Трето полувреме

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Речиси два месеца поминаа откако беше најавено снимањето на филмот “Третото полувреме’’ под палката на режисерот, оскаровецот Бранко Ластиг.

Не знам дали почнаа, има ли новости, каде се’ ќе се снима, кои македонски а кои американски глумци се во игра?

Благодарам за секоја поставена информација.


18 April 2008 Skopje _ Branko Lustig, the famous Oscar-winning producer has joined ranks with Macedonian movie director Darko Mitrevski to shoot the film “The Third Halftime.”


“The Third Halftime” is the story of Ilejs Spic, the Jewish coach of the Skopje soccer team, “Macedonia” which during the Second World War, under his leadership became the champion of the fascist soccer league.

The movie will be produced by the Hollywood production company King Roads Entertainment. The owner of the company, the famous director, Steven Spielberg will also be involved in the team that visits Macedonia soon, in search of shooting locations.

“This is a story about soccer that under the specific historical circumstances has become more than a game. It has become a battleground between good and evil,” Mitreski says.

The director who also wrote the script promises spectacular historical soccer matches from the 1930 and 1940s but says the movie will also reveal how Macedonia lived under fascist occupation and the sufferings of Macedonia's Jews at the time.

Nearly all of Macedonia Jews perished in notorious Nazi death camps during the Second World War. Read more at

http://www.balkaninsight.com/en/main/news/8438/

“One of my favourite scenes from the movie is when 10,000 spectators at the then Skopje stadium shout the name of the team “Macedonia”. A boy climbs on a tree who conveys the events to those who are outside the stadium and says 'they are shouting the name of our team.' 'That is not just the name of our team, that's the name of our country!' one man says to himself,” Mitrevski told local Dnevnik daily.

Lustig won two Academy awards, the first in 1993 for the production of Steven Spielberg’s “Schindler's List” and the second in 2001 for the epic movie “Gladiator” by Ridley Scott.

The movie will have cast with Hollywood actors but the director says there will be Macedonian actors involved too.

http://www.balkaninsight.com/en/main/life_and_style/9493/


.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Многу интересно прашање.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Се надевам некој ќе има интересен одговор.

Барем досега не приметив ништо во медиумите.
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
И јас немам ништо слушнато, баш сега ги проверив профилите на ИМДБ на сите спомнати личности и никаде го нема како проект кој треба да се очекува.

Edit: На гугл не сретнав ништо друго освен најавата за филмот од некои наши сајтови и неколку грчки кои се замараат со тоа кај не има спомнато.
 
В

Вори

Гостин
Малку да објасниш што се работи во филмот,не ке беше лошо!!!
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Ајде да соџвакаме за сите да знаат за што се работи во филмот.

Се работи за фудбалски тим од Солун, наречен “Македонија’’, за време на Втората светска цвојна, кој предводен од еден Евреин станува шампион. Преку фудбалот, филмот ја прикажува Македонија за време на фашистичката окупација и го прикажува (делумно) животот на Евреите во неа тогаш. Има сцена во која додека публиката на стадионот во Скопје навива “Македонија, Македонија’’, едно детенце вели, “сите навиваат за нашиот тим’’, додека еден тип до него вели - не е тоа само името на нашиот тим, туку името на нашата земја.

Прашав за филмот бидејќи атинските цигани начисто полудеа кога се појави оваа иницијатива, а и работат тивко воопшто да не се сними филмот.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Знам дека е прерано и е за само за еден филм, но сепак е македонски и вреди да се отвори тема, според тоа каков потенцијал има самиот филм.



Во септември се очекува во Битола да бидат снимени делови од филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски. Во Битола веќе се разгледуваат локациите за снимањата. Снимањето би требало да заврши во октомври, а ќе се снима на локации во Скопје, Битола и во Охрид.

Во битолскиот монопол ќе се снимаат сцени од собирањето на Евреите и нивната депортација во концентрационите логори и доаѓањето на возот во железничката станица.

Долгонајавуваниот филм на Митревски „Трето полувреме“ комплетно ќе се снима на локации во Македонија. Станува збор за американско-германско-македонска копродукција, кој со вкупниот буџет од 3 милиони евра влегува во групата на високобуџетни филмови. Од Филмскиот фонд на Македонија ја доби максималната поддршка од 500 илјади евра, како и еден милион евра директно од македонската влада, а милион и половина евра се обезбедени од странски продуценти.

Постпродукцијата, која делумно ќе се работи во Германија, а делумно во Канада, се очекува да биде завршена до крајот на годинава, што значи дека филмот комплетно би бил завршен во почетокот на 2012-та. Плановите за понатамошниот живот на филмот се големи и, доколку сé оди според планот, филмот има амбиции да се прикаже и на Берлинскиот филмски фестивал.

Дејството на „Трето полувреме“ се случува во 1942 година и е базирано на автентична приказна за фудбалскиот клуб Македонија, кој бил воден од тренер Евреин, со чија помош тимот успева да го освои шампионатот на тогашната фудбалска лига на фашистичка Бугарија. По казна, тренерот е испратен во концентрационен логор, а фудбалерите од тимот успеваат да го спасат од возот што го носел за „Треблинка“ и го препраќаат во Албанија, каде што се крие неколку години.

До сега е објавен дел од екипата -
Sergej Trifunovic, Katerina Ivanovska, Richard Sammel, Rade Sherbedzija, Mitko S. Apostolovski, Emil Ruben, Whitney Montgomery, Toni Mihajlovski, Meto Jovanovski, Petar Arsovski

Еве го и го и поголемиот plot од филмот, за жал е на англиски и прилично голем па затоа ќе го ставам во спојлер:

It’s 1939. Dark clouds loom over the whole of Europe. The Nazi war of conquest has just begun. The old continent is slowly slipping into its darkest of days as countries are ripped apart and borders are re-drawn.

Macedonia, a poor, neglected region of the Serbian kingdom, is oblivious to all this turmoil.

DIMITRIY, the owner of a small local football team, has more pressing worries on his mind. His gifted boys, all of different ethnic backgrounds, seem to have lost the ability to win. His star player, KOSTA THE COUNT, is more focused on gambling, thieving and skirt chasing. His lack of commitment and carefree attitude affects the performance of the whole team. The situation worsens when Kosta falls in love with REBECCA, the stunning daughter of a stern Jewish banker. It is obvious to everyone that this story has no future. How could a princess ever love a beggar? But Kosta is desperately in love. Against everyone’s advice, he follows his heart and pursues Rebecca with unrelenting passion.

The team loses one game after another. It’s a disaster of colossal proportions. Dimitriy needs to fix the situation before his team implodes. The nervous owner, an admirer of German efficiency, hires the services of RUDOLF SPITZ, the legendary Teutonic coach, notorious for his inflexible discipline and hard work. Dimitriy is hopeful that this Aryan can transform his team of slackers into a formidable winning squad.

Rudolf Spitz begins this new adventure with loads of energy and enthusiasm. But the boys loathe him. At every stage Kosta and the rest try to undermine this German dictator. Undeterred by the boys’ defiance, Spitz refuses to step back. When his strict regime finally yields real results, the boys begin to show him the respect he deserves.
A real team is forged. Macedonia quickly moves up in the National Soccer League standings. The fragmented community is ecstatic and suddenly the team has a growing following. Dimitry is thrilled. This is the success he’s always dreamed of.

But the team is soon rocked by scandal when Kosta and Rebecca elope. A rabid DON RAPHAEL COHEN renounces his daughter. The lovebirds are ostracized by the whole community. A penniless Kosta is forced to turn to Dimitriy for help.
Having little choice, the owner allows the couple to set up a home inside the team’s dingy locker room. Kosta and Rebecca believe that in the end their love will triumph over all.

But this provincial scandal is soon set aside when the first Nazi tanks roll through Macedonia. The Serbian rulers are easily defeated and with the stroke of a pen, the whole region is annexed to Fascist Bulgaria. Dimitry is pleased. He greets the Nazis with great zeal, firmly believing that these new rulers will help modernize Macedonia and bring about much needed law and order. To his surprise, Spitz does not share his enthusiasm. The German coach hates the Nazis.

Colonel GARVANOFF, the new brutal town commander, soon reveals why. Spitz is a Jew!
Life becomes harder and harder as more restrictions are imposed by the new rulers. The Nazis prove to be much worse than the previous Serbian conquerors. Dimitry, who is now a member of the elite, remains apologetic towards the new regime. He feels that these steps will only ensure a better future for his much loved country.

