Ливерпул vs Манчестер Јунајтед, 13.45h, 15.10 2011(сабота ) Anfield Road

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше типување околу натпреварот Ливерпул-Манчестер Јунајтед

  • Вкупно гласачи
    182
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
S

Stivie G

Гостин
15.10. 2011г, 13.45 h, почеток на најголемото англиско фудбалско дерби Ливерпул-Манчестер Јунајтед. Време е за 4 големо англиско дерби оваа сезона Во претходните 3, овие 2 екипи забележаа победи нас своите опоненти(Ливерпул победи против Арсенал, додека Јунајтед победи и против Арсенал и против Челзи). Овој натпревар е повеќе од дерби. Дуел за престиж, дуел помеѓу 2 најтрофејни англиски тимови, дуел помеѓу Далглиш и Фергусон. Како ќе заврши натпреварот можеме само да предвидуваме се до некаде 15. 45h во сабота кога ќе се чуе последното судиско свирче. И кога сме кај судиите сите се надеваме на фер судење од страна на судијата и неговите помошници. Судијата за овој меч сеуште не се знае.

Ливерпул и Манчестер Јунајтед имаат одиграно вкупно 182 натпревари од кои:
Манчестер има 71 победа
Ливерпул има 61 победа
Без победник завршиле 50 натпревари.

Мало потсетување на резултатите од дуелите помеѓу Манчестер Ј. и Ливерпул во последните 3 сезони:
Сезона-2010-11
Манчестер Ј - Ливерпул - 3-2 (Бербатов*3 - Џерард*2)
Манчестер Ј-Ливерпул-1-0(Гигс)
Ливерпул-Манчестер Ј.-3-1(Кајт*3,- Хернандез)

Сезона 2009-10
Манчестер Ј.-Ливерпул-2-1(Руни, Парк-Торес)
Ливерпул-Манчестер Ј.-2-0(Торес, Нгог)

Сезона 2008-09
Ливерпул-Манчестер Ј. 2-1(Браун аг, Бабел-Тевез)
Манчестер Ј.-Ливерпул 1-4(Роналдо, Торес, Џерард, Аурелио, Досена)

Можни состави
Ливерпул-Реина, Кели, Карагер, Шкртел, Енрике, Лукас, Адам, Џерард, Даунинг, Суарез, Керол
Манчестер Ј.-Де Геа, Смолинг, Џонс, Фердинанд, Фабио, Нани, Клеверли, Андерсон, Јанг, Руни, Чичарито

Повредени играчи
Ливерпул-Агер, Џонсон(неизвесен)
Манчестер Ј-Гибсон, Евра, Рафаел, Линдегард, Видич(неизвесен)

и за крај едно видео како супер најава за овој меч

p.s. Оваа тема мораше да биде отворена уште од сега, бидејки темата за Премиер Лигата уште од сега почна да се оптеретува со овој натпревар. Ајде сега овде споделувајте ѓи вашите ставови за овој натпревар
 
Ќе биде интересно.„Ќе пукне петарда на нечија страна или не ? “ :D
 
Најголемото во Ангилја дефинитивно ова е повеќе од натпревар повеќе од дерби не е важна ни формата на тимовите ни позицијата на табелата одлучува кој тим е повеќе мотивиран и кој ја сака победата повеќе. Еве ги можните состави според мене:
LIVERPOOL
--------------------------------------Рејна-------------------------------------
Енрике-----------------------Карагер----Шкртел------------Кели------
-----------------------------------Лукас-------------------------------------
------------------Џерард----------------------Адам------------------------
Дауинг---------------------------------------------Кајт--------------------
--------------------------------Суарез----------------------------------------
Manchester United
--------------------------------Де Геа-----------------------------------------
Смолинг--------------Џонс-------------Видич-------------Фабио-----
Нани--------------------Клевери------Андерсон----------Јанг--------
--------------------------Руни-------------Велбек-------------------------

