Црн-бел бумбар

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
тапа е емисијава..се некој исти луѓе се јавуваат!!
 
Пред да се правиш силен излези од тоа твое стаклено ѕвоно да видиш како живеат 90% од граѓаните на оваа земја, да ја видиш вистинската слика на Македонија. Тоа дека има луѓе за кои е добро е несомнено, секаде има такви и секогаш ќе има ама брат државава ни ТРУЕ! Таквите ко тебе не се ни 10% а извини 10% и 90% не е исто. Да не почнувам сега политичка дискусија пошто и така е забранета на форумов ќе ти кажам само дека ако не се смени нешто во земјава нема да е на арно. И да фала на предлогот, би се отселил од државава уште веднаш кога би имал можност!
а чекај сакаш да кажеш дека се нема ништо сменето во државава во последниве години???? па ти дали си нормален!?
 
Ми се допаѓа емисијата, нема лаги како што имаше кај емисиите и смс гласањата на А1. Водителката на секој гледач му се обраќа со почит, знае како да се однесува со луѓето. А тоа што некој толку време си го јаде па му е криво и се му пречи па и емисијава, тоа е др работа. :D
You are fucking unbelievable!
 
Кога ќе ја видам Тања одма мењам програма, ни секунда не се задржувам. Се плашам да не се навлечам на емисијта, после кај крајот ќе ми биде (ќе треба и да се јавувам ) :tapp:
 
Емисијава има добра намера да се слушне „гласот на народот“ н очигледно тоа не функционира па наместо да го слушнеме народот секојдневно ги слушаме истите лица.
 
Интересна емисија - фрик шоу за тепање време и доживување на ретка состојба на свесност наречена "дал да плачам ил да пејам". Се прашувам како воопшто некој може да ја сфати емисијава сериозно а посебно редовните телефонски посетители.
 
Уште се јавува тетка Македонка? :pos:
дедо илија, македонка од велес, гледачката од скопје и митре од битуше (го нема последно време изгледа се превртил) и на времето господин пепи од појма неам каде :D
толку е ростерот на јавувачи на емисијата, има и други али не се актуелни како овие, знам дека и гоцета делчев се јавуваше на времето, сега не следам долго време
 
Мене па ваквите емисии ми се нај интересни.Особено ќе се јави некој вмровец,па некој од сдс....се препукуваат.А ја си легачам дома и лагано ги слушам..
 
дедо илија, македонка од велес, гледачката од скопје и митре од битуше (го нема последно време изгледа се превртил) и на времето господин пепи од појма неам каде :D
толку е ростерот на јавувачи на емисијата, има и други али не се актуелни како овие, знам дека и гоцета делчев се јавуваше на времето, сега не следам долго време

Како бе го заборај Николче Петрески од Кичево. редовен е на Бумбар и на утринските програми на Канал 5 и Сител :pos:
--- надополнето: Aug 31, 2011 11:48 PM ---
Мене па ваквите емисии ми се нај интересни.Особено ќе се јави некој вмровец,па некој од сдс....се препукуваат.А ја си легачам дома и лагано ги слушам..

Кога се препукувал некој од сдс во Бумбар? Обично само што ќе почнат да зборуваат мистериозно им се губи сигналот или „исклучуваат“ ненамерно :pos::pos::pos:
 
Тања Бумбар е новиот портпарол на Беличанец

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=C9BD60261C7FD147BD4FB9FBCBF121C4
Атанасовска- Ивановска седна во портпаролското столче во општина Кисела Вода на местото на Марјан Спасески, кој од неодамна е на директорската позиција во Агенцијата за млади и спорт.
Koja рокада човече ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom