Погоди ја расата

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
Еве јас ќе поставам слика,но на сликата се 2 различни раси (иако изгледаат како копија едно на друго сепак се 2 различни раси)
Е сега кажете што раса е од лево а што од десно.
Знам одма ќе погодите,ама ја ставив сликата за да се види дека има раси што многу си личат едни со други а сепак се различни.

3067525784_a1d5ca0519.jpg
Десно е Flat Coated Retriever, а лево Golden Retriever ?
 
Можеби е Labrador Retriever?

Да, точен одговор :) , од лево е Labrador Retriever (чоколадната боја е ретка на Лабрадор Ретриверите во Македонија, повеќе преовладуваат црните и кремасти Лабрадор Ретривери) а од десно е Flat Coated Retriever бидејќи ги погоди двете раси сега пуцај со нова раса :)
 
Зошто сте ја преместиле темава во Играчница ?
Подобро е да стои во Животни.
Барам да се врати темата на старото место во Животни каде што и припаѓа !
И барам објаснување зошто ми ја преместивте темата ?
 
Е и јас се чудам зошто ја преместија во Играчница, кога на Животни одлично си функционираше.
 
Леееелееее додека ја најдов темава уби боже, а баш добро си беше во Животни ама ја преместија :(
 
Ајде да ја оживеам темава со нова раса

ne glej.jpg
 
Се сеќавате на темава ? :)

Ја употребив мојата Модераторска функција и ургирав да се врати темава повторно во Животни каде што и е местото, и еве сега по моја ургенција темава повторно си е на старото место како што и си беше - во Животни (y)

Инаку за членовите што не се запознаени со ситуацијата, ќе објаснам накусо.

Темава јас ја имав отворено тука на форумот Животни, и тука на Животни одлично си функционираше, и мојата цел со отварањето на темава беше преку игра луѓето да се запознаат и да ги научат расите кои што се доста ретки на нашиве простори.
Али некој ми ја префрли темава во Играчница, и таму повеќе никој не пишуваше и темава едноставно умре.

Али еве затоа сум јас тука повторно да ја оживеам :)

Да се потсетиме на правилото:
- Само членот кој што ќе ја погоди расата има право да постави нова раса за погодување.

Ајде продолжуваме со играта:
Погоди ја расата:

Boerboel.jpg
 
^ Да си жива и здрава за темава што ја врати.

Инаку, песот е Јужноафрички Боербоел
Сигурен сум дека е таа раса, па си земам за право јас да поставам слика:

фцдфгдгдефгдфгд.jpg
 
Е ова појма немам што е. Малку помош? :confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom