше врнеше безврска, ништо не се фати, и сега скоро се стопи све :tapp:
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
И официјално сезоната на Шапка започнува од сабота! :свиркам:
Снежната покривка е 40 цм, која до викенд се очекува да порасне.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Битолчани, шо се деси со Пелистер реновираа нешто или и годинава сезоната е пропадната?
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Го мрзам скопскиов снег,ама после сликите од Битола со снегот,се селам таму :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom