Ок, сега те сватив ... А сега за шеријатот еве извадок од википедија , значи што е тоа ... А тие што мислиш дека се радикални сигурно немаат врска со шеријатот или ти како што ги викаш шеријатисти.
Шеријат (арапски за „добро истапкана патека“) е исламско право според традиционалното исламско учење.
Во неговите класични облици, исламското право ги опфаќа сите сфери на живеење, од управа и меѓународни односи, до секојдневниот живот. Исламските закони покриени од Коранот се нарекуваат худуд закони. Овие подразбираат забрана за убиство,вонбрачен секс, ѕемање-давање на камата, пиење на алкохол и комар. Коранот исто така содржи закони за наследство, брак, надомест за оштетувања и убиства, како и правила за постење, добротворност и молитва. Меѓутоа, препораките и забраните можат да бидат генерални, така што нивната практика е варијабилна. Исламските мислители и научници, улемата, имаат разработено законски ситем базиран на овие генерални правила, со додадени извештаи од хадисот за тоа како Мухамед и неговите придружници ги имаат интерпретирано.
Значи конечно се разбравме.
Ако ова што го вели Википедија е точно, а претпоставувам дека е точно, тогаш значи шеријатот е нешто сосема поинакво од демократијата во која живееме денес.
Демократијата дозволува вонбрачен секс, пиење алкохол, земање/давање камата и комар, односно коцкање.
Можеби си во право за тоа дека грешам кога велам дека тие кои се радикални исламисти немаат никаква врска со шеријатот, на крајот на краиштата, ако помниш, летото 2011 пред македонската јавност излезе приказната за Македонка која се вљубила во Грк, кој бил премногу религиозен, па побарал благослов од неговиот грчки православен свештеник, кој остро одбивал да му даде благослов на парот, па потоа го условил својот благослов со условот Македонката да се прекрсти во црквата на Јован Вранишковски.
Македонката го одбила условот, по што свештеникот не му дал благослов на парот, поради што подоцна Македонката и Гркот раскинале и се разделиле, секој си продолжил по свој пат.
Во овој случај православниот свештеник одлучил да не му даде благослов на парот од чисто политички причини, а не од религиски причини, што воопшто и не ни може да се земе во предвид како пример за погрешно толкување на религијата, бидејќи, како што веќе спомнав, мотивот е политички, а не религиски.
Но вистинскиот проблем со шеријатот е во тоа што воведувањето на шеријатот како владејачка идеологија во една држава е штетно како за народот, така и за самата држава, бидејќи таквата држава не е секуларна, односно е поврзана со самата религија и двете опстојуваат една од друга.
Ова важи општо за било која религија, јас сум православен христијанин, религиозен сум, но истовремено сум и секуларист, не сакам државата и црквата да бидат споени.
Веќе ги имаме на дело видено последиците од ваквите спојувања:
1. Шпанската инквизиција;
2. Царските антисемитистички погроми во царска Русија;
3. Забраната мажи да носат накит во Иран, како и неодамнешната осуда на Иранчанец кој од ислам преминал кон христијанство, не му го помнам името, но помнам дека беше неодамна, септември 2011 или октомври 2011;
4. Во Саудиска Арабија на жените не им дозволуваат да возат, задолжителното носење бурки и илјадници други забрани кои немаат апсолутно никакви допирни точки со демократијата;
И ред други примери.
Јас немам ништо против тоа луѓето да ја практикуваат својата религија, но нека го прават тоа со резерва, нека не земаат здраво за готово се што ќе прочитаат или што ќе им се каже, нека гледаат на религијата како на врска со Бога, а не како на упатство за живеење.
Има ли природни богатства во Нигерија?
Знаете на што мислам.
Нафта, јаглен, памук, гума, ѓубрива, четврти најголем производител на какао во светот и ред други богатства, кои природни, а кои добиени од природни суровини, да, ги има во изобилие.