Ultimate'
Диктатор
- Член од
- 23 октомври 2007
- Мислења
- 118
- Поени од реакции
- 9
Не најдов слична тема ако има нека оди в канта муабето ми е :
Се се случило вчера на третиот час во училницата со број три во скопската гимназија “Јосип Броз”.
Учениците од прва година по турски наставен јазик, многу се смееле, а единствен начин за да ги смири, нервозниот наставник видел во ќотекот.
Најгласно се смеел овој 16- годишник. Шлаканица добил и неговиот 15- годишен другар.
Но и покрај тоа никој не го пријавил инцидентот. Молчеле и учениците и професорот.
- Ученикот го прикри настанот, но среќа што имаме обезбедување па тие ми пријавија. Детето беше цело црвено во лицето.Викнавме и полиција и малолетничка деликвенција. Јас разговарав со професорот и неговиот одговор беше 'Епа така морав да ги смирам'. Ова е непростиво - вели директорката на “Јосип Броз” Снежана Мироновска
Екипата на Сител разговараше и со мајката на еден од нападнатите ученици. Беше дојдена да ја повлече изјавата која ја дала во полиција.
- Ја повлекувам изјавата...но ова навистина е недозволиво така да се однесува еден професор - изјави револтираната мајка.
“Јосип Броз” не е матично училиште на Исамени тој предава и во основното ”Тефејус”.
Мироновска го суспендирала. И просветниот инспекторат донел иста одлука. Нема да предава во гимназијата.
Полицијата пак поднесе кривична пријава за физички напад врз ученик. Оваа не е прв пат во елитната гимназија “Јосип Броз” да се случуваат инциденти со професори.
Пред неколку месеци професор по информатика ги поготвуваше учениците за живот на небото.
Па во право е чоеко спрема мене! Не смее да го избрка од час не смее да го шлакне и шо да му прај.Е јас колку сум тепан од учители и професори,ама ми дојде умот од тоа.Еднаш на час се смеев и јас ама ко ми ја влепи една професорката не ми текна да зборнам појче на нејзинио час