Комшиски мајтп

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Од 19 ноември секоја сабота и недела во 20.10 часот
Нова бугарска серија на Канал 5
„Комшиски мајтап“

Бугарски хумористичен серијал синхронизиран на македонски јазик ! Комична драма за современиот живот во модерна Бугарија во едно софиско предградие, каде преку двете соседски семејства одблиску ќе го доживееме бугарскиот менталитет. Среќата за едното семејство значи разочарување и несреќа за другото. Вечниот натпревар за што побрзо збогатување сè повеќе ги заострува односите меѓу двете семејства во чие секојдневие неизбежни се интриги, корупција, изливи на завист и љубомора, но и на љубов и романтика. А, кога ќе се случи незамислива љубов, се поматува разумот, се губи честа и семејната среќа и сè тргнува во неочекувана насока...


Фала за Канал 5 :tapp:
 
За оваа серија не знам, но Стаклен дом беше една од најквалитетните работи што се прикажуваа на нашите телевизии.
--- надополнето: Nov 21, 2011 12:41 AM ---
А, кога ќе се случи незамислива љубов, се поматува разумот, се губи честа и семејната среќа и сè тргнува во неочекувана насока...
Канал 5 ме разнежнивте свака част. Очигледно серијата не смее да се пропоушти после вакво објаснување.
 
било какви сапуници со македонска синхронизација мразааааааааааам, ај бугарскиве ич ама ич не ми се гледаат ама па барем јазикот да им го чуеме, ем ги утнуваат гласовите на дебели актери, пискави гласчиња -.- многу интересно... :tapp:
 
Стаклен Дом, е една од најквалитетните серии на Балканов, и е илјада пати подобра од други Индински и Шпански серии. Тие што гледале знаат за што зборам.
И сеа гледав на Ју Тубе ми се виде оваа новава како интересна, ама не треба со сихронизација. -.-
 
Добро, што мислеле кога одлучиле да ја надсинхронизираат на дијалект?
И тоа можеби би било во ред доколку се задржале само на еден, но јас тука препознав неуспешен обид за глумење на барем 5 различни дијалекти. Делува крајно идиотски кога ќе видиш како еден куп луѓе од истата околина прават муабет на различни дијалекти. Онака, на кој каков дијалект од нашиве му текнало и дошло во моментот на надсинхронизирање, таков дијалект вклучил. Пак ќе речам, крајно идиотски од наша (македонска) страна. Иако, не се сомневам дека серијата е интересна, ама вака не би ја гледал подолго од 10 минути. Толку и издржав вчера. Ако слушам повеќе, може да почне да ми тече крв од уши.
 
Епа кога не знаат да направат асална хумористична серија кај нас ќе земаат од комшии. :tapp:
 
Се е убаво да се погледне и види барем една серија, ама синхронизација? Каде барем 5 гласа се појавуваат во секоја можна синхронизиразна серија од цртан па така натаму....
остај тоа, бездушноста со која е работено тоа па и повеќе од очигледно е дека е сработено колку за хонорар.
џабе муабетот, не не бива :rolleyes:
 
Aбе па вие Анал5, кога направиле добар потег? кога? тие што се директори на прогрмаска шема нека си ги исечат вените, имаат пари и незнаат како да ги користат, поточно С.Мирчевски
 
Незнам шо е филмот со синхронизирањето, ќе го отупуваат народот уште толку? Нешо случајно да не сакаат да го сочувуваат јазикот па изиграваат германци? Глупост. Или можеби кога веќе не снимаат серии па ајде да им најдат работа на актерите. Се знае бе, синхронизација само на програми за деца. Се друго е гола вода.
 
Синхронизирање е многу лоша ствар, повеќето ја знаат синхронизацијата на бугарски Арнолд Ш. во Терминатор кога вика I'll beb back, овие го синхронизираа Aс че врнам :tapp:
 
А на канал 5 да им текне да издвојат некој динар и да направат наша серија?
Шпански, Хрватски, Српски, Турски, Бугарски серии сите се изнаредија а ние ко да живееме во Боцвана, една асална серија немаме.
Боље ке гледам зевзекманија него овие тракаташки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom