Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата TripleH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Deno^ и AeRoDrOm се банирани од темава заради мрсење муда и куропецање. На следниот испад, ладење од форум еден ден. Who's next?
 
OH LEELEEEEE, DRUGARCE AKO NESTO NE RAZBIRAS POARNO NE PISUJ!:tapp:
TI DA NE SAKAS BUFON DA TI GO DONESAT?
Sergio Asenjo IMA 18 GODINI I BIL NEKOE SI TALENTCE, A DOKAZ ZA TOA E INTERESOT NA MANCHESTER U,ARSENAL, LIVERPOOL I EVERTON.
I ZA INFORMACIJA BARCELONA GO BARAAT NA POZAJMICA.
Така е tkamcev јас сум зад тебе:hump:. И за Гудјонсен викаа дека веза немал ама види го сега дрма. Јеби га стално ќе има неупатени

Deno^ и AeRoDrOm се банирани од темава заради мрсење муда и куропецање. На следниот испад, ладење од форум еден ден. Who's next?
Офф топик. Каде е правото на слободно изразување бе? Па како може да се има дискусија ако сите го застапуваат истото. Колку пати да ви кажам дека треба послободно да размислувате. Па треба да се има чувство и да се остави непречен дијалог, дури и кога ќе се развие пожестока комуникација помеѓу членовите.:zid:
 
Си можел да ги прочиташ правилата на форумот и на под-форумот "Фудбал" а особено на "Фудбал фан клуб". И е овозможена секаква комуникација која е во границите на дозволеното. Впрочем, темите во Фан клуб се наменети за фановите на даден клуб, така Фановите на Барса ке си зборуваат за нивниот омилен клуб во Фан Клуб:Барселона...на Реал во Фан клуб: Реал и така...
 
НАЈАВА ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО ИГРАЧКИОТ КАДАР НА БАРСА ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА
Летен ремонт на каталонскиот џин
Слабите игри на Барса во првиот дел од оваа сезона придонесоа челниците на овој клуб с$ посериозно да почнат да размислуваат за ремонт во играчкиот кадар на каталонскиот џин.

Во моментов Барселона заостанува седум бода зад Реал Мадрид во трката за титулата во Примера. Иако негативата не е недостижна, се чини дека Каталонците се подготвени сезонава да ја довршат со истиот играчки кадар, и дури во јули да почнат со коренити промени.

Тренер

Како што стојат работите во моментов, на Франк Рајкард му се даваат само теоретски шанси да биде кормилар на Барса и во следната сезона. Додека ланската титула на Реал може да се окарактеризира како "среќна", тогаш е повеќе од очигледно дека "кралевите" оваа сезона играат многу, многу подобро од каталонскиот гигант. Рајкард ја загуби довербата на навивачите, но и на дел од своите најдобри фудбалери, па сосема логично е што во последно време наголемо се шпекулира за заминувањето на холандскиот стратег од кормилото на каталонскиот гигант. Рајкард очигледно веќе си ги разгледува опциите, па лесно може да се случи тој да се врати на клупата на холандскиот национален тим како наследник на Марко ван Бастен, кој се споменува како негов заменик на Ноу Камп. Иако неколку стручаци беа поврзувани со доаѓање во Барса, најголеми шанси за такво нешто му се даваат на Хозе Мурињо. Португалецот ја одби понудата за преземање на англискиот национален тим со образложение дека чека повик од "голем клуб" (според целокупната европска фудбалска јавност станува збор за Барса). Помошниците на Мурињо во последните месец дена беа редовни посетители на натпреварите на каталонскиот гигант, што е потврда за подготовките што Португалецот ги прави во пресрет на своето официјално пристигнување на Ноу Камп.

Заминувања

Еден од оние што сигурно ќе го напуштат Ноу Камп е Роналдињо. Некогаш најдобриот светски фудбалер веќе не е ниту бледа сенка од "ѕвездата" што сите доаѓаа да ја видат по стадионите низ Шпанија, и само прашање на време е кога Роналдињо ќе го напушти каталонскиот гигант. Многумина очекуваат тоа да се случи во текот на овој месец, но ниту Милан, ниту Челзи не се подготвени сега да платат толку пари, особено за фудбалер што ќе нема право да го носи нивниот дрес во Лигата на шампионите. Затоа многу пореална е опцијата дека Роналдињо ќе остане на Ноу Камп до крајот на сезонава, и дури летоска ќе ги смени клупските бои. Плашејќи се дека вредноста на Бразилецот на фудбалскиот пазар ќе продолжи да паѓа, многу веројатно е дека Хоан Лапорта ќе ги договори сите детали од овој трансфер уште во текот на јануари, за летоска истиот само да биде официјализиран.

Покрај Роналдињо, фудбалерот што претставува најголемо разочарување на Барса оваа сезона сигурно е Деко. Португалецот играше одлично во последните неколку години по трансферот од Порто, но во последните неколку месеци буквално се загуби и беше потиснат од првиот тим од борбениот Јаја Туре, и извонредниот Иниеста, кој игра во животна форма. Деко доби шанса на вечното дерби со Реал, но беше убедливо најслаб поединец на теренот поради што беше исвиркан од фановите на Каталонците на Ноу Камп.

Еидур Гудјонен е еден од оние за кои веќе подолго време се шпекулира дека ќе си замине од Барселона. Исланѓанецот не крие дека бара трансфер, но проблем за реализација на истиот е што Каталонците бараат околу 10 милиони евра за фудбалерот што многу ретко добива шанса во нивниот прв тим. Еден од оние што сигурно ќе си заминат е и Џанлука Ѕамброта, кој не крие дека го мачи носталгија и очекува што поскоро да се врати во Италија. Таму челниците на Милан го чекаат Ѕамброта со отворени раце, но овој трансфер ќе се реализира дури по завршувањето на сезонава.

