Јас како голем љубител и долгогодишен “корисник“ на услугите на македонски железници, можам да кажам дека се навистина подобрени оваа година, откако го пуштија брзиот воз БИТОЛА-ПРИЛЕП-БОГОМИЛА-ВЕЛЕС-СКОПЈЕ, кој за цели 2 часа стигнува до скопје. Е сеа како што треси вагонот а брзината е нон стоп иста нема намалување можете да се испотепате, али барем се средени вагоните. Поради таа причина кликнав “ДА“ горе на анкетното прашање.
Далје, возовиве ни се катастрофа другите, така да значи нема полоши возови на балканов од овие. Кондуктери кој арен кој пијан кој глуп кој ретардиран, многу пати кога доаѓале другарки мои со воз, се случувало да бидат замарани од кондуктерите, најчесто ноќе кога патуваат но без разлика на тоа, немаат никаков однос со патниците. За се имаат казна, најсмешно ми беше кога еднаш во премногу испрљан вагон седнав и ги кренав нозете на седиште и кондуктеро почна да црека ќе ми пишел казна 4500 денари за тоа, а вагонот не глеа дека каков беше претходно.
Исто не им чини тоа што каснат премногу, ако возот во бт, треба да тргни за скопје во 18:26, возот стигнува во бт во 18:57 а ќе тргни дури во 19:20. Додека тргни возот, брзиот воз е тоа време во прилеп, и сега, брзиот како брз го губи поимот брз затоа што мора да чека во прилеп на споредната линија да дојде возот од битола дури во 20:00 (кој по правило треба да е во 19:00 за скопје) па така и двата возови каснат како и секогаш.
Секогаш кога патувам со воз се јавувам кога ќе дојди возот, од причина што ако појдиш на време на железничлка незнаеш колку време ќе го чекаш возот да дојди.
Исто така, има многу културни а исто и некултурни вработени по шалтерите во билетарниците а во скопје,имаше една баба која не знаеше англиски, да им изваде карта на едни туристи.
Па добро што ставате такви баби кога немаат појма од македонски а не англиски, во билетарница каде секаков народ се вози...