Последен гледан филм со кратка рецензија

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
The Help (2011)
Драма, 146 мин.



Прекрасна драма која дава приказ на расната дискриминацијата на Афроамериканските слугинки од страна на „белите„ фамилии.
Скитер Пелан (Еmma Stone) е 23 годишна девојка која како и сите други бели девојки во тоа време е израсната од црномуреста слугинка, која еден ден наеднаш заминува од нивниот дом без нејзино знаење. Поттикната од секојдневните потсмевања и дискриминација кон Афроамериканските слугинки (на пример, за нив има посебно веце надвор од куќата, бидејќи луѓево мислеле дека имале други болести, или ги обвинуваат слугинкиве за кражба ако нешто снема од куќата), се решава да напише книга од аспект на слугинките, т.е. од „Тhe Help". Идентитетот на слугинките е заштитен и приказните се адаптирани со други имиња од страв да не завршат слугинките во затвор. Книгата открива многу тајни и ги шокира скоро сите фамилии.
Ми се допадна филмов што имаше и доста комични ситуации поткрепени со многу добра глума на споредните актерки. Мое субјективно мислење е дека е сериозен кандидат за оскар, ако не за филм, барем за споредни улоги.
Моја оценка е 9, додека на IMDb моменталната е 8,1.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
The Tree of Life (2011)


Невозможно е да се напише рецензија за ова, па ќе нафрлам неколку реченици за да добиете впечаток за што се работи. Не е мастерпис, не е катастрофа, не е ни просек... it's something completely different. Уметност можеби. Тешко е да се стави на скалата од 1 до 10 и да му се закачи бројче. Не е филм што треба да се разбере или протолкува, туку да се доживее.

Направив грешка што се воздржував со месеци да го гледам трејлерот поради содржината, затоа што содржина нема. Во суштина, мислам дека се работи за еден ден од животот на Џек (Шон Пен) кој, загубен во денешницата, се враќа низ спомените во своето детство, барајќи одговори за почетоците и значењето на животот.

Визуелно филмот е прекрасен, а исто и саундракот му е прва лига. Има малку дијалог, и малку монолог. Многу емоции. Веројатно се зависи од тоа како и дали ќе се поврзете со филмот. Јас го изгледав и ми се допадна. Не знам колку, пошто нема скала за вакви филмови.

Мојата омилена тема од саундтракот:
 
K

kalimer0

Гостин
Dial M for Murder


Криминалистички трилер, 95% од дејството се случува во една соба а филмот трае 105 минути. Ќе ве тера да размислувате но со кратка анализа може да им ги читате мозоците на ликовите. Впечаток ми остави Грејс Кели со незината грациозност:love:
 
S

Sagan

Гостин
The Mountie (2011)

1894, Јукон, Канада. Полициски службеник доаѓа во мала населба на канадско-руската граница, каде група Козаци пребегани од тогаш руската територија Аљаска, соработуваат со локалниот ортодоксен свештеник. Свештеникот одгледува афион и произведува опиум, кој Козаците го препродаваат. Незадоволни од количините, почнуваат со тероризирање на локалните и убиства.

Во продолжение се дознава дека причината поради која свештеникот ја основал населбата не е опиумот, туку златото кое тајно го вади од рудник. Почнува пресметка меѓу Козаците и полицаецот. Овој вториот, пак, е затрескан во ќерката на свештеникот...

Сѐ на сѐ, сценариото е бедно. Настаните се неповрзани и конфузни. Би рекол, безуспешен обид за вестерн измешан со драма. Единственото нешто кое ме воодушеви гледајќи го филмот, се прекрасните пејсажи, планини и реки на дивиот Јукон.

 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Shark Night 2011


Е оваа приказна мора да е "УНИКАТ" нема друга , нема ваква ,нема ИСТА !

Ами шо ,група на тинејџери одат на викенд со план да се пијанчат и да се забавуваат ,али како и увек рајот се претвара во пекол , се случуваат едни глупи работи кои им ја утежнуваат ситуацијата во која се наоѓаат.

По прочитувањето на неколку коментари на интернет знаев што е работата ,ама не знам кој ѓавол ме тераше пак да гледам уште еден глуп филм.

Има ли некој што може да ги изброи сите филмови со вакво исто сценарио ? Троцифрен број ќе добиеш катаљон посто !
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.873


Оу мај гад, колку добар филм конечно некоја асална акција :)

Во главните улоги Николас Кејџ и мене антипатичниот Траволта. Филмов со тешки маки седнав да го гледам чисто да видам што знаеле во 97ма, а и акцијата од тоа време ми се свиѓа... Нонстоп си викав тапа ќе ми е филмов леле кој ќе го трпи Траволта значи скроз негативни мисли, за на крај филмов да го фалам кај стигнам :D. Уште на почеток кога почнува делува како класична акција т.е. стално негативецот на крај го убиваат и се станува херој, арно ама филмов не е таков и малце е збунувачки. Верувам модераторите го имаат гледано и повеќето од вас зошто малце олд скул филмче е али чиста 10ка !!
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152
The Fountain
По препорака од wot, уште еден филм од Аронофски кој ме остави без здив, почетокот не ветуваше многу, но како што се развива дејството се повеќе и повеќе се внесувате во филмот и оставате да ве води, одлична тема. Филмот крие неколку јаки пораки(барем јас неколку најдов)и сигурно ќе ви остане во меморија, ова е еден од оние филмови за кои размислувате со денови откако ќе го гледате, сакате доживеаното да го задржите за себе, а едвај чекате да го раскажете на првиот кој што ќе го сретнете. 10/10. Препорака, must see.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Malcolm X (1992)


Биографски филм за чичко Малколм Х со чичко Дензел Вашингтон во главната улога. Еден од филмовите кои ми оставиле силен впечаток како мал, па сакав да го ѕирнам од денешна перспектива.

Кој бил Малколм X? Најупростено може да се каже дека Малколм X е порадикалната и муслиманска верзија на Мартин Лутер Кинг. Споредбата е бидејќи за вториот знаете, додека за Малколм повеќето од вас прв пат ќе слушнат. Значи, борец за правата на црното население во Америка во 60-ите од минатиот век, филм за неговиот подем и пад.

Да скратам историја и политика и да преминам на филмот:

Дефинитивен плус е Дензел кој вообичаено дава силен придонес во филмовите кои се базираат на ликот кој го глуми. Го носи филмот на свој грб.

Дефинитивен минус е должината, филмот трае цели 3 саати и нешто, а нема многу што да се види во првиот сат. Нема да пропуштите многу и ако повремено кликате на стрелките во овој дел. Можно е и ова што се наоѓа на интернет да е некоја целосна верзија, можно е и да има нешто поскратено. Исто така, нарацијата повремено нервира, малку е детска, можеби и таква (едукативна) била и намерата со оглед на крајот на филмот кој им се обраќа на младите. Филмски гледано, можело и без тоа.

Во секој случај, убав филм за оние кои сакаат да гледаат филмови на тема човекови права, САД во 60-ите (можеби највозбудлива декада) итн...

7.5/10 (Ова е оцена што обично ја давам на филмови кои се над просекот а нешто не ми погодиле за да бидат екстра).
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.720
Поени од реакции
1.477
Zookeeper 2011 . Филмов е навистина откачен и доста смешен. Се работи за еден тип кој ќе направи се за да ја врати поранешната девојка откако ќе се сретнат по 5 години има луди работи бидејќи животниве ќе го учат како да го направи тоа . Оценка 9/10 мора да се види
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.689
Поени од реакции
6.590
Innocent steps (2005)



Уште една прекрасна корејска романтична драма, која посебно треба да им се допадне на девојките, пошто има танцување :) Познат, афирмиран танчар во Кореја не е веќе во врвот поради една незгодна случка во минатото по што го запоставил танцувањето. Еден менаџер за да извлече пари го наведува да се врати на сцената и му “увезува“ позната, талентирана танчарка од Кина. Наместо тоа ја добива нејзината помлада сестра со никакво искуство во танцување. Што се случува понатаму , видете сами.... романса каква што може само корејците да направат, без ниту една еротична сцена, дури и без бакнеж, но со толку љубов и солзи :), секако посебно на крајот.

П.С. Нема клише крај иако е убав, рака на срце :)

7/10 from me :pipi:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Drive (2011)


Ќе пишам накратко нешто колку да личи на рецензија:

Прво, најверојатно дека ова не е римејк на The Driver (1978) но идејата јасно е преземена од споменатиот филм во кој Ryan O'Neal беше возачот за бегство од грабежи. Во многу изменета приказна, неговиот имењак Ryan Gosling е дечкото кој заработува како професионалец кој ја вози колата за бегство. За содржината не пишувам повеќе поради спојлери.

Мене ми остави добар впечаток начинот на кој е изведен филмот. Не е онаа класична Jason Statham бркотница со многу пцуење и пукање. Нема многу текст, Рајан е многу молчелив и повлечен тип, но очигледно со криминално минато. Не зборува многу, за него зборува тонот во позадината кој ја држи тензијата на едно ниво цело време. Има хемија помеѓу него и Irene (Carey Mulligan) иако и двајцата не зборуваат многу.

Она што ме изненади е нивото на прикажано насилство во вториот дел од филмот, без кое филмот ќе поминеше и како романтична крими/драма. Посебно ме шокираше сцената во лифтот која ќе ми остане во сеќавање од овој филм: тотална трансформација од една крајност во друга. Тоа е она што го разликува овој филм од повеќето пукај-бегај филмови. Можеби нема да ви се допадне, но ќе ве шокира.

Генерално имам добро мислење за филмот, реков, премногу насилство, но снимен на еден нестандарден, можеби малку и старомоден начин. Добро е да има филмови кои ќе се издвојуваат од мнозинството по стилот во кој се направени, без разлика како ќе бидат прифатени.

Збор-два уште за Рајан Гослинг: го имам гледано во повеќе филмови, мислам дека е голем талент и професионалец. Второто затоа што читав порано како земал шатор и отишол во природа неколку месеци само за да се подготви за улога која треба да ја игра. Такви ризици не презема секој. Како и да е, во филмот немаше многу текст за него па ни можност за некоја врвна глума, но добро го отслика мирниот, мистериозен возач, и двете страни во него.

8/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626

Мистерии, хистерии, паранои, лудила, хорори... некој да ми кажеше дека филмов е базиран од книга на Стивен Кинг и режиран од М Најт Шамалан и Стенли Кјубрик ќе му верував. Не, озбилно, филмов на почетокот многу ми наликуваше на Шајнинг(патем, Шајнинг за мене е досаден и мега оверрејтед филм). Го глеав на 2 пати, бидејќи вчера после првата страшна сцена го изгасив. А се курчам дека филмови не ме плашат ама сценава беше... the ring гомна да јаде. Плус у 1 сабајле го глеав. Филмов ми се допадна и покрај тоа што не сум баш сигурен дека го разбрав. Особено последните 15тина минути, тотално се изгубив. На кратко, се збори за 2 сестри кои живеат со својот татко и маќеа. Маќеава ќе ги хејта децава али.. не бе џабе, глејте го, џабе објаснувам :D
Ќе им се допадне на сите што уживаат во хорори/мистерии и немаат проблем со гледање на филмови од азиска продукција.​
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Го гледав Pineapple Express (2008) по втор пат, и чудно повеќе ме насмеа отколку првиот пат. Мада не мој тип на комедија, само Франко ми беше смешен у полициската кола. Како и да е 5ка од мене. Туку..

Irreversible (2002)



Memento on crack.

Gaspar Noe.. постепено добива голем респект од мене. Самошто ќе помине некое време, како и претпоследниот пат, пред да изгледам пак нешто од него. Брутални филмови, реални. Психолошки терор. Невкусни, yet art. Mи се допаѓа што знам да налетам на филмови ориентирани кон уметноста, кон доловување на целта без цензура. Препознатлив опенинг, знаев и од другото што да очекувам, затоа не бев згрозен и ужував во филмот, не дека некогаш сум се згрозил. Камерата е нешто фантастично. It's kinda his thing. First person некако доаѓа но многу психоделична. Иста како во Enter the Void. Додуша, in a shell се исти, дрога, секс, голотија, бруталност и меѓу тоа ја раскажува приказната. Овој пат хронолошкиот тајмлајн почна од крајот, што му даде на филмот мистерија и тензија. За приказната нема да пишувам (се обидел некој да го рецензира мементо?), музика на место, глума.. одлична, Monica Bellucci е преубава, иако минутажата и е повеќе сведена кон крајот, Vincent Cassel има бел бумбар исто, феноменално ја одигра атмосферата, долови параноја со помешани чуства. Исто на место беше и третиот глумец. Филмов не е за сите, пример анон од погоре би го гледал. Lars von Trier aмбиент, gore, голотија и слично. Но доста позитивна оценка од мене. 8ка.

P.S
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
The Two Escobars (2010)


Приказна за двајца Ескобари. Едниот Пабло, еден од најмоќните криминалци на сите времиња, веројатно единствениот криминалец во историјата кој објавил војна на цела држава, и вториот Андрес, капитен на фудбалската репрезентација на Колумбија во времето на нејзината најголема слава.

И пак ќе останам на многу кратка рецензија, нема што да додадам, кој е по фудбалот веќе знае. Одличен документарец, заслужува внимание. Треба ад видам што уште има од ESPN документарците, она што го изгледав до сега е прва лига.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Limitless

Кој го нема гледано филмов нека го гледа, стварно е многу јак и има одлична приказна.
Накратко за филмот :
Во филмов се работи за еден човек кој што живее мизерен живот.Случајно главниов лик се среќава со еден стар пријател, тие разговараат за старите времиња и другарот на ликов му дава апче одеднаш Eди ( главниот лик во филмот ) го зема апчето, отпрвен тој мисли дека е некоја си дрога.Потоа стана и си отиде, кога стаса дома го испи апчето и одеднаш се му стана несфатливо, почна да се сеќава на работи кои што ги запамтувал пред 10тина години, едноставно мозокот му работи фул.Наредниот ден престана функцијата на апчето и отиде до кај другаров да земе уште. Се среќаваат со другаров и Еди испадна од собата по некое време се врати и го гледа другарот мртов, знаеше дека се работи за апчињата, дека е убиен заради нив.Потоа ја прегледа цела соба и ги најде.Потоа земаше секој ден апчиња и со тие апчиња успеа од 800 долара да направи 2.3 милиони долари.
И натаму се случуваат многу интересни сцени но да не ви го објаснувам јас целиот филм ќе биде најдобро да го погледнете :)

Друг пат раскажи си до крај слободно и не мачи се со спојлери. И стави поголема слика, од оние за печатење билборди. И не, не смееш да ми реплицираш на темава дури и ако те мачи многу. Оди во Генерална Дискусија. Од модератор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom