Па другите не ни вредеа многу исто е и без нив и со нив. Пикерот на знам како се вика ама појма нема не знај топка да фати па не е и чудно што остана, за него е премија самата помисла што ке игра за ПЕЛИСТЕР, Маретич најпрво имав добро мислење за него кога го гледав на тренинзите но на утакмиците покажа дека е слаб играч нема скок и е многу спор единсвено што ме бендиса во одбрана. Единсвено од играчите кој дојдоа а не заминаа вреди само Чантурија. Со оваа постава Пелистер е многу слаб послаб дури и од ланската сезона. Најдобро е со Месков двете да ги играат во гости, ке ги намалат трошоците и онака во гости ке изгубиме со 15 разлика па во Битола ке има само 200 - 300 луге сеирџии. Не ми е јасно зошто управата не си даде оставка и да каже јавно еве го Циле клубот прави што сакаш, а не да не убедува дека Циле неке да вложва а тие се тие што го спасуваат ПЕЛИСТЕР, па ако неки Циле нека го остават на општината таа ке му го најде чарето. Паднаа маските вистината излезе, не дека нема спонзори нема луге сите се со ситни сопствени интереси. Нема човек кој ке кажи да јас ке давам пари без да контролира каде одат тие пари, наместо менаџери кој ке најдат начин за финансирање на клубот во управата го имаме Моцартот кој уште користи машина за куцање наместо компиутер, и сакаме да одиме напред.
Под хитно треба целосна реоганизација на клубот, општината треба да си најде маркетинг агенција (по можност странска), која ке обезбеди спонзорства, да се најдат вистински менаџери кои ке можат да го водат клубот. Вака од некогашниот бренд РК ПЕЛИСТЕР не остана ни бренд ни име, туку клуб за потсмев и неорганизираност.