СУГС Раде Јовчевски - Корчагин

moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Петранка на тие што ви е класна добро ќе си поминувате, но не значи дека не треба ич да учите, т.е сите на кои што ќе ви предава она фатете си ја книгата уште од почеток !!!
Екатерина срцката ми предаваше во 2ра говорење и пишување, а во 3та и 4та македонски. Жената е прекрасна значи, си бара активности на час, да и се читаат дела и коа ќе раскажувате делата на час да си пишувате у тетратчињата зашо коа ќе ве дере ќе си прашува од тоа, а и многу ќе ви користи за писмените коа ќе ги праите.
Лидија ми предаваше во македонски во 1ва и 2ра. И она е прекрасна и не можам да се пожалам. Она сака додека се работи некое дело да бидете многу активни и да и ги пишувате домашните зашто има тетратка и одма се запишува. На пр. кога ќе работите некое дело и сите тие што ќе зборат на часот и ќе раскажуваат им става плусеви и после кога испрашува тие се поштедени, секако доколку имаат плусеви за сите дотогашни работени дела, а ако не, ако си оставате на тоа да ве испраша, е тогаш црно ви се пишува :D иначе е многу фина ....
Бране физичко како шо кажав ми беше класен у 1ва и 2ра и типот не се замарање многу многу, само ни хистеришаше и тоа е тоа ...
Таа Наталија физика не ми предаваше на мене, ја си ја испратив Благце у пензија:love: ама на тие што беа ПМА имаат физика и у 4та, па така да знам зашо таа им предаваше зашо Благце им кидна у пензија :) и шо знам од тоа шо збореа ги тормозеше со тестови, испрашувања ..... ама незз точно што како :)
Англиски ми беше прво Маја, па Елеонора ... и двете се топ.
Германски Жаклина ми беше .... и незз, ќе ве исрашува текстови, зборчиња, тестови ќе си праите и така ...
и така ..... ако некој нешто др го интересира за друг професор нека праша, па ако знам ќе му кажам ако не здравје :D
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Ете и јас се преместив кај Петранка. Значи подобра е за класна од Бране а?
 

moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Па подобра затоа што се бори за класот ... но не значи дека сте поштедени од испрашувања и остали ствари... како за другите исто и за вас :)
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
епа ок знам тоа, ние ни во основно не бевме ( ок некогаш ни одложуваше тестови ама не често) , а во средно е друго. За тоа мислев за борење за класот, тој другиот многу на незаинтересиран ми изгледаше....еша ок во секој случај фала
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.661
Поени од реакции
9.972
епа ок знам тоа, ние ни во основно не бевме ( ок некогаш ни одложуваше тестови ама не често) , а во средно е друго. За тоа мислев за борење за класот, тој другиот многу на незаинтересиран ми изгледаше....еша ок во секој случај фала
Ако сте мирен клас, не бегате од часови, добри оцени имате ондак сигурен сум дека ќе се бори за вас, и за оцени и за све друго. Тоа не беше случај со моите класови претходните 4ри години па со прст не мрдаше за нас. Другите професори имаат доста респект спрема неа, а богами и страв .:icon_mrgr: Али во секој случај по мене многу подобра класна е од Бране. Имам доста другари Бране што им бил класен,од тоа ракијата знае да забега по некад... :D
 

Crazy. xD

Chazy
Член од
7 октомври 2010
Мислења
14
Поени од реакции
1
Секретарката ми кажа дека не давале дурги карти незнам шо,така да ќе се шверцам еден месец дур не ни ги даат слободните :icon_mrgr: иначе до сега најдобра наставничка за мене е тичр .. тања англиски :pos:
 
