Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Погрешно си ме проценил. Јас не сум од Service Crew, туку само ти објаснувам какви биле некогаш односите. Навивале на српски зашто биле деца на офицери од ЈНА собрани од сите републики во екс-Југославија. Не знам што не ти е јасно?! Зашто пишувале против Комити, треба нив да ги прашаш. Јас не можам да ти одговорам.За фудбал зборував, за кошарка не сум баш запознаен...
Не е битно, момакот вика дека се пеело на времето така. Чудно, во македонија се пеело на Српски...
Не ми беше муабетот, да преставувам некого како подгрупа на друг или да се занимавам за тоа што се случувало пред 100 години, туку дека во денешно време дел од вашите воџи кои управуваат со тој ФБ профил шират омраза меѓу групите со такви статуси и слично...
Личните интереси не треба да се никогаш пред оние на групата...
Зошто има да пишуваат ЕБЕТЕ ГИ КОМИТИТЕ, кога ниту сме ривали ниту ништо, ниту пак навиваме во исти спорт...
БЕСМИСЛЕНО....
Денеска треба да одлучат за оваа работа, МЗТ и Торус се против укинување на ова правило.А што е сега?Правилото да игра 1 млад, нема да важи ?
Вака нешто да пишам..Ја сваќам ако мислат дека има ривалство,бидејки има.Не директно али ривалство за врвот на тифо сцената..Само се правиме дека нема.Ама не можам да сватам како Македонци се ложат на ова пцуење кон све македонско и пишување на српски.Да биле деца на офицери на ЈНА пред 20 години,аеродром моментално е една од најсредените населби,високи цени на станови,структурата на население е бајаги сменета поради самото препродавање.80% од членовите гарантирам се Македонци.И чудно ми е како дозволуваат членовите на групата нивни видни членови да ја вреѓаат државата..Доколку некој член од комити на ниво на овој постави ваков статус и уште собира лајкови ја никад нема да стапнат на иста трибина дур не се сменат работите..Имајте приоритети во животот,а клубот не треба никогаш пред државата и нацијата да ти биде.И оние кој си немаат појма со тифо сцената не цитирајте ве молам,или доколку не знаете чив е профилот уопште
Да дополнам смао и цпб не се нешто поарни,за да напумпаат група примија све од пребркани србомани до клинци од чаир.Едноставно национализмот е на најниско ниво во државава,знаеме и зашто,па вакви работи не им се ни лоши више.Дркање на партизан,причање српски![]()
Навивале против Комити, момак. Како не. На баскет, Работнички vs МЗТ. Фудбалот е друга приказна. И не знам што се замараш со нешто што се случувало пред 20 години?! Сега се тоа е една далечна историја.
Така гласи песната на Сервис Кру и така се пеела,нема што на македонски да ја пишува......
А зошто тогаш комити се оградуваат од Сервис Кру како про-србоманска група ? Имаше многу такви изјави... Јасно е дека Сервис Кру иделе на запад ама зошто ние(Фамилијата) да се срамиме од истите а комити не ?
.Едноставно национализмот е на најниско ниво во државава,знаеме и зашто,па вакви работи не им се ни лоши више.Дркање на партизан,причање српски![]()
Се сложувам, доста се муабети од порано. Темата ја започнаб ради тоа од сегаѓноста, да се види кој провоцира, не ми беше намера да заплам стари темиСо огромно мнозинство на пристигнати гласови од кошаркарските клубови во МакедонијаПРАВИЛОТО ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН НАСТАП НА МЛАДИ ИГРАЧИ (РОД. 92, 94 И 96) ОСТАНУВА НА СИЛА--- надополнето: Oct 14, 2011 1:46 PM ---И не знам што објаснувате тука за што како било до пред 20 години кога никој нема од Сервис Кру на форумов а богами и од Ф.А.Да потсетам темава е МЗТ Скопје, и ако не се дискутира за клубов подобро и нека ја заклучат како што беше претходно.
Правилото е да мора во првите 20 минути да игра играч од 92 годиште, е сега за ова правило најмногу добиваат МЗТ и Торус бидејки само они имаат квалитетни играчи за ова правило.Негооо, што е со правилово???
Во прва петорка мора да има некој од тие генерации или на клупата?
Знам за фудбал, дека во лигиве подолни треба да има одреден број на играчи во прв тим што се под 19 години, ама за кошарка не сум информиран.
Значи слични се правилата како и во фудбал. Во фудбал се правеа доста заебанции, па така играше еден помлад фудбалер па уште во 5-та минута го вадеа и ставаа некој друг...Правилото е да мора во првите 20 минути да игра играч од 92 годиште, е сега за ова правило најмногу добиваат МЗТ и Торус бидејки само они имаат квалитетни играчи за ова правило.
И да надополнам само дека ова правило ќе трае до полусезона, бар така разбрав.