Засилувања

Заминувањето на Ѕамброта ќе остави дупка во тимот на Барса на позицијата десен бек, каде покрај Олегер не се снајде ниту капитенот Карлес Пујол, кој очигледно игра многу подобро како централен дефанзивец. На врвот на листата желби на Каталонците на позицијата десен бек се наоѓа Филип Лам. Она што го прави Лам толку посебен е неговата универзалност, овој дефанзивец подеднакво добро се снаоѓа и на двете страни, и сигурно ќе ги зголеми опциите при составувањето на тактиката на Барса. Лам одбива да преговара за нов договор со Баерн, со што се подгреваат шпекулациите дека германскиот репрезентативец веќе има "дил" со Каталонците за трансфер по завршувањето на оваа сезона. Доколку овој трансфер, сепак, не биде реализиран, за очекување е Лапорта да тргне по уште еден фудбалер на Баерн, искусниот Вили Сањол, кој е достапен за мала отштета, и кој веќе побара трансфер од Алијанц Арената.

Со оглед на фактот дека дури и без Роналдињо Каталонците имаат извонредна офанзивна линија (со Меси, Ето, Анри, Кркиќ и Дос Сантос), јасно е зошто погледните на управата на клубот нема да бидат насочени кон ангажман на нови напаѓачи туку кон засилување на средниот ред.

Имено, Лапорта е решен да ангажира плејмејкер од светска класа во летниот преоден рок и уште од сега се шпекулира со неколку имиња што би можеле да пристигнат на Ноу Камп. На врвот на оваа листа е Цеск Фабрегас, дете на Барселона кој многу рано замина во Арсенал. Сега Лапорта ќе настојува да го врати младиот Шпанец во татковината, но прашање е дали ќе успее да го убеди Арсен Венгер да му го продаде, иако е подготвен да плати околу 40 милиони евра за неговите услуги. Доколку не успее во тоа, за очекување е Лапорта вниманието да го сврти кон Чаби Алонсо. Иако има уште неколку години од договорот со Ливерпул, Алонсо имаше проблеми со повредите поради што го загуби местото во првиот тим на "црвените" од Хавиер Маскерано. Алонсо изјави дека очекува првотимски статус за да може да заигра за Шпанија на ЕВРО 2008, и доколку тоа не се случи тој ќе инсистира на враќање во татковината, ситуација што Лапорта сигурно ќе знае како да ја искористи. Листата на желби на првиот човек на Барса е долга, но Лапорта очигледно прво ќе почека да види кој тренер ќе го води неговиот тим во следната сезона, пред и официјално да почне преговори за засилување на екипата.



Читајте за Рајкард, шансите му се теоретски да биде тренер на Барса и другата сезона.



www.sport.com.mk
 
Ivajlo напиша:
Офф топик. Каде е правото на слободно изразување бе? Па како може да се има дискусија ако сите го застапуваат истото. Колку пати да ви кажам дека треба послободно да размислувате. Па треба да се има чувство и да се остави непречен дијалог, дури и кога ќе се развие пожестока комуникација помеѓу членовите.:zid:

Ама таа жестока комуникација прераснува во... сврти 7-8 страни поназад :D
 
Така е tkamcev јас сум зад тебе:hump:. И за Гудјонсен викаа дека веза немал ама види го сега дрма. Јеби га стално ќе има неупатени

Ivajlo, Gudjohnson me iznenaduva se poveke i poveke. Posle golot so Alcoyano od penal i nevidenoto cuvstvo za toa kade treba da bide vo vistinskiot moment so Valencia go krenaa rejtingot na islanganecot. Inaku golemo talentce ke izleze na krajot od svojata kariera. :pos2:
 
Кој тоа лажеше дека Пујол се обричил ? Еве го гледам сега уште ги држи локните...!
 
ајде момци со вас сум овој натпревар, ја чекам уште барса за 2000 :)
 
ајде момци со вас сум овој натпревар, ја чекам уште барса за 2000 :)
Не ми спомнувај..ја кога ја уплатив 1, 1500 ден. уплатив, сингл, кога играа со Реал М.
Сега сфаќам колку глупо сум постапил..немаат шанси со Реал сезонава :)
 
Кој тоа лажеше дека Пујол се обричил ? Еве го гледам сега уште ги држи локните...!

Абе му пораснала косата пак :pos::pos::pos:

Иначе, тапа сме, ептен тапа ... :(

Дај нека влезе Анри место Гудионсен и да ја живнат играта малку со Ето. Скоро и никогаш не играле заедно Анри и Ето, па и овој Рајкард шупаков пак на клупа го седнал. Кога ја видов клупата, Деко, Анри, Турам, Замброта, све ѕвер до ѕвер, си викам шо му е на овој Рајкард бе :)

Можда не се у форма некои, ама сигурно нема да се вратат у форма ако не играат :toe:
 
Не ми спомнувај..ја кога ја уплатив 1, 1500 ден. уплатив, сингл, кога играа со Реал М.
Сега сфаќам колку глупо сум постапил..немаат шанси со Реал сезонава :)

Поправка: Немат шанси со Рајкард сезонава. Ај клоцата таму ...
 
Кркиќ, Анри и Ето! - Фала и имајте пријатна вечер.
 
Честито победа ... :pipi:

кј е тој што измислуваше дека Појол се шишал :hehe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom