Кои се најдобрите македонски актер(к)и?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Како Ѓорѓи го бива за газда, така и Лазар го бива за абдал и слуга едноставно роден за да глуми таква улога
25795_358615782226_358518537226_3751582_6949024_n.jpg
 
Интересно е како огромен е изборот на машки актери, а девојките ретко кој ги спомнува. Што мислите, зошто е тоа така? Дали машките повеќе се истакнуваат или нема талентирани актерки доволно?

Еве јас ќе ја спомнам Лабина Митевска, која иако одамна ја немам сретнато во некоја впечатлива улога, сепак ќе остане позната во навистина одличната улога во “Пред дождот“.

Шенка Колозова е своевидна легенда, заедно со Ѓорги Колозов оставија печат на Македонските народни приказни.

Николина Кујача, најпозната по Прашина, Големата Вода, но и во поголем број театарски претстави.

И девојката од Сенки како се викаше, мислам Весна.

Уште една актерка има што одлично глуми, ама навистина не знам како се вика, ја имам гледано во повеќе претстави, одлична глума има дадено, ама не знам како се вика, па да ме убие човек.

Имаме и талентирани актерки, сега набројав само неколку што ми текнаа во моментот, но има, не е се така црно.

Од машките актери би ги издвоила Петре Прличко - легенда, неповторлив, брилијантен. :cuc: Ристо Шишков - зборови се излишни. :cuc:
Игор Џамбазов иако не е многу активен е одличен глумец, Тони Михалјовски, Сашко Коцев е одличен во комедии, но сега за сега мислам дека не е за посериозни улоги како драми и трагедии, Ванчо Петрушевски, Васил Зафирчев, Дејан Лилиќ, Дац... итн. итн.

Сигурно испуштам некој, но ќе се надополнам подоцна...
 
Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушески, Ѓорѓи и Шенка Колозови и секако Мето Јовановски.
 
Ристо Шишков, па остали...​

За Мето Јовановски, секој збор е излишен...​

meto%20(4).jpg


Ме бендисува таа наивна глума кај Никола Ристановски, целиот се предава на сцена...

Nikola_Ristanovski_by_Galevski.jpg


Момаков да не го заборавиме, мислам највише го има тој некој актерски кретивен занес :cuc:

2246.jpg

Женава некако ...​

t72014_Katina-Ivanova.jpg

Ме бендисува нејзиниот специфичен глас и некој сексипил кој го има у својата глума...​

4A6EDF4A71622C4194DD94681C88D688.jpg
 
Сашко Коцев знае да насмее. Сега мислам дека во "Трето полувреме" повеќе ќе се прослави и како посериозен глумец.
 
Марко Ковачевиќ, страшен талент. Мислам дека има уште еден филм со него, незнам дали е македонски актер (по презимето) но детево е многу надежно(y)
Македонец е, завршивме во исто основно, ама он е една генерација помал од мене.
Незнам што стана со него, сега има накај 20-21 година :)
 
Јелена Јованова
getImageThumbnail.axd


пошо баравте некое женско, иначе се согласувам за сите погоре спомнати односно повеќето :)
 
Глеам никој го нема спомнато покојниот Дарко Дамевски (Црно Семе, Мис Стон, Исправи се Делфина, Македонска крвава свадба, Денови на искушение...)

cseme3.jpg


Од многумина критикуван како премногу „здрвен“ актер, без емоции. Според мене еден од подобрите наши актери...
 
Crazy in Love напиша:
Уште една актерка има што одлично глуми, ама навистина не знам како се вика, ја имам гледано во повеќе претстави, одлична глума има дадено, ама не знам како се вика, па да ме убие човек.

Јелена Јованова
getImageThumbnail.axd


пошо баравте некое женско, иначе се согласувам за сите погоре спомнати односно повеќето :)

Е за овaa актерка зборував, ама ич не ми текнуваше како се вика. Одлична актерка.
 
natasa.jpg

Наташа Петрович според мене е многу талентирана. Ја гледав сеа брзо на Манаки во As If Im Not There, имаше многу тешка и комплицирана улога и одлично ја одглуми. Башка типкава супер изгледа
П.С. Од постарите актери, не видов некој да го спомени покојниот Ненад Стојановски, вистинска легенда. Игор Џамбазов еднаш рече дека е негов идол и му се восхитувал.
Има уште неколку постари актери вредни за споменување ама нека пиши некој друг
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom