K
kaiser soze
Гостин
Воен напад врз Иран во скоро време не би бил изводлив,земајќи ги во обзир настаните што се одвиваат на Блискиот Исток,како и состојбата во самиот Иран.Иран во моментов има силно влијание на економски и политички план во околните земји,пред се во Ирак,па така би ги искористил нападите за посилна дестабилизација,пред се во Ирак,којшто е најранлив,ако се знае оти Моктада Ал-Садр и неговите приврзаници се директно контролирани од Иран,а нови немири од поголем размер таму не им се во прилог на САД.
Мислам оти сајбер нападите од Израел завршија работа за некое време,а исто сметам оти ќе има повторен обид за дестабилизација од внатре,пред се во регионите населени со Курди и Азери,кои претставуваат најголеми малцинства во Иран,иако исламската држава тешко оти ќе ја доживее судбината на една Либија,или Тунис на пример,пред се поради внатрешните констелации.