Spitz and his boys are forced to join the new league organized by the Nazis. But this time they are not playing a simple ball game. Every victory obtained against the Aryans is a triumph of good over evil. The population adopts them as its symbol of hope.

Their string of successes infuriates the Nazis. Berlin orders its cronies to stop those boys by any means necessary. But all their attempts to threaten Spitz and his boys are futile. The Macedonian team is unstoppable. A vengeful Garvanoff moves in to arrest Spitz. The coach is rounded up with the rest of the Jewish population.
Everyone is terrorized as the whole region is systematically ‘cleansed’. Rebecca’s whole family is amongst these innocent victims. Luckily her name is not on Garvanoff’s list. Her forbidden love saves her from certain death. Kosta tries to free her family but is unsuccessful.

Dimitriy is shattered by all this barbarity. He wakes up to the fact that he has made a pact with the devil. To prove his allegiance he is asked to kill Spitz. But how can he murder the man who made his dream come true? Disillusioned by the Nazis and his beliefs destroyed, a repentant Dimitriy helps Spitz escape into the mountains, and as he watches him run to safety, turns the gun on himself.

The team is in tatters; Its leaders are gone; the boys’ spirit is broken. A gloating Garvanoff visits them before their final match. He wants to make sure that they understand his orders. The team must lose, otherwise they will all be shot.
Everyone is disheartened.
Kosta, who has just become a father, convinces his mates that they must fight back. They owe it to all those who believed in them and supported them.

The next day, the whole team fails to show up to the game. Garvanoff is furious. He has been deceived. Kosta and the rest escape to the mountains to join the partisans. The third half is about to start!

Има и аудиција за статисти за филмот па кој е заинтересиран - линк
Слики од можните локации за снимање на филмот - линк

Ваши мислења за тоа каков ќе биде филмот? Има ли потенцијал за нешто поголемо од сега што сме го имале?
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Јаоо Дарк од унутрашни да не си. Од каде бе информацииве !? Браос, браос. Инаку јас ќе одам на аудицијата, па кој е за се гледаме таму. :)

пс. мислам дека ептен ќе го биде, бидејќи се работи за Евреи, а Америве се ептен по Евреите. Ако не добие и оскар за странски филм еве на. ;)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Јаоо Дарк од унутрашни да не си. Од каде бе информацииве !? Браос, браос. Инаку јас ќе одам на аудицијата, па кој е за се гледаме таму. :)

пс. мислам дека ептен ќе го биде, бидејќи се работи за Евреи, а Америве се ептен по Евреите. Ако не добие и оскар за странски филм еве на. ;)
Неам врски у МВР али си знам да си барам на Facebook. Пејџот на филмот е овој.
 
П

Паспарту

Гостин
ФК Вардар е формиран во 1947 година по фузијата на ФК Македонија и ФК Победа. Инаку, станува збор за тогашниот тренер, а воедно и легенда на клубот Илеш Шпиц.

Кој е Илеш Шпиц, човекот чие име деновиве предизвика големо внимание не само меѓу љубителите на филмот туку и во фудбалската јавност во нашата држава, бидејќи за неговиот живот се има заинтересирано и познатиот хрватски и американски продуцент Бранко Лустиг, кој ќе застане зад најновиот проект на режисерот Дарко Митревски „Трето полувреме“.

Филмот ќе биде посветен на фудбалскиот клуб Македонија во времето на бугарската окупација на Македонија, кој беше еден од најдобрите клубови, како што тврдат оние постарите љубители на најубавата споредна работа на светот. Дури и најдобар во Македонија на сите времиња, предводен од тренерската легенда Илеш Шпиц, кој целиот свој живот го има посветено на фудбалот. Унгарец со еврејско потекло, кој беше вљубен во Скопје и кој во својот омилен град, на Градскиот стадион, во почетокот на второто полувреме на средбата Вардар - ОФК Београд (3:2), го заврши својот животен пат добивајќи инфаркт од преголемата возбуда и настаните што се случуваа на овој меч.

Животната и фудбалската приказна за Илеш Шпиц заслужуваат да се најдат на филмското платно, тоа го почувствувал и Дарко Митревски, внимателно собирајќи податоци за ФК Македонија и за легендата која вечно ќе живее - Илеш Шпиц, кој го има задолжено фудбалот во Македонија и во тие денови за време на Втората светска војна и потоа како тренер кога неговиот Вардар играше во Првата лига на поранешна Југославија.

Постарите љубители на фудбалот се сеќаваат се' уште на тие крвави денови на бугарската окупација на Македонија, кога нивниот миленик ФК Македонија играше во Првата лига на Бугарија со голем успех, но и со големо незадоволство на бугарскиот окупатор, бидејќи им беше трн во окото поради големата популарност меѓу народот и победите против бугарските тимови.

Тренер на таа екипа беше Илеш Шпиц, кој во Скопје дојде од Сплит 1938 година, тренирајќи го претходно Хајдук. Играше и лева полутка за репрезентацијата на Унгарија. Кога дојде во Скопје, беше тренер на Граѓански, првиот клуб од Македонија што играше во Првата лига на тогашна Југославија.

Таков тренерски ентузијаст и познавач на фудбалот не се памети во Македонија, според сеќавањето на најстарите скопјани. По цел ден беше на теренот, работеше со првиот тим, со резервните играчи, со подмладокот. За него немаше одмор. Зад него остана една цела генерација одлични фудбалери.

Во Граѓански остана се' до 1941 година, кога од скопските клубови Граѓански, ССК, ЖСК, Победа и Југ беше формиран клубот Македонија на 10 август, на основачкото собрание што се одржа во салата на киното „Уранија“, подоцна „Култура“. Прв претседател беше Димче Хаџитонов, сопственик на автомеханичарскиот сервис „Пајко Маало“.

Поради добрите резултати и одличниот тим, бугарските власти и' дозволија на Македонија да игра на првенството на Бугарија.

Македонија, предводена од тренерот Илеш Шпиц и легендата на фудбалот во Македонија Џина Симоновски, ја почна серијата победи на бугарското првенство, и во Скопје и во Софија. Беше совладан ФК 13 со 6:1 и 7:4, потоа Славија, Локомотив, Христо Ботев, Спортист, Шипка, Бенковски. Овие успеси почнаа да им пречат на бугарските власти, особено името Македонија, која водеше борба за првото место со познатиот тим Левски. Шампионот на Бугарија требаше да игра во Средноевропскиот куп, но Македонија не го заврши првенството, беше исфрлена од лигата. Што беше повод за тоа исклучување. За тоа ни раскажуваше Васил Дилев, голманот на Македонија, подоцна и на Вардар, најстарата жива фудбалска легенда во нашата држава, кој иако има 96 години, се' уште се сеќава на тој крвав настан во Скопје на 29 март 1942 година, кој сигурно го привлече и вниманието на режисерот Дарко Митревски да го сними филмот „Трето полувреме“.

- Со Левски во Скопје игравме пред пет илјади гледачи, на сегашниот Градски стадион, се сеќава Васил Дилев, популарниот Дитљак. Врнеше силен дожд, кал до колена, на теренот немаше многу трева. Водевме со 2:0, кога бугарскиот судија, немаше судии во Македонија, по една одбиена топка од стативата на нашиот гол, која падна далеку од гол-линијата, покажа на центарот признавајќи нерегуларен гол за Левски. Сите протестиравме, но беше залудно. Во таа мешаница, играчите на Левски го напуштија теренот, како по договор, си заминаа во соблекувалната. Тоа уште повеќе ги разлути нашите навивачи, тоа беше невидена крвава вечер во Скопје, бидејќи бугарските полицајци немилосрдно почнаа да ги тепаат со пендреци. Некои, онака облечени, скокаа во Вардар бегајќи на другата страна, кон Француските гробишта каде што, исто така, беа пречекани од полицијата. Тоа беше повод од клубот Македонија под уште поголем притисок да се бара да го смени името, но никој не сакаше да слушне за тоа и во 1943 година Македонија беше исфрлена од лигата. Инаку, тој прекинат меч беше регистриран со 3:0 за Левски.

Иако веќе во години, со помош на книгата од Ивко Панговски „Скопски фудбалски незаборави“ го објавуваме и составот на Македонија што играше на тој меч со Левски:

Васил Дилев, Слободан Видовиќ, Живко Нетков, Драган Геров, Благоја Симеонов, Стојан Богоевски-Гајда, Трајче Серафимовски, Драган Луковски-Аџијата, Светозар Атанацковиќ, Јане Јаневски, Џина Симоновски. За Македонија играше и Саво Цетковиќ.

За Илеш Шпиц, дете без родители, кое било оставено пред вратите на една еврејска куќа во Унгарија, може многу да се пишува, што се вели, да се сними цел филм. Како Евреин, поради големите успеси на клубот Македонија, Шпиц беше под будното око на полицијата. Му беше наредено постојано да ја носи жолтата шесткрака ѕвезда на градите, симбол на Евреите, редовно да се јавува во полицијата, најмалку трипати неделно да не патува со клубот, практично да не биде тренер на Македонија.

Со судни маки, благодарение на претседателот на клубот Димче Шкатров и секретарите Мицко Симеонов и Кирил Пенушливски, со помош на претседателот на Бугарскиот сојуз, била дадена согласност да не ја носи ѕвездата и да може да патува со клубот, но за време на натпреварите морал да седи на клупата, никако да танцува.

Тие истите луѓе, според искажувањата во книгата „Скопски фудбалски незаборави“, го спасиле Илеш Шпиц од гасна комора и заминување во логорот во Германија. На 8 март 1942 година, во Градската општина под тврдината Кале цела вознемирена влегла сопругата на Илеш Шпиц, која почнала да вика: „Однела полиција мој Шпиц“, „Иде за Немачку“, „Убише мој Шпиц“...

Тој ден повеќе Евреи од Скопје биле собрани од полицијата, меѓу нив и Илеш Шпиц, кои требало да бидат депортирани во Германија, каде што ги очекуваше сигурна смрт во гасните комори.

По брза интервенција на Димитар Шкатров, по разговорот со директорот на бугарската полиција Асен Богданов, Илеш Шпиц беше извлечен од возот некаде кај Владичин Хан и вратен во Скопје на голема радост на сите навивачи и љубители на фудбалот во Скопје. Доколку не се направеше така, ќе имаше многу безредија во Скопје поради популарноста на Шпиц.

Илеш Шпиц никогаш го нема заборавено ова. Секогаш кога требаше, иако неколку години беше тренер на белградски Партизан, доаѓаше во Скопје да му помогне на Вардар. И каква симболика. Скопје му го спаси животот, а тука на Градскиот стадион, на 1 октомври 1961 година, згасна неговиот живот во почетокот на второто полувреме на возбудливата средба Вардар - ОФК Београд (3:2), доживувајќи срцев удар. Тоа беше крај на животниот пат на незаборавната тренерска фудбалска легенда на Македонија. Иако Унгарец, тој ја сакаше Македонија, живееше за неа.

Неговите играчи што играа на тој меч: Мирко Илиевски, Петар Шулинчевски, Раде Чапароски, Коста Милошевски, Никола Бошалевски и другите, со солзи ја примија веста за неговата смрт. Солзите-радосници по драгоцената победа против ОФК Белград ги заменија со солзи на тага.

Два дена потоа, на Илеш Шпиц му беше приредено величествено простување кога ковчегот со неговите посмртни останки беше носен на рацете на фудбалерите на Вардар од плоштадот се' до железничката станица, од каде што со воз беше пренесен во Белград за да биде погребан, исто така, со големи фудбалски почести.

Тоа сигурно ќе биде и крајот на филмот на Дарко Митревски за една незаборавна легенда, човек кој остави длабоки траги во македонскиот фудбал.

http://www.vesnik.mk/?ItemID=2F1043E4B47E524F92EA765115F0F57B

 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Актерската екипа е многу јака

Oвој Ричард Саммел http://www.imdb.com/name/nm0759898/ имал улоги во добри филмчиња од кои најпознат е оскаровецот Inglorious Bastards

Сергеј Трифуновиќ последна улога имаше во Монтевидео Бог те видео супер филм што би му дошол како малку постар брат на Трето Полувреме

За Раде Шербеџија нема потреба да се коментира !

А нашите актери во филмот се можеби и најдобрите во моментов во Македонија !

Судејќи според српскиот Монтевидео Бог те видео ако овој биде барем близу до него ќе бидам презадоволен !
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Едно другарче беше на кастинг за филмов, само што не му се јавија :) Сергеј ми е омилен европски глумец, ес да не е веќе европски но почетоците м усе овдешни :) едвај го чекам филмов
 

Kajgana Shop

На врв Bottom