Член од
1 септември 2011
Мислења
4
Поени од реакции
0
Дали некој има информација дали Поповиќ предава или замина во пензија???
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
94
Поени од реакции
29
Е ајде сеа уште едно прашање од мене-Бранко (физичко) гледам сите го знаете.Ај кажете што точно бара-тапа сум за физичко и ме занима какви проблеми ќе имам со него?
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Луѓе а оваа англиски младата добра е? Пошо многу на лигава ми личи. И онаа биологија Елизабета ?
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
94
Поени од реакции
29
Луѓе а оваа англиски младата добра е? Пошо многу на лигава ми личи. И онаа биологија Елизабета ?
Елизабета е ок, мене ако ме прашуваш, жената е малце како потресена;) И нас ни збореше за АЛО ефектот и ни кажуваше како оценува итн, итн...А англиски уште не сум имала...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.806
Поени од реакции
72.105
Таа Елизабета ко да не и е лесно баш. Прв час имавме денес одма почна да збори за ,,ало впечаток'' и за генетски модификации. xDDD Ќе видиме наредните часови како ќе биде ама вака не ми е баш саглам. А оваа Петранка историја, не е ок жената жими све. Едниствена беше што на прв час ни предаваше лекција ,,во интерес на времето'' било така. Али како се понаша тоа е чудо. И многу е дрска според мене што многу мразам кај наставници. Едно девојче од мој клас ја прашува дали е машко или женско само затоа што имаше кратка коса -.- Затуцани од комунизам професори многу мразам, а оваа изгледа е таква. Другиве мање више се ок.
Иначе класна ми е Маја по англиски. :)
Сега кога ќе ви акне строг режим, машко не смее да има долга коса, не смее да седите во шорцеви ако ви се рунтави нозете, машко не смее да носи питсови и слично, женско не смее да седи разголена ...:D
Бар таква беше дур ја учев:D
Божеее кои ви се овие професори у пм, освен Петранка ниеден друг незнам:pos:
Кај сум учел ја у пм..:D
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Ај сите нека пишат кои се 1-ва година да се видиме во школо утре? :D. Со Теа лесно е, со мене учи, а за другите?
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Да да ни почна Пепи со тие нејзини правила. А биологија и нас ни збореше за модификации и први впечатоци и такви глупости :tapp: А англиски мислам Татјана се викаше :cautious:
 

moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Значи вака:
Бране и додека ми беше класен у 1ва и 2ра се правеше строг, поготово вака првите денови ни дробеше како ќе биде строг, истиот муабет нема кошарка, фудбал, одбојка... нема врска тој муабет !! може ќе ве замара на почеток да трчате низ сала да праите вежби и сл, ама после секој ќе си брка своја работа:) само глеајте почесто да си вежбате, макар и да не ви се вежба, седнете на клупа у опрема, ама може и да си ескивирате:)
Петранка значи како што кажа на предходната страна Saber не дозволува пирсеви, долги коси и такви ствари кај машките, а женските на нејзин час не се кинџурете многу многу или ако више сте накинџурени ставајте у ташна алки и други тракатанци. Гледајте тие денови кога имате часови со неа да бидете фино облечени, во светли бои, зошто имав другарка рокерка у клас и можете да замислите каков беше нејзиниот стил на облакање, по што секој час навлегуваше во конфликт со Пепи, почна во 1ва, продолжи во 2ра, во 3та малку стивна зошто не ни предаваше Пепи и во 4та пак продолжија, дури имаше запамтено дека у 1ва и 2ра стално се карале за нејзиниот стил на облакање:) да НЕМАТЕ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ деколте, гол стомак...или боље кажано да може и на топлово у ролки да си идете:D исто не сака многу нашминкани и гледајте увек да сте фини и да си седите помирнички на нејзин час зашто црно може да ви се пишува. Кога ќе одговарате или правите нешто муабет со неа бидете културни, фини и не и се правете манги мн мн :) исто така мноооооооогу мрази шишиња и мобилни на маса !! :D исто ако си има некои што си се по цигарчињата пазете, зашто кај нас како што ќе поминеше покрај клупи викаше ахх ова цигариве ми усмрдивте се, сега ќе зеам и сите што мирисате на цигари ќе ви ставам неоправдани !! Друго многу важно е да си запишувате кај неа на час додека зборува, верувајте МНОГУ ќе ви користи коа ќе ве дере. Има уште многу што да се пишува за неа, но мислам дека ова ви е доволно за да сфатите дека треба уште од сега да си седнете и да си ја сфатите Пепи сериозно :) и ај да не ве плашам многу, ќе има моменти кога и она ќе се насмее !! (ретко, ама има !! ) :D
Некој пиша дека Маја англиски му е класна... СРЦКА Е ЖЕНАТА !!! Иако само у 1ва и 2ра ми беше, 3та и 4та Нора ми беше, не е битно ќе ви биде топ со Маич :giggle:
Таа Елизабета по биологија прв пат слушам за неам, мене Снежана ми беше и у 1ва и 2ра и 3та и на тие од ПМБ и у 4та, ако му е на некој од вас, жената е топ !!!
Тања англиски ... врска неам која е :D
И некој праша за Поповиќ математика дали е отидена у пензија...отидена е најверојатно, штом на никој не се паднала од првачињава, рече дека ќе не доучи нас, т.е моја генерација и ќе си иде ... ја спобудалевме жената, па од друга страна и јасно ми е зошто има толку нови професори у школово хахаха :D јака им душа на тие што издржаа со нас, посебно со мојот клас:oops: каде што во 3та и 4та на часови бевме по 9 души, на секој час различни, да не речам у смени :D и така ...
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Ај сите нека пишат кои се 1-ва година да се видиме во школо утре? :D. Со Теа лесно е, со мене учи, а за другите?
Прва два сум ја. Одма кај скалите. Или дојди ти или кажи кој клас си ја ќе дојдам кај тебе у училница па ќе се видиме. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom