Ирска

  • Креатор на темата Креатор на темата Rick Wright
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Една од попримамливите туристички дестинации, барем според мене, е дефинитивно Ирска. Невероватни пејзажи, древна митологија, Гинис итн итн.

ireland_3.jpg


Ме интересира дали некој патувал или престојувал некогаш во Ирска ? Какви искуства имате да споделите ?
Исто така, знајме дека ни треба виза за Ирска ( која е бесплатна ). Дали некој вадел „на своја рака“ виза , без помош од туристичка агенција ? Каков е процесот ? Нешо гледав во Братислава се аплицирало за виза.

Let it all loud ...
 
Мене Ирска ми е земја од соништата.Планирам после 18 некако да се преселам таму.
 
Мене Ирска ми е земја од соништата.Планирам после 18 некако да се преселам таму.

A како е тоа некако ? Сакам и ја ако е некако..ама многу е лесно да се каже .....
 
Ја има скоро во секој учебник по странски јазик по основните и средните училишта, претставена како една од најубавите дестинации за туризам и одмор. Не знам многу за земјата, но едно нешто знам - Ирскиот акцент е еден од најјаките акценти >.< : D И јас лично би сакал да ја посетам оваа чудесна земја, па најпрво мислам дека треба да се запознаеме со јазикот, пошо така лесно да се снајдеме без него T.T :P
 
Јас планирав зимава за Лондон да одам и да ја фатам Ирска на трчање ама планот се изјалови нешто, инаку на пролет Ирска е феноменална со цело свое зеленило. Не знаев дека визите биле бесплатни за Ирска, ако има некој нека даде некоја информација повеќе околу тоа.
 
Го сакам местово до лудило! Ќе отидам еден ден, една од моите цели во животов.

 
Јас планирав зимава за Лондон да одам и да ја фатам Ирска на трчање ама планот се изјалови нешто, инаку на пролет Ирска е феноменална со цело свое зеленило. Не знаев дека визите биле бесплатни за Ирска, ако има некој нека даде некоја информација повеќе околу тоа.
Идејата ти е цут!
Треба да се искористат летовите до Лутон на Виз(оти до Даблин не тежи ќесето толку за карта...)па со друг превоз(воз/фери) до Еире!
 
Ирците не се толку пријателски расположени како што се претставени, живеев таму скоро 4 години, убава земја е ама многу е скапо, виза се вади во Братислава а документи исклучиво се праќаат преку DHL со друга пошта не примаат документи, не знам дали е бесплатна визата, јас кога вадев беше 100 евриќи ако те одбијат пропаѓаат парите плус 100 евра за DHL повратна, визата за Англија не важи за Ирска, ке треба преку копно да се влезе во Ирска илегално и тоа преку Шкотска и Северна Ирска, тоа чини околу 80 евра, воз, фери, такси па пак воз до Даблин.
 
Ирците не се толку пријателски расположени како што се претставени, живеев таму скоро 4 години, убава земја е ама многу е скапо, виза се вади во Братислава а документи исклучиво се праќаат преку DHL со друга пошта не примаат документи, не знам дали е бесплатна визата, јас кога вадев беше 100 евриќи ако те одбијат пропаѓаат парите плус 100 евра за DHL повратна, визата за Англија не важи за Ирска, ке треба преку копно да се влезе во Ирска илегално и тоа преку Шкотска и Северна Ирска, тоа чини околу 80 евра, воз, фери, такси па пак воз до Даблин.
Колкава е просечната плата во ИРСКА ??
 
Минимум плата пред 4 години беше 8,5 евра од саат, сега не знам
 
Една од најубавите држави во светот според мене! И би сакал да ја посетам некогаш ако даде господ. :)
 
Ирска се оди за провод не за живот. Авантуристички јас од како сум роден сакам да одам но не испаднала прилика.
Мојата замисла се качуваш на авион директива Даблин .Фаќаш воз и одиш во непознат правец. Застануваш на станицата кога ке ти се здосади од возењето, бараш некој локален паб во местенцето влегуваш и пиеш домашен Гинис со Ирците, секако ги частиш за да ти прават друштво:).
Вечерта продолжува а ти губиш ориентација каде се наогаш но секако си пијан и не се замараш околу тоа каде си!? Почнуваш да пееш некој си стари традиционални Ирски песни од кои абер немаш што се зборува во песната само држиш терца на локалните пијаници. Песните се келтски ,очигледно се зборува за некој како му ја исекол главата не некој си гот и се пофалил пред својота жена а сега таа мора да го слуша да не и се деси и неа истото, значи нема ритам нема рима само се дереш на цел глас а тоа те прави среќен.
Наредното утро се разбудуваш на некоја огромна ливада, главата ти пука како камбаната на Богородичната црква, дехирдирано имаш а вода немаш.:tapp:
Околу тебе само 3 крави по 2 метра високи и 2,5 долги на 1 метро широки, и им објаснуваш дека ти се пие нешто , фактички ги замолуваш за малку млеко а тие само те игнорират -странец си а немаш пари како да ти дадат . Страшно мириса на сулфур , се чудиш на колку метра си до вулканскиот кратер , викаш немој боже те молам немам сила за бегање од лава, не сум спремен за ерупција.
Ги претресуваш џебовите имаш само неколку монети и мапа од Даблин а не си таму:D. Слегуваш до најблискиот автопат 2 ленти по 2 метри и тргнуваш по него пцуејки се како си го зафркнав одморот, каде да одам сега.
Во моментот кога си на врвот на депресија, здогледуваш еден дедо седнат на соседната ливада , со стап во раката и 2 кучиња до него мали ама многу агресивни. Одиш до него да го помолиш за помош. Тој те негира, разочаран е од младината на денешницава те нападува со стап и ти ги пушта кучињата, почнуваш да бегаш, андреналин на максимум. Развиваш брзина од 15km/h дури и Mabel(најбрзиот робот во светот 10,94km/h најголема брзина) ти завидува, си викаш во себе кај се сега овие од гинис да дојдат да видат што е рекорд барем ке ме запамети историјата доколку ме испокасаат кучињава и умрам од беснило или кучешка тенија во оваа пустелија.
. Како што бегаш и почнуваш да размислуваш да се предадеш на дивите кучиња во еден момент зад тебе 2 девојки во некоја мала женска кола како господ англели да прати застануваат за мемент ти само влегуваш и продолжуваат да возат. Облечени во зелено го слават св. Патрик значи се дамла пијани. еве на какви мисламst_patricks_day_05.jpg

Од овој момент можете сами да си фантазирате како ке се вратите назад , јас не знам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom