Донирани стари автобуси за 40 општини!

Дали мислите дека е добра таа идеја???

  • Да

    Гласови: 46 36,8%
  • Не

    Гласови: 62 49,6%
  • Незнам

    Гласови: 17 13,6%

  • Вкупно гласачи
    125
K

Khabs Staadnau

Гостин
Moжеби треба и космодроми по селата да градат. За недај боже знаете...
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Кај има Прилеп градски превоз??? И да би имало, само 2-3 линии треба да бидат, ама овие крнтииве од ЈСП не им ги посакувам ни на душманите
Епа ете зато напишав исто како да немало.Возат некоја си линија од Точила,Економски Факултет преку Тутунски, Центар до главната болница и друга од кај Металец преку Железничка до излезот за Кавадарци.
Не можам да се сетам на името на фирмата, знам имаа светло плави музејски автобуси и тргнувањата им беа на секој 45-60 мин.Имаше и реклама на ТВ Визија или некоја друга локална :D
А за болдираново многу луѓе исто мислиме.
 
Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Да не дојдеа нови уште ќе се возевме во крнтиите па никому ништо. Инаку има автобуси во доста добра состојба иако не се нови.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
А зошто да не добијат нови?
Зошто веројатно нема пари сега за такво нешто. Кога ќе има (а за тоа треба да се грижи општината) ќе добијат. Подобро нешто, од ништо.
--- надополнето: Nov 18, 2011 11:46 PM ---
А зошто да не ги донираат новите?Ако веќе си иронична.Лошо е ако не си во таа реченица.
Види на претходната страна слики од градскиот превоз во Битола и Куманово, па спореди.Исто како на фамилија со две Голф 5-ки да им донираш два Голф 1.
Зошто новите беа подарок, наменски. Еден беше дониран на Охрид.
А зошто сте се фатиле за поголемите градови? Што фали ако од запуштените села кои немаат никаков превоз се однесат вакви автобуси како на сликата која ја поставив?
И јас се возам во нив, и не, не сум иронична, на таа слика има добар автобус.
На тој што нема ни фичо, добро ќе му дојде голф 1.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Зошто веројатно нема пари сега за такво нешто. Кога ќе има (а за тоа треба да се грижи општината) ќе добијат. Подобро нешто, од ништо..
Едно прашање, дали на град Скопје автобусите му ги купи општината или беше Донација од Влада на РМ, како што милуваат да кажат?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Едно прашање, дали на град Скопје автобусите му ги купи општината или беше Донација од Влада на РМ, како што милуваат да кажат?
Владата на РМ одлучи на Скопје да подари автобуси. Скопје не е град само на Скопјани, јас тука повеќе провинција гледам од Скопјани. Кога нешто се инвестира во Скопје, треба да ви стане јасно дека е за скопјани и за сите граѓани. Јас како жител на Скопје немам никаква корист ако во Вукојебино однесат што било, но ти од кај сакаш да си, ги користиш работите што се прават во Скопје.
Во најмала рака - тука студираш (само колку студенти не се од Скопје......) и што мислиш, дека пешки одат зошто автобусите се само за скопјани?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Владата на Скопје одлучила да подари или граѓаните си ги платиле? Арно нешто од наши пари решиле да ни подарат :pos:
--- надополнето: Nov 18, 2011 11:55 PM ---
Он: Каква добра состојба бе крш невиден се, кога врне а се возиш нема никаква разлика што си внатре, понакиснат си во бусот него на станица кога чекаш.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Зошто веројатно нема пари сега за такво нешто. Кога ќе има (а за тоа треба да се грижи општината) ќе добијат. Подобро нешто, од ништо.
До кога со тоа „подобро нешто отколку ништо“ ? 20 години иста приказна. Пари ако сакаат за нови автобуси во другите општини ќе најдат. Најдоа за над 250 ќе најдат и за уште 40. И да не треба да се грижи општината, туку треба државата. Ист третман за сите.
Во другите градови не живеат стоки па да бидат задоволни со помија.
 
Кога нешто се инвестира во Скопје, тоа е само и единствено за скопјани. Тоа што таму има некој кој времено престојува по различни основи не значи дека автоматски на тие инвестиции уживатели се сите граѓани на РМ.
Исто како што ти жител на Скопје немаш никаква корист ако во Вукојебино однесат било што, така и јас како жител на Вукојебино немам корист од нешто што се однело во Скопје.

Во најмала рака ваквиот потег е потценувачки и навредлив кон жителите на тие 40 општини.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
А како тоа новиве автобуси биле донација од владата, демек министрите давале пари од свој џеб за нивна набавка? Живи глупости се ова со "донацијава". Само колку да се изрекламираме е моментот, нема тука такво нешто, тие автобуси се купени со пари на НАРОДОТ.
 
Важи, ама кога во другите градови ќе има автобуси (факултети гледам има) дали ќе си одите од Скопје?
Аха... да.
Посочив очигледна разлика, ако се автобусите само за Скопјани, сакам од сега сите нескопјани кои живеат во Скопје да не се возат во нив, или да плаќаат дупло поскапа карта. Оти не е нивно, нели, само на скопјани е.
А тоа што вас ништо не ви смениле, прашајте си го градоначалникот, тој е одоговорен.
--- надополнето: Nov 19, 2011 12:00 AM ---
Кога нешто се инвестира во Скопје, тоа е само и единствено за скопјани. Тоа што таму има некој кој времено престојува по различни основи не значи дека автоматски на тие инвестиции уживатели се сите граѓани на РМ.
Исто како што ти жител на Скопје немаш никаква корист ако во Вукојебино однесат било што, така и јас како жител на Вукојебино немам корист од нешто што се однело во Скопје.

Во најмала рака ваквиот потег е потценувачки и навредлив кон жителите на тие 40 општини.
Тогаш не се вози со автобусите, не студирај во Скопје, не купувај во Скопје, итн... Како што гледам, Скопјани не ве гаѓаат со камења оти го користите превозот, одите на журките, студирате на УКИМ... или УКИМ беше за сите бе. Ама ЈСП не е за сите.
Како сакаш сврти го муабетот, од Скопје доаѓа најголемиот дел од секој данок, само Скопје има речиси еден милион жители, и уште еден милион низ цела земја.
--- надополнето: Nov 19, 2011 12:00 AM ---
А како тоа новиве автобуси биле донација од владата, демек министрите давале пари од свој џеб за нивна набавка? Живи глупости се ова со "донацијава". Само колку да се изрекламираме е моментот, нема тука такво нешто, тие автобуси се купени со пари на НАРОДОТ.
И тој народ се вози во нив. Кога ќе дојдеш во Скопје плати си енормна цена за такси, не се вози во автобус, оти немаш корист од него.
--- надополнето: Nov 19, 2011 12:02 AM ---
Владата на Скопје одлучила да подари или граѓаните си ги платиле? Арно нешто од наши пари решиле да ни подарат :pos:
--- надополнето: Nov 18, 2011 11:55 PM ---
Он: Каква добра состојба бе крш невиден се, кога врне а се возиш нема никаква разлика што си внатре, понакиснат си во бусот него на станица кога чекаш.
А бидејќи Владата работи со буџетот, што очекуваш, од каде пари да најдат? Нормално дека од наши пари купуваат и НИЕ им дадовме согласност тоа да го прават.
И не се сите автобуси крш, можеби ти си колку 2-3 години во Скопје, студент, па сега ќе ми зборуваш што од 1 одд се возам со нив?
Најдобро е тие од Вукојебино и понатаму со трактор да одат, ако имаат, ако не да се види колку точно данок плаќаат и дали им останува за да им се купи нов автобус.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
И тој народ се вози во нив. Кога ќе дојдеш во Скопје плати си енормна цена за такси, не се вози во автобус, оти немаш корист од него.
Се тоа убаво нека се вози народот, само нека не продаваат малга копуциве дека се донација, кога ќе платат од свој џеб за било шо и да се купи у оваа банана држава тогаш нека се рекламираат по МТВ.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Владата на РМ одлучи на Скопје да подари автобуси. Скопје не е град само на Скопјани, јас тука повеќе провинција гледам од Скопјани. Кога нешто се инвестира во Скопје, треба да ви стане јасно дека е за скопјани и за сите граѓани. Јас како жител на Скопје немам никаква корист ако во Вукојебино однесат што било, но ти од кај сакаш да си, ги користиш работите што се прават во Скопје.
Во најмала рака - тука студираш (само колку студенти не се од Скопје......) и што мислиш, дека пешки одат зошто автобусите се само за скопјани?
Јас не студирав во Скопје, го сакам мојот дел назад :place:

Зошто веројатно нема пари сега за такво нешто. Кога ќе има (а за тоа треба да се грижи општината) ќе добијат. Подобро нешто, од ништо.
--- надополнето: Nov 18, 2011 11:46 PM ---
Зошто новите беа подарок, наменски. Еден беше дониран на Охрид.
А зошто сте се фатиле за поголемите градови? Што фали ако од запуштените села кои немаат никаков превоз се однесат вакви автобуси како на сликата која ја поставив?
И јас се возам во нив, и не, не сум иронична, на таа слика има добар автобус.

На тој што нема ни фичо, добро ќе му дојде голф 1.
Немаше пари ни во Општина Скопје, од икс причини ама зошто ЈСП не доби пари од Општина Скопје, како шо рече погоре за тоа треба да се грижи општината.Целосно си во право.
Охрид не го оправат еден автобус, ниту па му е потребен.Имаме доволно.

Ајде за помалите места, за запустените села.Напишав и погоре дека е потребно, ама НОВИ.Ако се од село со 29 жители, не се граѓани од трет ред.Си се возела во автобусите на ЈСП, сигурно не посакуваш такви трауми за мало дете на патот кон училиште.Многу добар начин за стекнување љубов кон татковината.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Што збориш бе Пумо, во 1991 сум родена и од тогаш сум во Скопје исклучок еден мал убав период што поседов во Италија каде што видов што е нормално раководење со држава па сево ова сеа ми изгледа убер бедно.

Катастрофа се старите автобуси, летс фејс ит. Можеби имаат добри мотори кои траат и имаат голема моќ, ама со текот на времето самите бусови попуштаат, тече вода од сегде, светло нема нигде, прозори не се ни отвораат/затвораат, зависи каде, се расипуваат после 2-3 станици. И тие ги тргнале од улициве, ги смениле, ги оставиле само почитавите и ќе го лажат народов од другиве градови дека се топ бусовите. Е како не, топ биле. Хорор прав е во 7 сабајле неразденето да се возиш во нив. Поладно внатре него надвор.

Стварно не е фер. Од Скопје сум ама не сум клошар што гледа за себе, поглупа идеја амин од ова.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Јас не студирав во Скопје, го сакам мојот дел назад :place:

Немаше пари ни во Општина Скопје, од икс причини ама зошто ЈСП не доби пари од Општина Скопје, како шо рече погоре за тоа треба да се грижи општината.Целосно си во право.
Охрид не го оправат еден автобус, ниту па му е потребен.Имаме доволно.

Ајде за помалите места, за запустените села.Напишав и погоре дека е потребно, ама НОВИ.Ако се од село со 29 жители, не се граѓани од трет ред.Си се возела во автобусите на ЈСП, сигурно не посакуваш такви трауми за мало дете на патот кон училиште.Многу добар начин за стекнување љубов кон татковината.
Абе у ПМ трауми, ноќе не спијам од страв... Автобусот кој го посочив не се тресе, не дува, и не пропушта вода. И такви има повеќе од доволно, кои и понатаму ќе возат низ Скопје. Но бидејќи Скопје моментално има повеќе од доволно автобуси, не гледам зошто да не ги даде на некоја друга општина, која со 29 жители ама ич не придонесла за оваа земја. Со данокот кој тие 29 жители го плаќаат, не може да се купи гориво за автобусот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom