Релации маж - жена во едно семејство

  • Креатор на темата Креатор на темата CrAzY^IvAn
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба да се рамноправни или едниот да биде доминантен ?

  • Рамноправни

    Гласови: 34 79,1%
  • Нерамноправни секогаш едниот треба да е доминантен

    Гласови: 9 20,9%

  • Вкупно гласачи
    43
Значи ја утна смислата :) :) :)
fuck%2Byea.png
 
гласам за рамноправност, но жената да прави јадење....... :D
 
секако дека рамноправност,но едно е сигурно - ако мажот си дозволи да падни под жената - тешко него
 
зато ви избегаа сите мажи од Крушево;)
хаха мислиш на жените дека побегнаа од Крушево а не мажите да ми простиш сите мажи се останати па нека се земаат маж со маж ако векем не сакат да бидаат рамно правни
 
Треба да има рамноправност,али тоа зависи од двајцата и зависи од ситуацијата.Пошо тато е цел ден на работа,а мајками е невработена,цел товар преку неделата паѓа на неа.А пак татко ми шо има еден табиет,незнае чаши,вилушки,кафе неможе да свари.Таков е,кажал за што не го бива и крај.Али затоа во Недела кога е дома,да ти е ќејф да ги гледаш ко гулапчиња низ двор :pos: Чале тревата ја коси,мама ручек праи,па овој пече чушки за зимница,па мама лупи..па ќе се задрат нешто...:pipi:
 
Треба да има рамноправност,али тоа зависи од двајцата и зависи од ситуацијата.Пошо тато е цел ден на работа,а мајками е невработена,цел товар преку неделата паѓа на неа.А пак татко ми шо има еден табиет,незнае чаши,вилушки,кафе неможе да свари.Таков е,кажал за што не го бива и крај.Али затоа во Недела кога е дома,да ти е ќејф да ги гледаш ко гулапчиња низ двор :pos: Чале тревата ја коси,мама ручек праи,па овој пече чушки за зимница,па мама лупи..па ќе се задрат нешто...:pipi:

Исто како кај мене само што и мајками иде на работа па и ја научив да готвам :icon_mrgr: и секој викенд се собираме фалимијарно но за руцек најчесто е одговорен тетинми како најголем гурман во фамилија хехе
 
Јас не сум во брак, но имам долга врска, која функционира рамноправно. Баш за се се договараме. Машки, женски работи, нема. Има нешто што само јас го правам (пример бришење прашина, пеглање) и само он што го прави (готвење). Не станува збор за препукување, така сме си се поставиле, што не значи дека јас никогаш не се фаќам да смешам некоја салата, или дека тој никогаш не фатил џогер.
Моите родители, исто така, не сум видела да имаат машки и женски работи. Мајка ми е повеќе ангажирана околу работа од татко ми, па најчесто и помалку време има. Тој е готвачот (со исклучоци понекогаш), а мајка ми е перачот :) (јас сум пеглачот и по дома).
До душа, се правиме сите, ова напишав како најчесто функционираме, али, се случило и татко ми да си запегла кошула ако јас или мајка ми не можеме, и ние да зготивме ако тој не може, да искосиме трева, ако тој не може, тој да пружи алишта, ако ние не можеме, кој е најслободен мие садови, вади садови од машина..... нема правило некое посебно.
 
Секако рамноправност и заеднички договор. Поделба на обврските, се со цел побрзо и поуспешно да бидат завршени. Тимска работа, за и двете страни да бидат задоволни. И добра комуникација за да може сето тоа да функционира ;)
 
Колку и да мислите дека треба да бидат рамноправни, едниот мора да има улога на водач во семејството.

И шо сте се запнале за домашните работи? Можи мажот сите да ги извршува, особено ако тој е невработен, а жената е вработена. Не се врти се во семејството околу тоа кој ќе избриши прашина или кој ќе ја раскрени масата. Можеби сега така ви изгледаат работите, како тоа да е најтешкото, ама има време ќе видите...

Не го лупам ова на памет, од искуство пишувам... сум видел неколку семејства кои го загубиле водачот, па она што било пред 5 години и сега... драстично се разликува.
--- надополнето: Sep 28, 2011 1:58 PM ---
Јас познавам девојче што вози виљушкар сакаш да се запознаеш со неа.
Да не познаваш и девојче шо можи да исцепи 7 кубици дрва во еден ден? Или да чисти канализација?
 
Да не познаваш и девојче шо можи да исцепи 7 кубици дрва во еден ден? Или да чисти канализација?

Одличен аргумент.Мажот треба да биде лидер во семејството и да ги носи сите одлуки, затоа што може да цепи дрва и да чисти канализација.
Предлагам така да го бираме и државниот врв.
Кој ќе исцепи најмногу дрва ќе биде претседател, а кој ќе биде најдобар во чистење канализации премиер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom