Што е моментов со државно знаме на свадба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Локација
Скопје
Да, толку многу сум замислен што воошто неможам да си го одговорам ова прашање кое случајно ме замисли.

Што е моментот со државното знаме на свадба?

Оваа тема е тука отворена бидејќи не е ни за во Дом и семејство ниту пак за во ЧДА.

Молам некој да ми го одговори ова, сите прават свадби но кој знае што значи тоа знаме на свадба какво значење има.

Мене ми е смешно, не само ние туку се што е балканско ова го прави.

Разбирам кога оди некој во војска или во туѓина ама на свадба??

 
Колку сум чул, во стари времиња, музика споена со бајрак имала за цел да “информира“ дека музиката е заради свадба. Знамето сепак, не било официјалното државно, туку црвено со разни декорации од срма, рачно везено од женските роднини. Во други прилики не вееле знаме. Ова со туѓината, одење војска и сл., комбинирано со музика, некоја релативно понова мода било.

Сеедно, мене оваа комбинација за на свадба, исто така, ми е дегутантна и асоцира на изразување чуства на кои не им е ни место ни време. Ама Балкан е ова, микс од нации, религии, кои живеат едни покрај други, па национализмот го има секаде, посебно на свадби. У стил “Еј видете, ние прајме свадба. Ќе се родат уште неколку од “нашата“ нација/вера.“
 
јас сметам дека не е знаме за на свадба.. да бидеме искрени..
испраќања во војска, имендени, слави итд .. ок ама за на свадба.. некако е бзвз
 
абе дрн дрн јарина веке напавија :)
 
јас сметам дека не е знаме за на свадба.. да бидеме искрени..
испраќања во војска, имендени, слави итд .. ок ама за на свадба.. некако е бзвз

а зашто па на именден или на слава знаме ? па тоа е уште побезвезе...
само со војскава ми има некоја логика... ама за именден ? освен ако се викаш македонка :)
 
Не секој на својата свадба има знаме, да не речам ама повеќе од половина не ни имаат знаме и такви некои си работи.

Иначе во однос на традицијата и историјата, знамево колку што знам ништо не означува. А, што се однесува со моментот на знамето, тоа ти е исто како да се качиш на Кораб и да го развееш македонското знаме или да идеш на натпревар со знаме или да го вееш на секој наш празник, истото е и со свадбата, најверојатно некое убаво,топло, пријатно чувство кое патем не прави неизмерно среќни и весели.
 
а зашто па на именден или на слава знаме ? па тоа е уште побезвезе...
само со војскава ми има некоја логика... ама за именден ? освен ако се викаш македонка :)
па да за такви некои ситуации мислев.. не знам искрено јас немам ништо против.. кој скаа нека си става кој не не... али ја лично не би зела.. :)
 
Прашаево си ги поставувам уште ко гледав стари македонски филмови, со свадби. Еднаш добив одговор на тоа прашање али заборавив. Очигледно не ми бил паметот толку многу тука, или можеби прашањето сум го поставил од досада :)

п.с. Ако знае некој нека одговори па да знаеме, баш сеа повторно ме заинтересира
 
ваљда да се разликуваат христијанска од муслиманска свадба. ако имате приметено и муслимани кога прават свадба или сунет обавезно вејат албанско знаме, па ај и нашиве си рекле зошто да не вееме и ние бе? и ондак то...
а ова знамево демек бајрак е или бајракот си е друга приказна? знам дека бајрактерот вее некакво знаме кое предходно и го зема на месаријата од женска страна, а какво знаме вее појма немам :oops:
 
И што ако извадам знаме? Демек ептен патриот сум така? Толку ја сакам татковината што го убацувам македонското знаме со јаболко горе на барјакот на свадба, каде што нема везе ништо со татковината т.е. јас влагам у брак со друга особа? Каде има поврзаност на татковината и свадбата? И што ако се разведам после? Која е симболиката на знамето тогаш што било на почетокот? Безмислено. Место толку убави начини за изразување на љубов кон татковината, луѓево го прават тоа на места и настани кои немаат смисла...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom