Последен гледан филм со кратка рецензија

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
The River Murders Oчекував многу повеќе од филмов наликуваше на некој мистериозен крими филм но сепак оди повеќе накај драма. Главниот лик е соочен со тоа што се случуваат чудни убиства околу него а главана жртва се девојките со кој некогаш спиел , сепак гледачите им е откриено кој е убиецот освен мотивот.
оценка 6/10
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Losers` club.
Турско филмче вчера гледано во една од киносалите. Што има да кажам... Приземност и мала доза на егзистенционализмот на Ками. двајца типови водат едно радио шоу - во кое сите мислат дека не се слушнати. И двајцата навидум водат летаргичен живот, полн со апатија, флегматичност. За да еден ден дознаат дека токму ваквиот тип на живот што и тие самите го проектираат во своето радио шоу се поклопува со животот на нивните слушатели при што постигнуваат голема популарност. Едниот од нив во исто време запознава една цура. Но дали е тоа доволно да го оттргне од таа (не)изживеаност? Има интересни цитати од филмот иако повеќето се клише.

Мене ме бендиса со својата едноставност а од друга страна и контоверзност од нивна страна - земајќи го тоа дека се случува во Турција. Му давам добра 9ка.
 
А

Анноун

Гостин
http://www.imdb.com/title/tt0159382/


Џек ( Клајв Овен) е не така успешен писател , кој мака мачи со инспирацијата и со тематиката на неговата следна книга. Живее со својата далеку поуспешна девојка, финансиски стои слабо . Еден ден добива повик од татко му кој е во Јужна Африка , дека му средил да работи во казино како крупие , работа во која Џек има искуство од минатото. Тој нема право да не ја прифати работата , неговата финансиска состојба не му го дозволува тоа. Почнувајќи со работа на масите во казиното , тој напоредно го пишува и својот нов роман поврзан со настаните во казиното .

Не мора да сте фан на игрите на среќа за да го гледате филмов. Не мора ни да ги разбирате игрите. Клајв Овен ќе ве разнесе со глумава. Супер европско филмче од 1998ма година , му давам 8ца без дилема. Уживајте .
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Super http://www.imdb.com/title/tt1512235/
Оценка : 6.9


Тоа што најмногу ми се допадна кај овој филм е што отстапува од шемата на "Перфектна Приказна"
И многу од сцените се такви какви што всушност ви биле во реалниот живот FAIL AFTER FAIL
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624


Солидна/одлична драма. Тематиката не е којзнае колку интересна(~1940 година, civil right movement, црнците им служат на белите) но ако навлезете во филмот ќе видите дека е доста длабок. Глумата е одлична, Emma Stone феноменална како и секогаш. Накратко, ја имаме Скитер(Ема) која сака да биде новинар/писател и се заинтересирува за животот на црнците, поточно црнкињите кои најчесто работат како домашни помошнички на белците. Сите црнкињи се плашат да говорат за нивните проблеми, меѓутоа една(Ејблин) ќе се согласи да пишува за нејзиниот живот и да го предаде пишаното на Скитер за да се објави...​

моја оцена, 7.7/10​
:D
 
S

Sagan

Гостин
American Outlaws (2001)

Група јужњаци од Граѓанската војна се враќаат дома, каде затекнуваат изградба на нова пруга, која треба да мине низ нивните имоти. Државата им нуди ситни пари или ќе им ги конфискува. По противењето, банкарската мафија на изведувачот започнува со палења на нивните домови, со цел заплашување и остварување на целта. Осумчлена група на чело со Џеси Џејмс (Колин Фарел) се одметнува и започнува со герилско војување и ослабување на фирмата на изведувачот преку ограбување на банки...

Интересна тематика, ама одредени сцени се преувеличени и нервираат. Глумата на некои од актерската екипа не е соодветна за една таква банда, вклучувајќи ја и таа на Фарел (мекушарски ликови кои ладнокрвно убиваат, некако не ми штима).

Сеедно, добар е за тепање време, а може чат-пат и да се насмеете. 7/10.

 
S

Sagan

Гостин
Arlington Road (1999)

Филмот ми стоеше во компјутер од пролетва, меѓу останатите 70-80 филмови кои никако да дојдат на ред. Обично, никогаш не проверувам за што се работи во филмот пред да го гледам, оставам на режисерот да ме изненади :) Овој пат првин ѕирнав на IMDb. Ха! Професор започнува да се сомнева дека неговиот сосед е терорист. Оцена 7.2/10. Е ај, си реков, да видам што знаеле америте за тероризам пред 2001 година.

Дали е можно, терористичка мрежа, да те инфилтрира во своите редови без да си свесен дека ти си тој кој ќе ја внесе бомбата онаму каде таа треба да експлодира? Дали, ако откриеш дека таа мрежа подготвува бомбашки напад, и се обидуваш да ја известиш службата за безбедност или тргнеш сам да дејствуваш за да спасиш животи, терористите можат да го искористат тоа во своја корист? Официјално, терористички напад извршен од едно лице (кое всушност се обидувало да го спречи), додека целата мрежа останува неоткриена?

По ѓаволите, филмов е предвесник на 9/11... Ова нешто мора секој да го гледа.
10/10.
 

JimmyHoFFa

NAVIGATOR
Член од
8 септември 2010
Мислења
1.196
Поени од реакции
482
The THING (2011)

Ова е Prequel на легендарниот филм на John Carpenter-The Thing од 1982 година каде што Курт Расел наоѓа опустшена норвешка научна база на антартикот од која носи непознато нешто кое што ги имитира своите жртви односно ги клонира.

Во Нештото од 2011 година дејството се случува истата година односно 1982 и се прикажува делот што се случило во норвешката база откако тие го нашле вонземјанинот.

Во многу сцени од филмот ке почуствувате дека го гледате првиот дел од филмот од 1982 година бидејки сценариото е доста слично и се одвива во доста слични услови како во првиот дел.
Сепак ова е филм кој што не треба да го пропуштите особено ако ви се допаѓа првиот дел. Највероватно следното продолжение ќе биде доста интересно и по оригинално. Моја оцена за филмов е 5.5
 
Член од
8 април 2010
Мислења
68
Поени од реакции
46
Kvinden der dromte om en mand (2010)

Filmov go gledav na nagovor na mojata lepsa polovina i go obremeniv so somnezi uste ne pocnat. Na kraj ispadnav sosem zadovolen. Danski film na reziserot Per Fly, koj e nesporno pod vlijanie od David Lynch. Moze da se naseti ona Lincovo objasnuvanje za negovite filmovi, dovolno buden da ne si zaspan, dovolno zaspan da ne si buden. Taa slatkost koja covek ja dozivuvava otkako ke se razbudi, tie nekolku sekundi gi i Kundera gi opisuva kako dovolni covek da ne zazali sto se rodil.

No toa go ima samo vo prviot del od filmot, nekade na polovina se gubi od kontiunitetot i preoga vo erotska drama, za opsesivnosta na edna zena. Dokaz kolku ljubovta ne pravi poglupi otkolku sto navistina sme. Ama prija. ;)

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ninja Assassin


Ова е филм за човековото срце, и дали нинџата како трениран атентатор го има, или е демон кој што доаѓа тивко во ноќтта за да одземи човечки животи. Инаку добри ефекти масовни битки со доста физички напор и од глумци и од каскадери. И нормално крв и насилство во комбинација со забегана нинџа филозофија. Сакав трејлер да ставам ама краткава сцена е подобра.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.571
Поени од реакции
17.970
Drive

Значи како може да мразиш филм со ваква музика од 80 ти



Плус Рајан Гослинг повторно ги потврди моите претпоставки дека е створен за улоги од типот на the strong silent type of a guy што би рекол Тони Сопрано (жениве особено се по такви). Се на се филм со невообичаена атмосфера највеќе поради музиката и смиреното смешкање на Рајан Гослинг во ситуации каде треба да се препотува или да зборува повеќе, имав добар осеќај како што почна филмов дека ќе гледам ремек дело, но не беше баш така. Во суштина беше малку досаден иако чуден, што е позитивно. Генерално ова е филм за еден дечко кој не зборува баш многу, не покажува емоции (што не значи дека ги нема), но дефинитивно знае што сака и има муда да го покаже тоа преку своите дела на многу убедлив начин. Моја оцена 7,5. Најдобра сцена



Warrior

Добра спортска драма, го добив тоа што го очекував и барав. Она што не го очекував е ретко добрата глума од актерите и неверојатно реалните тепачки во рингот (како и повредите по лицето, имаа изглед ко некој стварно да ги отворил со боксови, особено братот на Томи, му го заборавив името). Се на се филм со емоции, особено втората половина на филмот, што значително ми го зголеми позитивниот впечаток од Warrior. Ако ништо друго филмов дефинитивно треба да биде номиниран за оскар со оглед на тоа дека Fighter од лани беше номиниран, а ова е каде каде подобар филм од Fighter. И кога сме веќе кај оскарите знам дека Ник Нолти ќе биде номиниран и ќе земе оскар и глобус за споредна улога, секоја чест за човеков :cuc: , иако се изненадив колку е остарен. Пар сцени не сум сигурен и дали ќе беа толку добри да не ја играше Нолти оваа улога во филмот, односно на негово место да беше некој друг. Моја оцена 8. Најдобра сцена од Warrior, за жал не можам да ја најдам никаде, но тоа би бил разговорот помеѓу Paddy и Tommy кај слот машините, доста трогателна сцена. Tommy Riordan која badass фаца беше, ко роден за улогава е.
 
S

Sagan

Гостин
Red Planet (2000)



Филмов го гледав на 26ти, дента кога НАСА со ракетата Атлас 5 лансираше ровер и лабораторија кон Марс.
Дејствието се случува во 2057 (ако не грешам). Соочени со пренаселување на Земјата, исцрпеност на ресурсите и презагадување, мисија од 6 астронаути, меѓу кои експерт за тераформирање, се пратени кон Марс за да испитаат зошто исчезнуваат засадените алги и создадениот од нив кислород. Мисијата тргнува наопаку кога екипата ќе сфати дека базата со вода, храна и кислород на Марс е уништена, а роверот заради оштетувања, ќе се сврти против нив.

Филмот нема некое сценарио, повеќето од сцените се лесно предвидливи, но убаво е да се погледне, бидејќи слетувањето и пејсажите се скоро автентични.

 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.401
Поени од реакции
6.021
The Rite

После долго апстинирање од филмови и по препорака на другар кој е љубител хорор жанрот, примамен од причината што Ентони Хопкинс е еден од актерите му дадов шанса на филмов наместо на Drive (кој ќе почека некое време на хард дискот ) .

Како и многу други хорор филмови, главната тематика во филмов е егзорцизмот прикажан преку сторијата на М. Kovak (O'Donoghue-за мене непознат актер) кој потекнува од фамилија во која членовите се гробари(посоодветен термин не ми текнува во моментов) или свештеници. Тој спаѓа во првата група но сакајќи да "направи промена во својот живот " се приклучува кон овие вторите ,што воедно е и главната причина што тој се среќава со егзорцизмот.

Околу филмов имам поделено мислење. Од една страна приказната има малце подлабока суштина, несекојдневна за поновите хорор филмови , филм кој може да ве натера да се замислите по одредена тема , односно филм кој не ја обработува темата само површински туку и се проодлабочува. Како втора позитивна работа во филмов е појавата на Хопкинс. Едноставно човеков е роден за мрачни филмови на кои и им дава една поинаква димензија.

Но од друга страна нешто фалеше во филмов ,нешто што го одтргнува од одличните филмови...дали главна причина за тоа беше главниот актер, или тензијата која на моменти беше перфектна но и на моменти тапа ,или па Хопкинс не беше доволно искористен ,проценете сами.

од мене 7ца .
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Gabriel

Акција со примеси на „фантастика“. Сценариото е многу бедно, и покрај тоа што ликовите, од митолошки и религиозен аспект нудат многу за секој просечен режисер и сценарист. Тепачка на ангели со пушки и пиштоли - кратко и јасно. Има тука и продавање на некои духовни/религиозни помии во обид да се извадат од идиотизмот, очајни додуша. Некои работи, кои би можеле да бидат позитивни, како атмосферата (мрачно место, Готам сити во последна фаза на пропаѓање, предградие на пеколот или вид на чистилиште, како сакате: тие не се добро искористени, а ги зафркнува и остатокот од филмот). Далеку е ова од Prophecy, на пример, иако и тој си има мани. За оние кои немаат попаметна работа. 3.

The Thing (2011)

Не го исчекував овој филм. Генерално, имам нешто против се што е римејк, ама ајде сепак, оригиналот е класика, омилен ми е, па да видиме. Главниот лик во филмот е поубав од Курт Расел, дефинитивно. Има и специјални ефекти, многу снег и мраз, по некој интересен бу! момент (а и тие се очекувани). Дури и глумата е поднослива, на моменти и добра. Уште приказната да не беше стара 30 години. Овој филм да беше оригинален, можеби и би поминал како добар, покрај се што се снима денес. Вака, изгледа непотребен. Ако не сте го гледале, гледајте го првин стариот филм. Ако ве интересира како некој по триесет години (а тоа не е Карпентер) би го снимил филмов за да си купи ново количе и по некоја спонзоруша, гледајте го и овој. 5.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Ќе напишам за последните два филма што ги гледав и по некоја случајност двата ми се погодија да се со Том Крус во главна улога...
1. Eyes wide shut (1999)



Овој филм е многу, многу специфичен по својата тематика. Станува збор за млад брачен пар, кои имаат многу интересен брак и некоја специфична конекција меѓусебе. Тој е доктор, успешен, згоден и богат, а таа се откажа од својата кариера за да се грижи за ќеркичката Хелена.
Во моментот кога ќе помислите дека еден со друг ќе се изневерат, ќе се излажете иако убедени ќе бидете во тоа...Случајно во еден разговор помеѓу нив, жената ќе му признае дека пред неколку години видела некој згоден маж и цело време мислела на него и го посакувала...Тој, иритиран од ваквото нејзино признание, видно повреден посетува проститутка (и плаќа но не спие со неа,) а потоа го запознава својот поранешен колега од факултет, кој е пијанист и за кратко време се наоѓа во еден огромен замок, каде што сите носат маски, водачот таму одржува некој ритуал со песна и музика и на крај следуваат оргиии...
Режисерот намерно остава на крајот од филмот, самиот гледач да си даде одговор на некои прашања кои остануваат отворени, а меѓу нив е смртта на една млада манекенка...
Тој и таа го пребродуваат сето ова...Нивната конекција е пресилна за да им се доведе бракот во прашање и покрај сите невољи...


2. Collateral (2004)




Е ова е вистинско ремек дело...Тука Том Крус е негативен лик, на сериски убиец, крајно професионален, со изострен ум, невидена интелигенција и ладнокрвост...
Дејството се случува во една ноќ, во Лос Анџелес, кадешто еден локален таксист, запаѓа во канџите на убиецот, со тоа што овој како најобичен патник се качува во неговото возило и го тера да го носи од едно на друго место кадешто убива луѓе кои му се на списокот...
Последната потенцијална жртва ќе биде спасена благодарение на таксистот...
И покрај лошото искуство и преживеаниот кошмар, таксистот учи многу полезни работи од овој другиот и ќе установи која е причината што во животот е толку неуспешен таксист, обичен потрчко и плашливко...
На машките посебно им го препорачувам филмот, зашто сум сигурна дека ќе им се допадне...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom