Луѓето во нашата држава!

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
„И на крајот, што Ви се допаѓа најмногу во Македонија?
- Луѓето во вашата држава! Тоа се луѓе со отворени срца, пријатни, кои го сакаат спортот. Видов како се радуваат на успесите на ракометарите на „Металург“, на успесите на вашите кошаркари на Европското првенство. И јас бев импресиониран од нивните игри. Во Скопје се чувствувам како да сум во Загреб. “

Често се случува низ разговори дали маалски,кафански или форумџиски да слушам исто мислење државата е прекрасна луѓето во неа не чинат.

Како би ги опишале луѓето во нашава држава?
Дали навистина не чиниме или од многувековно ропство не „принудиле“ така да размислуваме?

П.С Тука се бара генерализација.
П.С2 Најчесто употребуван термин од наша страна : Самоуништувачки .
Толку од мене.



http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=9C5CBA3E41A2CA45A29DB8F84C76063F
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.873
Поени од реакции
12.404
Мислам дека е обратно, дека државата/државниот апарат, службите се за нигде, а луѓето овде се добри. И предобри за условите во кои живеат.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
За разлика од другите држави во регионов, нашиот народ е најдобар, најхуман и најпријатен. Добро сега, има и некои исклучоци. :D
 
A

Antigona

Гостин
Ќе бидам кратка и јасна : голем дел од луѓето во нашата држава се работољубиви, знаат да ја ценат парата и се доста паметни и снаодливи за разлика од многу нации низ светот.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Не знам дали некаде во светот може да се сретне поисфрустриана масана луѓеодколку во Македонија.
Пустото турско си го направи своето, а и фактот што за жал се уште сме мали никакви и безчујни успеа да не направат најголемите сељандри не во регионот туку можеби и во светот.

Да работољубиви сме ама ни под точка разно не сме госпотпримливи. Се е тоа лажно...
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Иначе морам да кажам дека големи мрзи сме, поготово за работа, чекаме се на готово. Не им се работи на луѓето а сакаат да зимаат пари.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
паа зависни од ситни превари ама сепак домаќини луѓе , снаодливи , мирни , пријатни особено за странци , а според мене мн поубава ќе беше државава само да ги немаше рамковците
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.886
Поени од реакции
11.601
Кротки ко јагниња, за разлика од неандерталците симнати од планина.
Народ со голема душа, малце приглуп, чекајќи да го бутне некој од страна, зошто самиот сеуште се понаша како млада тинејџерка при прв мензис, ама пред се сме великодушни домаќини со големо срце, културни (иако ова е малце закоравено кај повеќето) и огнени (само на хартија :icon_mrgr: )!
Ете такви се Македонците - народ кој што не можеш да не го сакаш, а во истиот момент ти доаѓа да ги испозаколеш сите до еден!
Мислам дека е привилегија да си Македонец.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Поцивилизирани од нас на балканов тешко дека ќе најдеме.. ако малце си ги погледнеме комшиите ќе сватиме дека ние воопшто не сме како нив.. затоа и не мислат дека сме вонземјани.. се е дивјаци околу нас, одсекогаш било така .. тешко дека некогаш ќе се променат... тоа им е во крвта.
А ние.. ние сме многу толерантент народ, трпиме се живо ...сите не газат ама ние сме како пиреј.. не можат да не уништат.
Не е проблемот во народот туку во тие од страна што ни копаат гроб со секој нов закон и што ни ја осакатуваат државава а со тоа и нас не осакатуваат. Ради нискиот стандард народот се повеќе посегнува по криминал.. иако многумина не го сакаат тоа, едноставно немаат избор. Секој си ја знае вредноста.. не треба да се потценуваме.. сме биле бугари, сме биле срби,антички , неантички... без разлика кои сме и што сме ние живееме во оваа држава и не треба да се јадеме меѓусебно затоа што сме различни.
А и знаеме дека секој странец што доаѓа во земјава се вљубува... тоа значи нешто !
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Македонскиот народ во душа е добар и неискварен во својата суштина. На жалост добри сме кон сите, освен кон самите себе. Колку и да е кревка и питома душата на Македонецот, сепак си патиме од ген на самоуништување, мразење и потценување на се што е македонско, без разлика на тоа дали чинело или не чинело. Се што е во странство е подобро, дури и да е апла исто ко тоа што е во Македонија. Работољубиви не сме реално, особено кога станува збор за работа во Македонија. Во странство се сите вредни, повторно заради тој (за мене несфатен) комплекс од македонштината. Ама тука не сме вредни, затоа кафичите се преполни, кафаните.

Ние сме хедонистички народ, кој сака да ужива во добра храна, музика, добро вино. И сме питом народ. Народ кој знае да се весели и на многу мали работи. Добра душа имаме, ама сме смотани и не знаеме да се цениме меѓусебе.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
рајата е супер, ја јава кој ќе стаса. Писари, заптии и сардијазми. Башибозук многу. Даночниците си работат. Арамии на секој чекор. Баждар на секој чекор....
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Кога не можеш по коњот удри по самарот... затоа сме најлоши со себе, а најдобри со другите, но во услови во кои живееме ангели сме :) Пусто македонче...пусто и штуро...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.144
Поени од реакции
25.727
Мислам дека е обратно, дека државата/државниот апарат, службите се за нигде, а луѓето овде се добри. И предобри за условите во кои живеат.
Државниот апарат е одлика на народот. Да не мислиш дека во (стави тука рандом држава каде што дражвните апрати, демократијата и правото функционираат) дошол некој пред икс година им донел на послужавник и им рекол-Луѓе еве од денес вие сте слободни, имате демократија, солидна економија, убав стандард на живеење. Јок, некој на колец бивал наденат за да дојде до тоа.

Иначе луѓето во нашата земја.

Ќе почнам од негативните работи

Синдромот-да му умре козата на комшијата. Завидлукот е моќна движечка сила во нашето општество. Во Македонија можат да ти простат се освен успехот. Секој успешен кај нас поради завист е обавезно подложен на сопки, сплетки и манипулации-затоа и толку често има одлив во странство. Од друга страна, најбрз начин да те засака еден Македонец е ако увиди дека имаш повеќе маани од него. Ако си посбособен од Титовите пионери (сегашни директори-капиталисти) место да те ценат те гледаат како опасност.

Синдромот-на комшијата дворот. Види го Трајче си купил нова кола од кај му пари, или на Вера од ќесата од Веро и се оцртаваа Дурекс кондоми којзнае каква курва е се чести коментари меѓу народот. Мешањето во туѓи манџи ни е национален спорт. Навреда од највисок степен е ако не му одгвориш на Македонец за кого си гласал, колку плата земаш, колку пари си потрошил на одмор, дали имаш швалерка и колку ебеш и зошто не.

Синдромот на предавство и користољубие. На еден комита-тројца кодоши. Така било и во турско и во СФРЈ и сега. Тоа зло делче е врежано во ДНК-та. Уште и ќе ти го величаат Тито, и гордо ќе ти кажуваат дека работеле за југословенските интереси (а против македонските). Македонецот знае да ти прави најубаво лице, да те лаже, да ти прави замки ако од тебе има било каква корист материјална или нематеријална. Еј Трајче, златен, кај си бе, ај дојди утре кај нас на вечера, не сме те виделе 100 години со душа те чекаме. Later that night during dinner... Трајче нели син ти беше заменик во полициската станица? Абе знае ми пишаа казна а чист бев жими куров мој демократски, па знаеш ако можеш... Затоа и корупцијата ни е на тоа ниво.

Синдромот-лежи лебу да те јадам. Ова е синдром од златен Тито. Тој добро знаел како да игра на картата леб и игри. Успеа народот да го доведе до такво паразитско ниво, да денес просто ми се одвратни тие што сеуште работат во државна администрација, што по цели денови пијат кафе и те гледаат дрско и безобразно, за разлика од нивните понесреќни врсници кои ги подбраа приватњаците и малку од малку ги научија на ред (знам дека приватњаците злоупотребуваат не се правите паметни).

Синдромот-јас сум доктор по сите науки, а ти си глуп. Кај нас секој е експерт за се економија, наука, политика, медицина, за се бе. Доволно е да пуштиш Јади Бумбар, Бел Бурек, тоа новото на Нора Шачири и се ќе ви стане јасно. Мислам кога ќе се јави Трајче со некој
акценат од Латинска Македонија и кога со некој одважен тон ќе завеземе ''став'', да не разбираш Македонски, само гласот да му го слушаш самоуверен и оштар ќе си помислиш дека кога овој ќе се појави во Оксфорд, Харвард или Сорбона тоа професорите таму ќе го пречаат со натртен гз и едно буре вазелин. Кај е он најпаметен ти си најглуп. Ако дознае дека си помлад од него, дека ставот твој не се согласува со твојот и дека не си од Скопје или од град твојот профил изгледа вака



Синдром-поделба по банални причини. ВМРО-СДСМ, Скопје-Охрид, Скопје-Битола, Скопје-Цела Македонија, Кавадарци-Неготино, МЗТ-РАБОТНИЧКИ, про и контра Скопје 2014, дали има или не злато во Бигла, и дали или не вонземјанци се кријат во Криволак and many, many more. Спротиставени мислења се здрави за едно општество, од контрањето излегуваат нов начини, нови идеи се развива здрава дебата. Но не на тоа ниво како кај нас. Македонецот е радикалист кога завзема страна. Да му го чепнеш мислењето на Македонецот е како да си му го удрил детето. Абе со ножеви се кољаат во кафана на работи како дали Илиевски требал да шутира тројка или да му ја подаде на Антич или дали Влатко Лозаноски или Влатко Илиевски треба да иде на Евровизија (Добро е детто ќе га биде. Кој добар бе на мајка ти путката continues).

Синдром на лажење, превари, неодгворност, некултура, некохезивност, плукни залепи принцип, и разјареност и синдромот на пичка у душа и педер у срце.. Зошто да се симнам да го фрлам ѓубрето во контењер, кога вака инспириран од Македонија-Литванија ќе дадам кош од 7-ми кат? Кој ќе вади имотен лист сега, има уште 6 месеци фора (после 6 месеци-сите ли најдовте сега маме му ебам, да ви ебам и држава и народ и се, нема да стигнам утре до рокот). Зошто да го почитувам гласот на тие што ме избрале и да направам нешто за државата, кога можам на кумот Трајче да му наместам едно тендерче па да уживкаме и двајцата. Зошто да не кажам на форум дека имам изебано 1000 пички, може стварно ќе ми упали таа фора, па и ќе легнам нешто, зошто да не си пијам кафе со колегите и да трачарам мора ли да му завршам работа на човеков кој чека документ 2 саати, се само дел од рак-рана прашањата што го мачат Македонецот. Гради афалт потенок, ама и поефтин е, што е битно, повеќе пари за нас а кога ќе се распука ќе му ја мислиме. Јас живеам во Пехчево, ме боли курот што во Велес се трујат со олово, нека си превземат они нешто што има јас да му ја мислам. Хм партииве се Мурто или Курто и штетни за државата, ама што му ебам матер кој ќе ја вработи ќерка ми за тој ќе гласам останатите ич не му чуе. Море си зиам платичка арен сум, боље да си ќутам да не го имам и тоа, среќа и вазелинче си имам па и гзов не ме боли до толку, може требаше да му помогнам на Перо кога без причина фо заебаа ама подобро да си молчам, наведната глава сабја не ја сече.

Не дека и јас не се наоѓам тук-там.

End of part 1.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom