Се одложува стартот на учебната година!?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Можно е да задоцни почнувањето на учебната година за средношколците и основците заради високите температури и топлотните бранови што ја зафаќаат земјава. Министерството за образование порача дека конечна одлука се` уште нема, но дека ја следат состојбата и ако треба ќе реагираат.

20110829skolo.jpg


Благ пад на температурите се очекува пет денови по официјалниот старт на учебната година, односно на петти септември.

Доколку Министерството не реши поинаку, препораките на владата ризични категории да не бидат изложени на сонце во одреден дел од денот - нема да важат за учениците. Официјалниот старт на учебната година е в четврток.

+инфо
 
Ќе направат тие некоја импликација да се намали температурата.
 
А испитите ќе ги одложат?Пошо имам еден така временски подолготраен...да не излегвам на научено поради топлото време :P
 
Леле само ако не се одложи ќе те лежам ! Од твоја уста ,во божји уши.

Секоја година некоја ваква информација изникнува ,секоја година се радувам и секоја година се разочарувам. Али мислам дека сонцево ќе пука појако !
 
се одложува стартот...абе пак ќе си трчате маратон
 
5 дена не прават никаква разлика, освен дополнителни проблеми за учениците со материјалот после ..
 
Ај радувајте се сега, ама потоа кога ќе ги учите саботите, немојте да се жалите тука :D
 
Ова се вика „драпање мадиња“. На времето порано да не не идевме ич во школо коа беше топло или ладно. Абе идеш и бараш уште. Размазотини ни едни. А па телевизииве од што нема за што да направат прилог, се нешто трескаат зимзелени.
 
Ај па вие па ! секој почеток на школска година од 1 септември бар 1 месец у иднина ништо не се прави !! се воа ноа ! ама после .. ! :)
 
Средношколец сум, е сеедно ми е дали ќе почне на 1-ви или од 5-ти. 1-ви е четврток, послем само 1 ден (запознавање со материјал што ќе учиме, домашна не верувам дека нешто ќе дадат, и да дадат не се жалам, за 1 саат макс. ќе завршам) и викенд. Не разбирам што ќе губиме од материјал?
Јас сум да се почне од 1-ви, и прошлата година вака во септември на почетокот имаше високи температури, па пак идевме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom