Десет типови на луѓе кои одат на одмор во Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.501
Поени од реакции
35.464
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Океј, Охрид е богат со историја, културно наследство и природни убавини. Но, колку е добар за таму да го поминете вашиот годишен одмор? Оваа тема е предмет на дискусија веќе со години помеѓу нас. Луѓето се делат на два типа - оние кои одат на одмор во Охрид и оние кои не одат. Се потрудивме да ги разбереме првите:
ohrid1.jpg

Луѓето кои немаат пасош
Понекогаш, луѓето забораваат дека сè има рок на траење, па така и пасошот. Поради ова, неретко се случува на неколку дена пред планираниот одмор да се соочат со суровата вистина дека планираниот одмор на море ќе мора да го заменат со одмор на езеро. И така, со мислата „Океј, подобро негде отколку нигде“ се упатуваат кон неизбежната алтернативна дестинација.

Малолетните
И децата знаат дека море си е море, но што е - тука е. Ќе се издржи уште некоја година, не е многу.

Оние на кои им е прв одмор
На оние кои прв пат заминуваат на одмор без своите родители и со друштво, одморот ќе им биде интересен и убав каде и да се. Уште се водат од клишето „Не е битно каде си, туку со кого си“. И во право се. Се додека не отидат на одмор на друго место за да можат објективно да размислуваат и споредуваат. Собата не била чиста? Што е битно, ќе има забава во соба. Те сместиле во соба која има метален кревет како од болница од Втора светска војна? Не те напнува, затоа што и така си легнуваш во 6 наутро. Немало топла вода за туширање? Што ми е гајле, мајка ми не е со мене, нема да ме кара затоа што не сум се истуширал...

Пензионерите
Хеј, па по 35 години исполнети во р'мбање или во дремење во државна администрација, човек нема сила да се замара со ситници. Сè што му е битно е тука: природно езеро, чист воздух, убавина. Ќе го подмлади телото, а и духот. Можеби ќе падне и див пензионерски секс со поглед накај езеро.

Трудници
Не е паметно да се патува на далечни локации во блажена состојба, а посебно ова важи за мајките кои се во ризична бременост. Охрид се чини како паметен и безбеден избор.

Луѓето кои го сакаат културното наследство
Непобитен факт е дека Охрид изобилува со богата историја, археолошки наоѓалишта, природна убавина и културно наследство кое вреди да се види и посети. Не за џабе е град под заштита на Унеско и прогласен за Светско културно наследство. Но, дали Господ знае дека Охриѓани наплаќаат за влез во црква? И тоа, една цена за домашни туристи, а повисока за странци.
ohrid2.jpg

Оние кои сметаат дека цените се пристојни
Да бидеме реални, храната и пијалоците во Охрид не се скапи. Но, воопшто не се ни ефтини. Горе долу се еднакви со цените на море во некои од туристичките места во соседството. Многумина си мислат дека ќе банкротираат доколку се одлучат за одмор на море поради страв од високи цени за сместување и храна, па играат на картата „Што си е сигурно, сигурно, во Охрид пиво не може да е поскапо од две евра“.

Луѓето кои сакаат убаво езеро
Геолошката старост на Езерото се проценува на 2-3 милиони години, поради што се вбројува во групата на стари езера, како на пример Бајкалското, а поради ова паѓа во вода и легендата дека настанало така што Биљана отишла да наполни вода и заборавила да ја затвори чешмата. И додека Охридското езеро поради долгото постоење се смета за екосистем кој е резервоар на еволуција кој се карактеризира со голем број реликтни и ендемични организми, за жал и за волја на вистината не може да се пофали со убави, средени и чисти плажи.

Имаат викендичка/стан во Охрид
Доколку целата животна заштеда сте ја фукнале за да изградите викендичка или да купите стан во Охрид, зарем би отишле на годишен одмор на друго место? Во тој случај инвестицијата би била пропадната, па одморот во Охрид е неизбежен секоја година до крајот на животот.

Љубопитни странци
По блескавите рекламни кампањи и репортажи кои повремено вртат на некои од познатите светски медиуми, Охрид почна да го привлекува вниманието на туристите од целиот свет.

Поради тоа, често се случува луѓето кои патуваат кон некои од туристичките дестинации во соседните земји да го вклучат Охрид како попатна станица. Но, најчесто за прв и последен пат. Можеби затоа што не ги сфаќаат работните навики на охридските таксисти и не сакаат да се возат со уште неколку непознати лица во автомобилот, или затоа што не им се допаѓаат машините за удирање боксови на кејот? Со други зборови, впечатокот на лице место е сосема различен од тоа што го рекламираме.
 
Со тоа ја заокружуваме првата група :icon_mrgr:
Луѓето кои немаат пасош
Понекогаш, луѓето забораваат дека сè има рок на траење, па така и пасошот. Поради ова, неретко се случува на неколку дена пред планираниот одмор да се соочат со суровата вистина дека планираниот одмор на море ќе мора да го заменат со одмор на езеро. И така, со мислата „Океј, подобро негде отколку нигде“ се упатуваат кон неизбежната алтернативна дестинација.
 
12. Мама и тато не им даваат да идат подалеку од охрид па макар и да требе да платат дупла повеќе оддколку за на море.
 
Tie sto ne izlegle od Makedonijava igraat na kartata - vo Ohrid ke pomineme poeftino nego vo Grcija, Bugarija, Albanija.
Se dodeka ne otidat, nema da znaat
 
или затоа што не им се допаѓаат машините за удирање боксови на кејот? :pos::pos::pos::pos:
 
Особено вторава и третава група се ноу комент.А мислам дека се најмногубројни моментално во нашиов ни таканаречен туристички центар.

Уште една група:Луѓе кои секоја година идат во Охрид,се жалат и критикуваат за се и сешто (бтв,дома се фалат дека супер си поминале) и продолжуваат да идат.
е овие ми се најчудна категорија.
 
Тие спаѓаат во категорија Оптимисти. Се надеваат со секоја наредна година дека ќе си поминат убаво, за разлика од претходната
 
99,9 посто од луѓево на форумов одморот ќе го минат во Охрид.
колку и да плукаат се караат и слично реалноста е таа пари за надвор немаат.
подобро прифатетте си ја реалноста и бидете тивки :pipi::drk:
 
99,9 посто од луѓево на форумов одморот ќе го минат во Охрид.
колку и да плукаат се караат и слично реалноста е таа пари за надвор немаат.
подобро прифатетте си ја реалноста и бидете тивки :pipi::drk:
Тогаш сврсти ме во тие твоите фиктивни 0,1% шо не идат Охрид на „Одмор“.
Бидејќи вие Охриѓани (гледам во профил и ти си), немате развиено осет за туризам, не знаете што им се нуди на туристи, што сакаат тие, не знаете да се однесувате професионално со туристи и најмалце од се’ ви е важно да си заминат задоволни туристите, битно парите да им ги соберите, нудите супстандардни услови за сместување, во импровизирани апартмани, без купатило, кујна... поради сите овие причини и уште милион други шо нема место доволно да ги набројувам (треба реферати да изнапишам), не сум бил 15 години на летување во Охрид и најверојатно и во идните 15 нема да дојдам. А гледам како мене има се’ повеќе од ден за ден.
 
Сместување 400 денари , јадње 600 денари , пиење 200 денари ДА ИМ СЕ МОЧАШ НА ОХРИЃАНИТЕ ВО ЕЗЕРО БЕСЦЕНЕТО:pos: , а ние после се чудевме зш Дојран немат место
 
Тогаш сврсти ме во тие твоите фиктивни 0,1% шо не идат Охрид на „Одмор“.
Бидејќи вие Охриѓани (гледам во профил и ти си), немате развиено осет за туризам, не знаете што им се нуди на туристи, што сакаат тие, не знаете да се однесувате професионално со туристи и најмалце од се’ ви е важно да си заминат задоволни туристите, битно парите да им ги соберите, нудите супстандардни услови за сместување, во импровизирани апартмани, без купатило, кујна... поради сите овие причини и уште милион други шо нема место доволно да ги набројувам (треба реферати да изнапишам), не сум бил 15 години на летување во Охрид и најверојатно и во идните 15 нема да дојдам. А гледам како мене има се’ повеќе од ден за ден.

vo pravo si...najubaviot grad...namesto da bide predstaven kako sto zasluzuva,samite ziteli na ohrid ja upropastuvaat slikata za nego
jas veke nekoe vreme sum zitel na ohrid i mnogu sum razocarana od odnosot na ohrigani sprema svojot grad,koj se razlikuva od ostanatite gradovi kaj nas,ne samo poradi ezeroto.....tuka ke skratam.....dolga tema e,nema kraj
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom