H
Hip.Hop_MKD
Гостин
МРТВ ГО КРАДЕ НАРОДОТ!
Македонската РАДИО-ТЕЛЕВИЗИЈА, која е синоним за кич на ТВ етерот во Македонија
ја зголемува претплата од 120 на 190 денари. И покрај тоа што кабелскиот оператор им плаќа за емитувањето на нив тоа не им одговара и на граѓаните им се заканува со тоа дека доколку не плаќаат ќе им викне извршители. Имам Кабелска и интернет и се тоа ме кошта околу 700 ден. и да давам плус 190 денари за една никаква телевизија која не ја ни гледам, не доаѓа во предвид макар и куќава да ми ја земат! Во последно време се повеќе на теливизијата се емитуваат пропагандни материјали во корист на Владеачката партија ( пред да нападнете дека сум анти-ВМРОВИСТ, истото се случуваше кога беше СДСМ на власт и сервисот се претвара од средство на граѓаните во средство за перење мозок во корист на власта). Јас не планирам да давам 190 денари за телевизија која не ја гледам и ич не ме интересира. Почнувајќи од МТВ 1 и МТВ 2 која емитуваат емисии и филмови снимани пред повеќе од 20 години по кој знае кој пат, до МТВ 3 која труе со одвратни и досадни седници на Сообранието и Владата.
![](http://a4.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc3/23573_109920169018894_100000027349697_264865_1208577_n.jpg)
Вие што мислите, треба да се плаќа или не?