Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

Член од
14 март 2010
Мислења
17.115
Поени од реакции
16.772
297343_2453031284442_1211830547_33022868_536240963_n.jpg

После сите трилер завршници кои ни ги направи репрезентацијата на Македонија, испиени диезепами, испразнети аптеки, земање на лекови без плави картони, Македонската кошаркарска репрезентација стигна до историското 1/2 финале за неа на Европското првенство во Литванија. Ќе се сретни со бранителот на титулата Шпанија, на чело со Пол Гасол.
До овој најголем успех нашата репрезентација стигна послем победата над домаќинот на ова првенство Литванија со резултат од 67-65 , која важеше за голем фаворит за освојување на медал, па дури беа и оптимистички настроени дека ќе освојат и злато. Но за да не биди се така идеално за домаќинот се погрижи нашата репрезентација, поточно во овој дуел се истакна Војдан Стојановски со 5/5 за три поени и Владо Илиевски со клучната тројка во последната минута од натпреварот, Борче е веќе стандарден со над 20 поени и веќе однапред се запишани тие поени, па не го сметам за јунак на овој меч. :D
Во глобала до овој успех стигнавме со тимска игра, со одлична одбрана, најдобрата на првенството, и ги оправдавме тие резултати кои ги имавме во првата, а подоцна и во втората фаза. Додека другите не бараа на атласот, а некои и го вртеа глобусот кој сме и што сме, ние им покажавме на терен како се игра со срце за репрезентацијата, а резултатите дојдоа сами по себе.

Дуелот со Шпанија ќе се одигра во петок, во 20 часот, време во кое ќе ја испишеме историјата, ако останало уште мастило.:D

Секое мое излагање е сувишно за ова што го направија кошаркарите, новите национални херои.
Уште еднаш честитки за овој успех, и да одиме до МЕДАЛ! кога веќе сме дошле до тука, да не се враќаме со празни раце.

Да живее МАКЕДОНИЈА!

{E339E0BF-3D14-4E7D-861B-FBD8C7C28C09}flexible.jpg
 
Нема што да пишуваме овде,се е веќе кажано,доволно е само едно нешто.ИГРАМЕ 1/2 ФИНАЛЕ СО ШПАНИЈА ТОЧКА!!!!
 
Да живее МАКЕДОНИЈА!!!!!!! САМО НАПРЕД ХРАБРО И ГОРДО ПРОТИВ ШПАНИЈА! НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИСПУШТИ ВАКВА ИСТОРИСКА ШАНСА!
 
Тоа се чекаше,Види фотос да отвори тема.
Шпанците се голем малер,згазени се од Македонија.
 
Се во ред само ќе ја затворам темава барем до утре затоа што отприлика исти муабети ќе се вртат, нека спласне колку толку еуфоријата :)
 
Ајдеееееее идеме на победаааааааааа!!!
 
А тие 150-200 што отидоа вчера со чартер лет ? не верувам дека ќе се вратат додека не изгубиме :)
Мислам дека на темата Македонија - Литванија пишуваше дека се вратиле тие.
Глупости.
Барем на овој меч ќе имаа можност да го развеат знамето, бидејќи ќе имаше доволно простор.:D
 
Ах бе и зошто се вратиле толку брзо ? значи колку се неписмени овие од КФМ/владата не ми се верува, што ги кошташе ако дадат по една карта само на навивачиве.. се кладам дека доколку им дале карти дека и на клупи би спиеле навивачите само да гледаат ама КФМ :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom