Чабе шпекулираме, све ке си остане исто до крајот на сезоната што се однесува на играчкиот кадар. А за време на преодниот рок, никој не може да претпостави што ке се случи.
Ај да не останам јас покус, еве неколку на некој работи на кој јас мислам:
-Можно е Барса да се прероди со доаѓањето на Ето и Роналдињо во тимот, мораме да се надеваме на тоа...и минатата сезона Реал заостануваше многу, па Барса во вториот дел од сезоната влегоа во криза и изгубија на крај.
-Со евентуално заминување на Рајкард, и доаѓање на Мурињо...од една страна тоа ке значи заминување на еден од "Фантастик Фор" бидејќи Деко е миленик на Мурињо, и он секогаш ке добива шанса пред другите...сега Деко е резерва и тоа не го прифаќа. А од друга страна е можно под вотство на Рајкард, Деко да биде продаден...со оглед на неговите години, и све да си остане исто. Се гледа дека Деко е моментално вишокот во тимот.
-Меси, по повредата ова му беше прв подолг престој на теренот. И со оглед на предходните тешки повреди, Меси имаше успешно враќање и не дозволувајќи за време на повредата да му падне формата, напротив уште повеке ја креваше формата во наредните натпревари. Зошто да не се надеваме на повторно враќање на Меси, оној од почетокот на сезоната.
-Како Ето, исто голем недостаток на тимот е и Туре..и баш би сакал по завршувањето на купот на Африка по враќањето на Ето, Туре и конечното враќање на Роналдињо...притоа никој да не се повреди, да ги видиме сите играчи спремни за игра, и ако тогаш Барса ако не ја подогне формата и сеуште игра вака "глупо" и незаинтересирано за постигнување на гол...јас мислам дека на Лапорта нема да му остане ништо друго освен да му го даде писменцето на Рајкард кое го спрема од минатата сезона.