На овој натпревар милалам дека најглавна улога ќе имаат бековите на Ливерпул Кели и Енрике и од Лукас од нив многу ќе зависи конечниот исход на натпреварот ,а посбно бековие кој ќе биде по постојан притисок на фантастичните крила Нани и Јанг исто и Лукас ќе биде под притисок од Руни и од Клевери. Додека кај Јунајтед многу ќе зависи од Андерсон кој ќе има подефанзивни задачи на средината и заедно со одбраната ќе треба многу да внимава на Суарез кој е најопасен играч на Ливерпул и ако го затворат него
добро победата е наша. Очекувам исклучително тешка победа на Јунајтед од 3-2. Само сакам да гледаме добар офанзивен фудбал без многу прекини и судиски грешки и нека победи подобриот (Манчестер Јунајтед:))
 
Па ти си бил чудо од дете ... Експерт ! :pos:
 
Моите симпатии се на страната на Ливерпул. Се надевам дека ќе победат на Енфилд.
 
Ке биде неизвесно,ама од навивачка гледна точка го гледам Јунајтед како победник.
Едноставно очекувам да ги здрвиме,да им ја покажеме вистинската сила на Јунајтед.
Реално гледано двата тима имаат доста проблеми со одбраната во досегашниот тек од првенството,мислам дека токму одбраната ке биде пресудна за тоа кој ке биде победник.
Можеби Ливерпул ке биде подобар по средината од теренот,но по крилата се очајни,нешто што е најсилната страна на Јунајтед,а слаба екипа по боковите против Јунајтед тешко се спасува од 2гола минимум.
Можеби кога се гледа неутрално шансите се 50-50,ама после добра анализа на играта и на двете екипи секој би дал повеке шанса на Јунајтед.
Очекувам вакви состави.
-----------------Реина------------
-Кели-Карагер-Шкртел-Енрике-
--------------Лукас----------------
-----Џерард--------Адам--------
-Кајт-------------------------Даунинг-
---------------Суарез----------------
-------------ПРОТИВ---------------
---------Руни----------Велбек------
-Јанг-----------------------Нани-----
---------Клеверли-Андерсон-----
-Фабио-Видич-Џонс-Смолинг-
--------------Де Геа----------------
Како можни стрелци на голови од двете страни сметам дека можеби се,Даунинг,Суарез,Адам и Џерард од страна на Ливерпул,а Руни,Велбек,Јанг,Нани,Џонс од страна на Јунајтед.
Мој тип е победа на Јунајтед од 1гол разлика 2-1(најверојатно),а стрелци Нани,Јанг и Даунинг.
 
Aj и јас да пишам што сонував. :D
Баш сеа кога мислат дека дури и за титула се спремни да конкурираат мислам дека ќе ги добиеме и уште сеа ќе почнат со тоа next season. Тоа ми е желба, а знам дека ќе биде претешко, затоа што ако можеше Базел да дае 3 гола на ОТ и Норич да напраи 3-4 стопостотни шанси, зашто не и Ливерпул. Но, се надевам паузата позитивно влијаела и ќе видиме подобар Јунајтед од претходниов месец. Добро де не мора да е подобар, нека победи било како :D

За составот, не би сакал да се почне само со Клеверли и Андерсон во средина, мора и Флечер да е позади, од причина што иако победувавме на почетокот убедливо, премногу лесно правеа 100 % шанси противниците, а Ливерпул ќе знае да казни на Енфилд. За одбраната Евра и да не игра, дури и Фабио да не игра, Еванс може солидно да покрие лево. Џонс би требало да е десно, а Рио и Вида централно. И по којзнае којпат различна дефанзивна четворка и тоа може да е проблем.
Значи Руни сам напред со Нани и Јанг како крила, за победа на Енфилд.

П.С Нерешено нема од септември 2005, 11 натпревари со се ФА Куп. o_O
 
Промото е многу јако направено!!
Очекувам тежок натпревар,со многу шанси и голови и нормално победа на Манчестер и тоа на енфилд! Глори Глори Ман Јунајтед!

Манчестер Јунајтед победи Нерешани Ливерпул победи
71 50 61

4733FE8817823FD563DCADB41F7D.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom