Лингвални фиксни протези

  • Креатор на темата Креатор на темата Gebieterin
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сакам лингвални!!! .. се надевам нема да си го осакатам јазикот зошто ми треба само за горната вилица, арно ама ја ете се испопрашував по многу приватни ординации и никој не работи со такви, дај Џени кажи ако знаеш кој работи, да си се консултирам ја.. (кога веќе ги изрекламира) :smir:
 
Нема шанси вакви протези да носам.Можеби се најдобри ама тешко е привикнувањето сигурно.Ја едвај се навикнав онаа да ја носам а камоли сега ваква.Али тој што е упорен сигурно ке успее да се навикне да ја носи:toe:.
 
Интересна ствар. Најмногу ќе патат денто-лингвалните гласови, али ќе се привикнеш и на тоа. Мислам, на сè се привикнува организмот, па не на ова.

Сепак еден чекор напред во ортодонцијата, мала револуција, нов правец. Кога би имал потреба и можност би ставил ваква протеза. Баш ќе се распрашам.

Џену ако знаеш од прилика кои ординации во Скопје почнаа да го работат ова?

Знам само една, таа кај што одам јас. Ама докторката моја кажа дека има уште едно 2-3 во Скопје што работат вакви протези. Ако сакате име, по ПП само, да не рекламирам :)
 
Може да е офтопик,ама на пример како се движат цените на овие обичните фиксни протези,да речеме само горна вилица...Колку места има и др информации...
 
Клиника или приватно?
 
Па двете па да правиме разлика(ако не знаеш,доволно е тоа што го знаеш):toe:

Па вака, на клиника мораат прво да те прегледаат, па да ти фукнат цена, затоа што зависи од аномалијата пред се`, кои методи ќе треба да ги употребат. Само сигурно е дека се плаќа контрола 20 евра, еднаш месечно и ако ти се откачи некое делче од протезата и го изгубиш/голтнеш, ќе мораш да си го платиш.

Е кај приватните е различно, зависи од лекарот каква тарифа си одредил. Обичните фиксни се скоро секаде најмалку 300 евра, а има ординации кои си работат со свои материјали, некои ординации ќе ти дадат список и ќе те натераат во некоја од продавниците за медицинска опрема да си ги купиш материјалите. Некои ординации ќе ти наплаќаат и контроли, некои ординации ќе те остават на рати да платиш.
Има секакви акробации, така да најдобро прво да се советуваш со вработените од избраната ординација и убаво да се распрашаш пред да ставиш протези :)
 
Фала.....:pipi:

Имам само аномалија на горната вилица и тоа мала...Баш сега нешто планирав и се распрашувам секаде...Сепак фала на помошта.
 
Јас имам внатрешни и коштаат 1500 евра(во германјиа ги монтирав), а на преглед одам кај др. Лидија Тилева која е специјалист за протези. Носев и надворешни, а тие се 500 евра.:)
 
јапонска измишљотина- LED- протези:eek:

Па вака, на клиника мораат прво да те прегледаат, па да ти фукнат цена, затоа што зависи од аномалијата пред се`, кои методи ќе треба да ги употребат. Само сигурно е дека се плаќа контрола 20 евра, еднаш месечно и ако ти се откачи некое делче од протезата и го изгубиш/голтнеш, ќе мораш да си го платиш.

Е кај приватните е различно, зависи од лекарот каква тарифа си одредил. Обичните фиксни се скоро секаде најмалку 300 евра, а има ординации кои си работат со свои материјали, некои ординации ќе ти дадат список и ќе те натераат во некоја од продавниците за медицинска опрема да си ги купиш материјалите. Некои ординации ќе ти наплаќаат и контроли, некои ординации ќе те остават на рати да платиш.
Има секакви акробации, така да најдобро прво да се советуваш со вработените од избраната ординација и убаво да се распрашаш пред да ставиш протези :)
Е сеа мене ме интересира дали за двете вилици е вкупно 300 или од вилица 300 евра, исто би сакал да те прашам дали прават панорама пред да ти стават протеза и дали мора да се вадат 8те зошто јас на пример имам тесна вилица и веројатно ќе морам да вадам како беше кај тебе случајот ?
 
Од вилица 300 :) Треба да се прави снимка, таа ќе види дали треба да се вадат осмиците или не.
 
Oхохо, а јас пак имама проблем голем мене забите не ми се многу криви освен долните инцизиви, е се проблемот е што загризот ми е е катастрофален, имам растојание помеѓу двете вилици кога ја затварам устата, не дека секој приметува ама не мозам конец или селотејп со уста да кинам, дури стоматологот не примети до скоро(затоа и го сменив) фала ти , и ај кажи дали знаеш за ова со загризов нешто :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom