“Македонски систем“

  • Креатор на темата Креатор на темата The_Red1
  • Време на започнување Време на започнување

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Темава искрено не знам како да ја крстам. Се надевам вие ке и најдете име. Ке објаснам што се деси со близок роднина во оваа мила и мала Македониичка.

Братучед ми неможеји тука да успее замина во Германија.Таму беше околу 5-6 години. Од 2001 до 2006. Работеше цело време. Во 2006 дојде дома и тука седеше 1 година а наредната (2007-2008, не знам точно како беше) му најдоа некои другари работа во Швајцарија, отиде и ден денес таму си живее. Пред некое време на домашна адреса му стигнува писмо. Опомена за неплатено здравствено осигурување на фирма ЈН-БС-ФГ (не беа овие букви ама името вака изгледаше). Братучед ми фаца WTF?!? Ангажира адвокат да види што е работата. Некои документи му дозволија да ги разгледа а некои сеуште не. Во тие што ги зема пишува дека лицето тоа и тоа (братучед ми-точно име и презиме), место на живеење (точното место на живеење), со матичен број (ТОЧЕН!) има регистрирано фирма во ШТИП (град кој се наоѓа 200-250км од местото на неговото живеење + никогаш не бил во Штип). И таму сеа пишува вработени и управник-Сите до еден РОМИ. Братучед ми слуша прв пат за луѓево и за фирмата. Треба да плати здравствено осигурување на фирма што ја нема. Среќа што моментално фирмата е во ликвидација и не течат уште давачки. Адвокатот додека зеде дел од документите се изнамачи, не му ги даваа, дојди утре, дојди по една недела-се се тоа трошкови. Фалат уште документи меѓу кои и договор (или што ти знам таму што) од нотар. Да се види потпис, копија од лична карта/пасош и останати работи. Во дел од документите што ги зеде адвокатот имаше една сметка платена, негде 500-600 денари беа. Потписот личи на тој од татко му а тој не платил ништо. Братучед ми е среќен што од граница не го земале директно во притвор оти и тоа е можно тука. Вчера баш праевме муабет и тој самиот не знае што да прави. Се останува до адвокатот и останатите документи од Централен Регистар (ако успее да ги земе).

Се надевам се што е потребно како инфромација го опфатив тука. Ако треба уште нешто прашајте па ке ви кажам ако знам и јас. :)

Ме интересира ваш коментар за случајов. Како би реагирале вие доколку ви се деси нешто вакво :)
 
Како би регирал јас, пак не би се вратил тука уште еднаш пари на трансакциона нема и готово.

Е сега како може некој да отвори фирма на негово име со негов матичен број тоа не ми е јасно?
 
очигледно некој вршел криминал на негова сметка, ова само во македонија е можно..
Уште поочигледно е дека се вмешани и нотарите и другите јавни служби. Зашто да нема дозвола да ги види сите документи?
Како би регирал јас, пак не би се вратил тука уште еднаш пари на трансакциона нема и готово.

Е сега како може некој да отвори фирма на негово име со негов матичен број тоа не ми е јасно?
Бројот е цела работа. Освен МВР и тој (вклучувајќи мајка и татко) никој друг нема достапност.

Welcome to the jungle !!!
Срање од Џунгла.
 
Да биде среќен што не отидела толку далеку работата да му дигнат кредити и големи долгови на негово име. Мој колега беше отишол да работи во Германија и кога се врати му ставија црн печат да не може да оди во странство 15 години, му бил земен идентитетот од некој друг и потоа и тој и цела фамилија не можеа никаде да одат надвор од Македонија. Значи има и полоши работи се надевам дека се ќе се среди и ќе се докаже. Колегата дури сега започна процедура со адвокат од Германија ако се докаже дека е безправно оштетен државата мора да го исплати. Не верував дека постојат такви работи и во Македонија ама еве постојат. Изгледа некој се претставувал цело време како твојот братучед а штом има фирма регистрирано на негово име мора да постои и адреса каде се наоѓала таа фирма па таму најубаво да отидете.
 
и те како постојат(за жал)
осетив на св.грб, а се’ беше околу ЕМБ-
една нула- една кула- ко што викаат старите.....
ми требаше ново државјанство и тука настанаа сите перипетии (не би сега околу тоа) ама ни крив ни должен човек може да наебе:mad:
и после многу изгубени нерви за неколку дена се’ се реши
 
Да биде среќен што не отидела толку далеку работата да му дигнат кредити и големи долгови на негово име. Мој колега беше отишол да работи во Германија и кога се врати му ставија црн печат да не може да оди во странство 15 години, му бил земен идентитетот од некој друг и потоа и тој и цела фамилија не можеа никаде да одат надвор од Македонија. Значи има и полоши работи се надевам дека се ќе се среди и ќе се докаже. Колегата дури сега започна процедура со адвокат од Германија ако се докаже дека е безправно оштетен државата мора да го исплати. Не верував дека постојат такви работи и во Македонија ама еве постојат. Изгледа некој се претставувал цело време како твојот братучед а штом има фирма регистрирано на негово име мора да постои и адреса каде се наоѓала таа фирма па таму најубаво да отидете.
Има седиште фирмата. Во Штип, улица Цветан Димов :) Бројот не го запамтив. Уште кредити да му дигнеа, ке му олеснеа работа :D Ама од каде Матичниот број?!

Само Ц4 му е мајката.
На таквите и Ц4 им е малку.
 
Е што се не се прави денес па за еден матичен број сега за еден формулар да пополниш матичен број ти бараат. :)
 
Е што се не се прави денес па за еден матичен број сега за еден формулар да пополниш матичен број ти бараат. :)
Jас би го убил нотарот ако имам поголеми проблеми. Зарем слеп е тој па да не ја препознае сликата? Епа ако до толку “криминалциве“ отишле напред и на лична карта/пасош со негова слика да ги има податоците од некој друг секоја чест.
 
После ке рече некој што ви фали во Македонија?
 
И кога ќе оди во Централен Регистер ќе му речат системот ни е паднат.
 
И кога ќе оди во Централен Регистер ќе му речат системот ни е паднат.
Истото мене ми го рекоа кога чекав ред за нов биометриски пасош,се изначекав едно добри 2-3 часа се додека не дојде еден помлад џандар кој знае малку од малку со компјутерите,па го рестартираше блокираниот компјутер и работата тргна,ама тие постарите неписмени џандаришта(не знам кој ги ставил пред компјутер)рекоа дека системот во Скопје паднал(стара финта) а целата работа била во нивниот компјутер кој се блокирал(веројатно од прегреаност или од нешто друго),само овие не знаеја каде е копчето за рестарт,не знам што да кажам веќе,ем одеа на курсеви ама изгледа не научиле ништо туку гледале во нечија мини-сукња,поздрав!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom