Според Филипос Сакинидис, заменик министер за финансии во Владата на Папандреу, Грција има пари за “уште неколку недели“, па затоа од голема важност е државата да ги исполни сите услови за да ја добие новата транша од кредитот на ЕУ и ММФ.
“Дефинитивно имаме простор за маневри само до почетокот на октомври“ – рекол Сакинидис за телевизијата Мега, одговарајќи на прашањата “уште колку долго Грција ќе може да исплаќа плати и пензии“ – пренесува денес Ројтерс.
ЕУ и ММФ минатата недела се заканија дека нема да ја исплатат шестата транша во вредност од 8 милијарди евра од кредитот од 110 милијарди евра поради непридржувањето на Атина до фискалните договори со кредиторите.
Во меѓувреме Владата во Атина објави дека е воведен нов данок на имот со што би се задоволиле условите на кредиторите, мерка која беше поздравена и од ЕУ.
до крајот на октомви ни преостануваат уште 2 недели значи они ако за 2 недели не превземат нешто навистина сериозно со што би нашле пари тешко дека ке се спасат од банкрот... државата едноставно МОРА да банкротира сакале или несакале. премногу долгови премали рокови претешки услови.
искрено не ги сакам ама ич ама не се криви граѓаните кои поштено заработувале - криви се тие кои мислеле дека ЕУ дава пари на слепо па ги трошеле и ги делеле како што сакаат и умеат. оваа криза сама по себе ке донесе многу други работи во грција. стапката на невработеност веќе секој ден им расте поголема и поголема. до сега во грција не сум слушнал некој да рече дека е сиромешен ама одсега ке ги има. бројот на пљачки и грабежи скоро и да го нема за таква голема држава а сега кога народот ке остане без пари богами ке има и вакви случаеви слично е и со оние луѓе кои на некој начин ке дојдат бувално до питачки стап...
сега ке има и бајаги отселувања од грција. народот едноставно ке гледа секаков начин да најде само да не живее во грција. сепак треба да бидат благодарни што вадат добра пара од туризмот. да не им беше морето незнам што ке правеа ма да и вака црно им се пишува.