Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
АКО ОВАА Е ТЕМА КАДЕ НАЈМНОГУ СЕ ФАЛАТ СТАРИТЕ ФИЛМОВИ ТОГАШ НАКАДЕ ОДИ СВЕТОВ ?!
--- надополнето: Nov 29, 2011 1:29 AM ---

Не беше наменето за тебе, твојата намера е друга со поставувањето на тоа прашање. Види погоре за кого е наменето !!
Подоцна си го пишал постот за кого се однесува, си требало да го цитираш. Нема везе.
Провери ги и темите Последен гледан филм и Предлог за филм па пиши пак.
 
Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33

Како што и погоре еден од форумџиите спомна, нов сум на форумов па се надевам ќе ми простите вакви грешки. Но, дали ти не го осудуваш она размислување на како што гледам во историјата на оваа тема, "страстен" љубител на филмот ?!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
АКО ОВАА Е ТЕМА КАДЕ НАЈМНОГУ СЕ ФАЛАТ СТАРИТЕ ФИЛМОВИ ТОГАШ НАКАДЕ ОДИ СВЕТОВ ?!
--- надополнето: Nov 29, 2011 1:29 AM ---

Не беше наменето за тебе, твојата намера е друга со поставувањето на тоа прашање. Види погоре за кого е наменето !!
Не се разбравме.. И не се нервирај :)
 
Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
Не се разбравме.. И не се нервирај :)
Не е дека се нервирам, но некој на ваков начин да го плука тоа на кое сум оставил висок процент од времето во мојот живот, навистина ме иритира, па макар и да е респектиран член на форумов, ќе го нападнам со се што имам :)
 
Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
Инаку кавгите настрана, филм од 2010 што ви остави најголем впечаток ? :)
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Како што и погоре еден од форумџиите спомна, нов сум на форумов па се надевам ќе ми простите вакви грешки. Но, дали ти не го осудуваш она размислување на како што гледам во историјата на оваа тема, "страстен" љубител на филмот ?!
Кој сум јас за да судам за размислувањата на другите форумџии? Тоа што ти ги спомна Хичкок, Алмодовар и Кјубрик не ти дава поголемо право да пишуваш во темава од оние на кои омилен режисер им е... Мајкл Беј или Кристофер Нолан.

Секој си има свој вкус и треба да се почитува, и секако според мене и ДА се дискутира за вкусот, инаку подфорумов одамна ќе беше мртов.
Филм и Тв отприлика е мирен подфорум каде членовите веќе си имаат по некој "репер" чиј вкус го следат. И јас имам такви форумџии на пик, нонстоп ги следам и што е најважно учам од нив.
 
Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
Кој сум јас за да судам за размислувањата на другите форумџии? Тоа што ти ги спомна Хичкок, Алмодовар и Кјубрик не ти дава поголемо право да пишуваш во темава од оние на кои омилен режисер им е... Мајкл Беј или Кристофер Нолан.

Секој си има свој вкус и треба да се почитува, и секако според мене и ДА се дискутира за вкусот, инаку подфорумов одамна ќе беше мртов.
Филм и Тв отприлика е мирен подфорум каде членовите веќе си имаат по некој "репер" чиј вкус го следат. И јас имам такви форумџии на пик, нонстоп ги следам и што е најважно учам од нив.
Но тој со неговото прашање не доведува прашање на вкус, доведува прашање во превод "Каква корист од гледање филмови". Мислев дека тоа ни е јасно на сите.
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
АКО ОВАА Е ТЕМА КАДЕ НАЈМНОГУ СЕ ФАЛАТ СТАРИТЕ ФИЛМОВИ ТОГАШ НАКАДЕ ОДИ СВЕТОВ ?!
--- надополнето: Nov 29, 2011 1:29 AM ---

Не беше наменето за тебе, твојата намера е друга со поставувањето на тоа прашање. Види погоре за кого е наменето !!
Полека де Rage, ова е форум, така што ќе наидеш на секакви мислења, но затоа е убав.
Има десетици теми за филмови во кои ќе најдеш секакви мислења, од оние кои омилени филмови им се оние со развиени типови во главните улоги, до оние кои се воодушевуваат на кинематографските класици - од немиот до 3Д филм.
Но токму затоа и се собираме на овој форум, да дебатираме и да си ги проверуваме сопствените и спротиставените ставови. Да се расправаме со млади луѓе кои сеуште не погледнале ниту еден филм пред 2000-тата година, како и да научиме нешто ново од не така малиот број прави филмофили.
Има на форумов многу добри теми, па дури за некои филмови и посебно, каде разговараме, дебатираме и разменуваме мислења за истите. Разгледај, приклучи се и ќе правиме муабет. Ако те замараат теми каде се глорификуваат модерните филмски блокбастери - тогаш промени ја темата, отвори своја, или актуелизирај некоја подзаборавена.
Немој да се секираш, ако си љубител на Чаплин, Хичкок, Кјубрик, Леоне, Фелини, Алтман, Ален... ќе имаме многу за што да разговараме.
 
Па бидејќи сум нов, ми треба промовирање на моите ставови, а и од мојата сеуште неразвиена толеранција, баш и премногу бурно реагирав, но тоа е, не за џабе никот ми е Rage :). Инаку навистина ми се потребни дискусии за старите режисери, посебно за Кјубрик и Хичкок. Кјубрик е мојот омилен но и најмистериозен и баш би сакал да ги споредам моите сфаќања со некој друг добар познавач. :)
 
Како за почеток овде имаш одлична дискусија за ремек делото на Кјубрик.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
4
Поени од реакции
3
помош за уште еден фиилм значи се работи за мистерија и акција во филмот се зборува за едно богато дете на кое мајка му е умрена и во наслеството оставила дијамант кој детето неможе да го има се додека татко му е жив така тој заедно со уште 2 девојки прават план заз убиство на татко му и се до крајот на филмот не се знае кој е вмешан во делото на крајот излегува дека полицајката кој ги брка е мајка на една од девојките и адбокатот се вмешани во целиот план. Мислам дека има повеке делоби од овој филм.
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Па бидејќи сум нов, ми треба промовирање на моите ставови, а и од мојата сеуште неразвиена толеранција, баш и премногу бурно реагирав, но тоа е, не за џабе никот ми е Rage :). Инаку навистина ми се потребни дискусии за старите режисери, посебно за Кјубрик и Хичкок. Кјубрик е мојот омилен но и најмистериозен и баш би сакал да ги споредам моите сфаќања со некој друг добар познавач. :)
Преска праша кој ни бил најдобар од 2010та, а сега спомна дека Кјубрик ти е омилен режисер.
Нов филм кој наликува на стилот на Кјубрик(и на мал број други режисери) е Drive(2011). Mислам дека ќе ти се допадне, атмосферата во него е надреална... впрочем ќе видиш нејќам да ти расипам доживљај.
Добредојде на подфорумов и не викај толку. :)

П.С. Чекај го на подобра снимка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom