Евентуален напад на Иран!? – дали, кој, зошто, како?

Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Бидејќи се закануваат со бришење на земји од мапата,со ракети,палење знамиња и многу јасно како ден е дека ако Иран добие нуклеарно оружје по дифолт НАТО губи влијание.

Така си е, а тоа е многу поразлична причина од „увезување демократија и обезбедување човекови права„ како што сакаат да веруваат доста луѓе.



Иран е жртва ако гледаме историски,жртва посебно од Ирак-тешка и исцрпувачка војна.

И тоа за историјата си е точно, иако прашањето ми имаше малку поинаква конотација. Претходно напиша да учиме од историјата (со право) и токму тоа и го направив. Значи сега испаѓа дека опасноста доаѓа од земја што во толку векови постоење (во една или друга форма) никогаш не војувала надвор од своја територија, а „бранител„ е тој што има барем 10-ина вооружени интервенции во нецели 50 години, и тоа сите на туѓа територија? „Загрозениот„ оди по туѓи куќи да се брани од „лошите„? Тенка работа е оваа логика.

Во Иран нема демократија,на власт е религијата а не разумот,мене не ми смета Иран да 9има нуклеарна централа и енергетска стабилност туку фактот дека поддржува тероризам и пролиферација на оружје за масовно уништување јасно како ден е дека Иран се стреми кон нуклеарно оружје.
И нормално дека се стреми кон нуклеарно оружје, како и секоја развиена земја денес.
Да не дојде до недоразбирање - не сум некој голем обожавател на такви системи, ама имам почитување кон различни традиции и посебно кон нивниот придонес за човештвото.
А ова болдираното е мајка на сите заебанции и изгледа дека тоа е основниот проблем во западниот свет. Не може човек да отиде на друг крај од светот и да ги учи луѓето како да живеат.
Нас ни е прифатлива ваквата демократија затоа што сме на овој дел од земјината топка. Зошто мислиш дека Иранците ги сакаат истите работи како и ние? Еве под претпоставка дека „нашето е подобро„ пак не е причина да им го наменуваш тоа на другите само затоа што ти се може.

Имаш племиња кај кои мерка за женска убавина е подолг врат или дебелината. Што ако тие ја имаа моќта што ја има западот и дојдеа тука да ги промовираат своите вредности: сите жени да стават алки на вратовите и да качат + 120 кила - само затоа што им се може?
 
B

Black Guard

Гостин
Еве под претпоставка дека „нашето е подобро„ пак не е причина да им го наменуваш тоа на другите само затоа што ти се може.

Точно дека не е причина но проблемот е што западот ќе изгуби влијание ако Иран влезе во нуклеарниот клуб нарочито со таков режим поточно дури и Иран да е демократски(по западни стандарди) сепак нова членка во нуклеарниот клуб не е нешто што западот може лесно да го проголта,но како што се тргнати работиве голема е веројатноста Иран да стане нуклеарна сила туку дилемата е ако НАТО не реагира дали Израел ќе го стори тоа???


Што ако тие ја имаа моќта што ја има западот и дојдеа тука да ги промовираат своите вредности: сите жени да стават алки на вратовите и да качат + 120 кила - само затоа што им се може?
real politic theory-ќе не тепаа и многу веројатно дека ќе употребеа дури и WMD оти шеријатот секој го толкува како што му одговара.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Точно дека не е причина но проблемот е што западот ќе изгуби влијание ако Иран влезе во нуклеарниот клуб нарочито со таков режим поточно дури и Иран да е демократски(по западни стандарди) сепак нова членка во нуклеарниот клуб не е нешто што западот може лесно да го проголта,но како што се тргнати работиве голема е веројатноста Иран да стане нуклеарна сила туку дилемата е ако НАТО не реагира дали Израел ќе го стори тоа???




real politic theory-ќе не тепаа и многу веројатно дека ќе употребеа дури и WMD оти шеријатот секој го толкува како што му одговара.
Ако дозволат Иран да стане нуклеарна сила, тоа дефинитивно ќе го дестабилизира цел регион и ќе започне трка за вооружување.
Саудиска Арабија ќе биди првата после Иран која ќе почне да развива нуклеарна програма како одговор на Иранската.
Кога ќе се вооружат тие религиските фанатици со нуклеарки, е тогаш ќе биде екстремно опасно. Пакистан, Иран, С. Арабија.... една мала провокација и пепел ќе се направат.

А мислам дека трката за вооружување е веќе почната...
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Свет
Иран упати жалба до Советот за безбедност поради шпионски авион
Иранската мисија при Обединетите нации денеска вложи жалба до Советот за безбедност поради летот на американски шпионски авион над источниот дел на Иран пред неговото соборување
- Сакам да ви го свртам вниманието на провокативните и тајни операции кои против Исламската Република Иран ги спроведуваат властите на САД, а кои се интензивирани во последните неколику месеци, наведува иранскиот амбасадор Мохамад Кази во писмото до највиското тело на ОН.
Американското беспилотно шпионско летало „ЕРКУ-170“ го наруши иранскиот воздушен простор, напишал Кази во писмото кое е доставено до рускиот амбасадор и до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
Иранскиот амбасадор побара во име на владата на Техеран „осуда на таквите акти на агресија, и јасни и ефикасни мерки за прекин на таквото опасно и незаконско однесување“.
Западните дипломат на ОН изјавија дека веројатно нема да преземат никаква акција по повод иранското барање.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Иран веќе е нападнат.
Неколку водечки луѓе во Иранската нуклеарна и ракетна програма се елиминирани.
После експлозијата во Иранската ракетна база, се случи нова експлозија во близина на Иранската нуклеарна постројка близу Исфахан.
Тајните служби превземаат акција, бидејќи класичен воен напад, најверојатно не иди во предвид или е премногу опасно да се изведи. Сепак, тоа е краен одговор.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.636
Поени од реакции
35.175
Според официјалните ирански власти, експлозијата што се случи во воената база во која загинаа 17 луѓе меѓу кои команантот на иранската програма за ракетен развој, станува збор за ‘‘несреќен случај‘‘
А јавна тајна е дека сето тоа е дело на Мосад.
Сето ова наликува на форма на војна од 21-от век, атентати, сајбер војна(стакснет), саботажи на гасоводи, воени објекти и слично, никој не ја превзема одговорноста за убиствата на нуклеарни физичари подметнати во нивните автомобили,необјаснетите експлозии.
Можно е ова да е само увертира за позасилени воздушни напади, или софистицираните саботажи да бидат ‘‘новиот начин на војување‘‘
Во секој случај Иран е веќе нападнат.
 
M

Muranyi

Гостин
На пример ова http://www.nationmaster.com/country/ir-iran/mil-military
неможам да го најдам линкот каде што се споредува со американците али Иран има многу подобра војска и технологија.Како пример го направија првиот авион кој не го фаќа радар...
http://www.irandefence.net/forumdisplay.php?s=c78b11db9ed7941a698b4b1ee7a771ee&f=20 може и ова како пример
Викаш?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.439
Поени од реакции
18.418
Иако министерството за одбрана на САД тврдеше дека беспилотното летало Sentinela RQ-170 е заробено од страна на Иранците заради неспцифичен квар, сепак изгледа дека вистината е поинаква.

Беспилотното летало има слаба страна и тоа баш во GPS системот за позиционирање, кој го искористиле Иранците да му испратат лажни GPS сигнали за да го натераат да си слета на воен аеродром во Иран.

Повеќе...

http://www.bug.hr/vijesti/gps-slaba-tocka-bespilotki/112846.aspx
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Уште живее темата а ...:) ако тоа е добро ;) ! ...

Али дај него тупете Иран кога ќе биде нападнат , па тоа човече месец дена пред нападот американците ќе се фалат по CNN и по другите медии дека ќе има некој судир ... они уште пред да се фатат за пушка .прво ја преувеличат работата ...
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.636
Поени од реакции
35.175
Уште живее темата а ...:) ако тоа е добро ;) ! ...

Али дај него тупете Иран кога ќе биде нападнат , па тоа човече месец дена пред нападот американците ќе се фалат по CNN и по другите медии дека ќе има некој судир ... они уште пред да се фатат за пушка .прво ја преувеличат работата ...
А што прават сега?
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Ова изјава е пред неколку дена..

БЖЕЖИНСКИ ПРЕДУПРЕДУВА:

Војната меѓу САД и Иран би била катастрофална!

САД јавно навлегоа во толку конфликтни односи со Иран, што може да дојде до војна со катастрофалнии последици, предупреди Збигњев Бжежински - поранешен советник за национална безбедност на претседателот Џими Картер. Сметам дека можеме да избегнеме војна, користејќи принудни мерки, на пример санкции, за да го натераме Иран да се откаже од својата програма за нуклеарно вооружување", изјави прексиноќа Бжежински пред невладиниот Атлантски совет на САД во Вашингтон. Колку повеќе користиш принуда, толку повеќе ако таа не дејствува, го зголемува ризикот да влезеш во војна. Тоа драстично го ограничува нашето поле за маневри", истакна тој.
Бжежински изрази загриженост од реторичкатаа ескалација на напнатоста меѓу двете држави. Донесени се голем број мали решенија, кои ја намалуваат нашата слобода на дејствување во
иднина", истакна експертот. Ако влеземе во отворен конфликт со Иран под каква и да било форма, последиците за нас ќе бидат катастрофални, катастрофални масовно и во глобални размери", изјави тој. Бжежински беше советник за национална безбедност во Белата куќа во 1979 година, кога иранскиот шах Реза Пахлави - сојузник на САД, беше соборен од исламската револуција.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D2B1BFA4856973499A37F96F41338619
 

Kajgana Shop

На врв Bottom