Скоп­је смрди

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
СКАПАНА ХРАНА СЕ ЦЕДИ ОД КОНТЕЈНЕРИТЕ

Скопје труе на гнилеж

B9EE5F53D482F54F9E076AACCCBE5260.jpg
Измешана миризба на скапани лубеници, дињи, краставици, кромид ве­ќе цело лето се шири низ главниот град, а од ЈП "Комунална хигиена" се убе­де­ни дека јавните површини се чистат и се мијат редовно и темелно

Скоп­је смрди. Измешана миризба на скапани лубеници, дињи, краставици, кро­мид веќе цело лето се шири низ целиот град. Нема улица а да не е ис­фле­ка­на од маснотиите од скапана храна, кои се цедат од контејнерите. Скоп­ја­ни се жалат дека газат на лепливи дамки, кои од горештините се за­пе­че­ни на асфалтот и смрдат уште повеќе.

"Ше­таш и мирисаш гнилеж. Ова ни се случува секое лето. Ние мора да фр­ла­ме ѓубре во контејнери, а комуналци треба да ги празнат. Но не само да го собираат ѓубрето туку и да ги мијат контејнерите, оти тие смрдат и кога се праз­ни. Како може да не смрдат, кога вода ги фаќа само кога врне", ко­мен­ти­ра­ат скопјани.:pos:
Проб­ле­мот се повторува секоја година, а ЈП "Комунална хигиена" секогаш со став дека градот се чисти и се мие редовно и темелно.
Оттаму тврдат дека секој ден ги празнат контејнерите, а еднаш месечно ги мијат што, според нив, е доволно тие да не се засмрдат.
"За­дол­жи­тел­но употребуваме детергенти за дезинфекција кога ги чис­ти­ме. Преку лето ги дезинфицираме еднаш месечно, а зиме еднаш во три ме­се­ци.:eek:
И тоа, прво го гребеме талогот кој е зафатен во контејнерите, па ги миеме со шмрк, и на крај ги дезинфицираме со антибактериски де­тер­ген­ти. Темелно ги чистиме само ноќе", изјавија од ЈП "Комунална хи­ги­е­на".
Оттаму засега не најавуваат почесто собирање на ѓубрето и миење на кон­теј­не­ри­те и на асфалтот околу нив.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=1A38BAD837C1B1438F6AFFDD8652B0BC
--- надополнето: Aug 13, 2011 6:43 AM ---
--- надополнето: Aug 13, 2011 6:44 AM ---
http://arttacks.blogspot.com/2009/09/berlin-group-mentalgassi.html
 
ајде уште малце и после ќе нема да има ни смрдеж ни ѓубре, пред месец дена најавија дека ќе се поставуваат низ центар подземни контејнери и доколку се увиди дека е подобра опција, што би треало да биде, ќе ја шират и низ населбите
 
не е проблемот само во летните месеци ко што пишува во статијата- :eek:
нечист град е Скопје-тоа е факт,
колку граѓаните се виновни толку и комунална хигиена
решенија има - но нема кој да ги применува
неможе по стар терк од пред војната да се тера и ден денес
се’ додека не се најдат некои приватно да започнат со т.р сервиси - ко што е случај во мн,држави- подобрување не очекувајте:mad:

па и тие подземни контејнери ко што викате- прашање е колку навремено ќе се испразнуваат и ред други работи
 
Што стана со законот за јавна чистота.. изгледа отиде у мајчина . Секој закон кај нас за 3 дена
 
некој се досетил o_O во месецот имал околу 150-200 повици за чистење на пластичните канти
првично наплаќа по $9.95,а за секое повторно- следно чистење по $4
ги обработуваат најпрво со дезинфекциони средства, ги мијат под силен притисок на вода , ги сушат и накрај ги обработуваат со некое миризливо средство

Kills most germs passed by children in just 30 seconds, and kills MRSA and VRE Superbugs in only 2 minutes(y)
ова бар да го применуваат по болничките контејнери- ;)
http://www.scrubbish.com/

http://www.scrubbish.com/Process.html
 
Нели народов за леб немаше, а ваму хранава по контејнери фрлена
 
СКАПАНА ХРАНА СЕ ЦЕДИ ОД КОНТЕЈНЕРИТЕ

Скопје труе на гнилеж

B9EE5F53D482F54F9E076AACCCBE5260.jpg

Сликава е од Ѓорче, од кај мене. Работата е што слабо доаѓаат да ги празнат контејнериве и навечер истите добиваат улога на „Тинекс“ за циганите. Ќе расчепкаат по нив, ќе ги растрбушат и повеќе ѓубре ќе има надвор отколку внатре во нив.
 
Не само што смрди, туку и цел е раскопан.
Немаш кај да седнеш на раат а да не чуеш звук од багерите.
 
Сликава е од Ѓорче, од кај мене. Работата е што слабо доаѓаат да ги празнат контејнериве и навечер истите добиваат улога на „Тинекс“ за циганите. Ќе расчепкаат по нив, ќе ги растрбушат и повеќе ѓубре ќе има надвор отколку внатре во нив.

Пази позади - Мобимак. :D Постара слика, амин.

Иначе нема везе тоа, контењериве треба да ги исцедат. Џабе што го собираат ѓубрето коа течности си има уште. Треба за храна поинакво решение, како во САД и други земји ваљда - у лавабо па таму низ тоа процесорот за ситнење на храна во канализација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom