Тајната (The Secret)

Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Локација
Ново Лисиче
Ја има ли некој прочитано книгава ? какво мислење имате за неа ? незнаев кај да ја ставам,ради тоа тука ја ставив...
 
Според насловов не знам дали се работи за тајна која е воедно и книга (тајна-книга) или за некоја тајна (мистериозна, скриена) книга.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Книгата се базира на Law of attraction, што е исто онолку реално колку и Avada Kedavra.
 
Книгата, филмот, перење на мозок. :)
....книгата функционира... еден затвореник читајќи ја добил идеја....од четка за заби направил оружје.....кога пробале да го силуваат под туш...со изработеното оружје ги избодел силувачите

епилог...завршил во самица но го спасил газот

прочитај ја и ти...можеби и ти ќе добиеш некоја идеја...не суди однапред
 
Ја имаш прочитано ?
Не, нема ни потреба да ја прочитам. Те молам не одговарај со „прочитај ја па после збори, ќе видиш какви чуда има внатре“. Факт е дека книгата се врти околу „законот“ на привлекување, читање на истата нема да ми ги отвори очите за космичките моќи на човекот исто колку што читање на Хари Потер нема да ми ги отвори очите за реалноста на вештерскиот свет.
 
Нема што јас да ти кажувам да ја читаш,пријателе.Чуда внатре нема,не е тоа магична книга со скриено стапче,кое ќе те направи попаметен или незнам што :) само некои работи,кои што се реални,али џабе штом нејќеш да ја прочиташ,сепак твое право.
 
....книгата функционира... еден затвореник читајќи ја добил идеја....од четка за заби направил оружје.....кога пробале да го силуваат под туш...со изработеното оружје ги избодел силувачите
Истата идеја можел да ја добие со читање на Малиот принц или Чекајќи го Годо. Анегдота не е доказ.
 
Твое мислење,почитувам.

Зошто мислиш така ?
Сега на кратко ќе ти пишам, после кога ќе имам време ќе пишам повеќе.
Ме изнервираа главно три работи во книгата, книгата е комерцијална, таа не мрчи на никој, не навредува никој, им се лиже на сите. :D
Се спомнува Судбина, па се спомнува Господ, вели дека тие се едното исто и со сето право им дава исто значење, кој ја прочитал Библијата знае дека овие два поима, збора, како сакаш речи ги меѓу себе се спротивни. Во Библијата стои, само неверниците веруваат во Судбина, додека верниците во Господ. Но не сакам да навлегувам понатаму со ова.
Второ нешто, цело време се повторува дека ако размилуваме негативно, околу нас се шири негативна енергија. Негативна енергија, такво нешто не постои, затоа што во физиката ваков поим не постои, понекогаш потенцијалната енергија ја сметаат за негативна (на онаа висина што е под морското ниво, ако морското ниво е земено како репер), но тоа е само условно, математички.
Потоа зборува за некој си закон за привлечност, или како љубиш преведи го. Не постои закон за привлечност, ако е закон важи секогаш, секаде, без исклучоци. Тоа што го спомнуваат како закон за привлечност е уствари едно добра осмислена психолошка игра, се е смислено за да изгледа книгата ВАААУ. :)
 
Нема што јас да ти кажувам да ја читаш,пријателе.Чуда внатре нема,не е тоа магична книга со скриено стапче,кое ќе те направи попаметен или незнам што :) само некои работи,кои што се реални,али џабе штом нејќеш да ја прочиташ,сепак твое право.
Кои од тие работи се реални и како стигна до тој заклучок?
Self help книга плус Law of attraction се провидни карти кои се играат на човековиот очај. Само еден интересен цитат: Единствените луѓе кои добиваат среќа и пари од книгата се авторот и издавачите.
 
Сега на кратко ќе ти пишам, после кога ќе имам време ќе пишам повеќе.
Ме изнервираа главно три работи во книгата, книгата е комерцијална, таа не мрчи на никој, не навредува никој, им се лиже на сите. :D
Се спомнува Судбина, па се спомнува Господ, вели дека тие се едното исто и со сето право им дава исто значење, кој ја прочитал Библијата знае дека овие два поима, збора, како сакаш речи ги меѓу себе се спротивни. Во Библијата стои, само неверниците веруваат во Судбина, додека верниците во Господ. Но не сакам да навлегувам понатаму со ова.
Второ нешто, цело време се повторува дека ако размилуваме негативно, околу нас се шири негативна енергија. Негативна енергија, такво нешто не постои, затоа што во физиката ваков поим не постои, понекогаш потенцијалната енергија ја сметаат за негативна (на онаа висина што е под морското ниво, ако морското ниво е земено како репер), но тоа е само условно, математички.
Потоа зборува за некој си закон за привлечност, или како љубиш преведи го. Не постои закон за привлечност, ако е закон важи секогаш, секаде, без исклучоци. Тоа што го спомнуваат како закон за привлечност е уствари едно добра осмислена психолошка игра, се е смислено за да изгледа книгата ВАААУ. :)

Како заклучи ти дека им се лиже на сите она ? Не вика дека судбината е иста,тоа е првото.Се збори дека треба да живееш во сегашноста,тоа што го посакуваш,да го посакуваш со се срце,и да се однесуваш така,како да го имаш,и најважното,да веруваш во тоа.Второ,ако си ја прочитал,ќе видиш дека го пушува следново-Наречете го тоа Господ,Алах или како и да сакате наречете го.Во книгата се зборува за моќта на човечките мисли и психа,на што ќе ги насочиш мислите,тоа ќе ти го донесе животот.За тоа,сакаш кажи фала ти Господе,фала ти Алах или Буда,сепак ќе ти го донесе.Поради тоа што никој до сега нема исконтактирано со нив,поради тоа е книгата,дека се е до нашите мисли.Сега ќе кажеш,еве ја сакам мерцедес,зошто го немам ? затоа што не веруваш дека можеш да го имаш,ради тоа и го немаш.Не се фаќај одма за примерот.
 
Back
На врв Bottom