Марципан

  • Креатор на темата Креатор на темата Doc Holliday
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Да драги мои,вашиот омразен марципан.
да видиме што всушност е марципанот?
Марципанот е всушност,мелен бадем со шеќер,кој за мене е многу убав,за вас незнам.
Сигурно има уште некој што сака марципан,не сум само јас :icon_lol:
 
e не си само ти де;)
ДА за марципанот- НЕ за персипанот
 
Да драги мои,вашиот омразен марципан.
да видиме што всушност е марципанот?
Марципанот е всушност,мелен бадем со шеќер,кој за мене е многу убав,за вас незнам.
Сигурно има уште некој што сака марципан,не сум само јас :icon_lol:
Ја отвори темава инспириран од онаа за merci? :D
 
Знам дека е мелен бадем со шеќер ама има нешто во него што го прави целиот вкус некако вештачки и чуден.. бадеми ко бадеми сакам и шеќер ко шеќер сакам, ама таа комбинација не ми оди некако :D
 
лелее баш преје ми текна..браво како ти текна за темава :D најубото нешто
 
и сега тотален пресврт :) ќе испадне дека сите уствари сакаат марципан
 
Мене не ми е ништо посебно, ама не дека ми е и одбивно. :)

Ајде малце поопширно за марципанот. :)

Постојат многу легенди за потеклото на марципанот, но сите укажуваат на тоа дека марципанот потекнува од арапските земји и дека бил пренесен во Европа и претворен во едни од најубавите десерти токму од монахините.

Една од легендите вели дека кралот на Сицилија, Руџер II, требал да замине во посета на еден од манастирите во Сицилија за да види како оди неговата изградба. Заради здравствени причини, посетата наместо во летниот период се одложила за зима. Монахините очајни дека немаат со што да го послужат кралот, бидејќи немало свежо овошје и зеленчук, дошле до идеја да го изкористат арапскиот рецепт за марципан и со помош на прехранбена боја, изработиле идентични имитации на овошје и зеленчук. Кралот изненаден од вкусот и совршената изработка, го ставил манастирот под своја заштита и го прогласил овој десерт за кралски десерт, односно во буквален превод кралско тесто.

Денес марципанот има широка употреба како полнење на многу слатки, како декорација за свадбени и роденденски торти, а некои земји како Италија се познати по изработката на украси од марципан со форма на овошје и зеленчук. Овие фигури традиционално се поклонуваат за време на новогодишните и божиќни празници.

Терминот марципан потекнува од арапскиот збор marzaban кој означувал мерка за количина кај Арапите, нешто како бушел кај Англичаните.

Состојќите за марципан воглавно се мелени бадеми и шеќер во прав, но многу е важна техниката при неговата изработка. За да добиете совршен марципан обично се потребни неколку обиди и добро искуство.

За да подготвите марципан е потребно:
250 гр бадеми, без лушпа и сомелени во прав
250 гр шеќер во прав (во слаткарството ова е познато како "еднаква доза")
2 белки

Пред да ги сомелите, најдобро е бадемите да ги ставите еден час во фрижидер, за да се добие идеална форма во прав, која нема да биде премногу маслеста. Потоа излупете ги бадемите и сомелете ги во електрична машинка за кафе или сличен уред. Измешајте ги добро бадемите во прав и шеќерот во прав. Додадете ги белките, измешајте ги со дрвена лажица, а потоа рачно замесете ги, да добиете мека смеса, не како тврдо тесто.

Нанесете малку шеќер во прав на работната површина и продолжете со месење на тестото додека не стане меко и мазно. Кај марципанот многу е важно тестото да биде мазно и лесно да се размесува. Можете да користете прехранбена боја за да креирате разни форми за декорација на торти и слатки.

Марципанот најдобро е да го завиткате во проѕирна фолија и да го чувате во фрижидер. Бидејќи содржи необработено јајце, најдобро е да го употребите во наредните денови, идеално 2-3 дена.

marcipan1.jpg


marcipan2.jpg


marcipan3.jpg


marcipan4.jpg


Извор.
 
Ептен вкусна работа, порано имаше од Banat мали чоколатца Марципан, ептен беа вкусни и ефтини арно ама ја оплескале работата нешто со црногорците и веќе не ги носат. Да не знае случајно некој да не има марципан чоколатца на кило во Европа, Kras?
 
Е добро како тогаш го има тој гнасен вкус шо би рекол ацид на охо лепило?
 
Е добро како тогаш го има тој гнасен вкус шо би рекол ацид на охо лепило?
Бадемот е вкусен. Незнам како успеваат да го заебат толку вкусот, за да потсеќа на лепак за хартија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom